Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Приоритетни проекти

6. Рекреативен центар за Општина Сопиште


Физичко-географските услови на Општина Сопиште се изразито варијабилни при што некои од нив, како клима, растителен и животински свет, се јавуваат како промотори за развој на населбите, други (хидролошко-хидрографски одлики) како инхибитори, додека останатите покажуваат силна променливост и поларизација (релјеф, почва) па влијанието врз населбите зависи од нивната локација. Просторот на општината содржи три физичко-географски микро целини со различни природни услови за развојот на населбите. Општината има речиси 10 000 жители од кои со 26% застапеност се жители до 15 години и 63% се жители во групата 15-59 години. Ваквата состојба наведува на заклучок дека општината има висок потенцијал за развој, висока потреба од креативно користење на времето, како и потреба од рекреативни активности. Во Општината засега нема можности за работа, а истите се многу ограничени и во соседството. Населението во глобални рамки е вработено во дејности надвор од територијата на општината. Како препорака од Работната група на ЛЕАП при анализирањето на можностите и состојбите на општината се истакнува големата потреба од развој на малото стопанство во регионот. За потребата од мали зафати во стопанството се изјаснија и жителите, кои што во 25% се во мислење дека развој на малото стопанство е најитен проблем за решавање, по комуналниот проблем. Затоа со креирање нови центри за рекреација ќе се направи и услов за ваков развој.

Теоретски каде што нема поголеми индустриски објекти во општината, таму нема големо индустриско загадување. Емисијата на гасови е во или под рамките на МДК, а екстериторијалното диспонирање на цврстиот и течниот отпад е вид превентива од директно индустриско загадување. Но очигледен е проблемот со искористениот и надвор од употреба дел од површинските рудници за експлоатација на природни суровини кои што не се рекултивирани. Човечките активности, во поглед на користењето на природните ресурси оставаат црни еколошки дамки на земјината површина. Имено, експлоатацијата на минерални ресурси, без примена на било какви рекултиваторски активности создаде отворена рана на пасиштата и селата во Општината. Поранешен површински коп на кварцен песок на поранешна Стакларница Скопје е во најсеверниот дел на општината, во северозападниот дел на с. Долно Соње. Од поранешната експлоатација на теренот се останати вдлабнатини со нееднакви форми. Со оглед на фактот што рудникот за кварцен песок кај Долно Соње со години е напуштен, истиот претставува нерегуларна депонија на секаков вид отпад и создава услови за нездрави еколошки состојби. Проблемот е стар барем 10 години.

За среќа здравствената слика на населението сеуште е добра. Аномалиите кои се евидентираат се најчесто вродени и се под контрола на матичниот лекар и соодветниот специјалист. Појавата на анемии е резултат на недоволно внесување на соодветни хранливи материи и недоволно практикување на спортски активности. Иако процентот на овие состојби не е алармантен, наша заложба е навремено откривање и итно санирање. Кај бремените жени, заради превенција на анемијата, веќе од петтиот месец се ординираат препарати кои содржат железо и почесто се проверува крвната.



Општа цел


Со овој предлог проект сакаме да го култивираме просторот на напуштениот рудник за кварцен песок кај Долно Соње и да формираме рекреативен центар на Општината во кој ќе се негуваат спортските и друштвените игри за сите жители на Општината, а особено на младите.



Конкретни задачи


Рекреативниот центар ќе има површина од 30 000 м2, опкружена со шумски појас и тревни и грмушести растенија. Центарот ќе биде затворен со мрежа. Внатре ќе се монтираат клацкалки, нишалки, детски лавиринти и мостови, голови за мал фудбал, мрежа за одбојка, трим патеки, клупи и шумска куќа за одмор.



Активности


1. Подготовка на работниот тим за проектот;
2. Конкурс и потишување на договори со изработувачите на документацијата на проектот;
3. Планирање на теренот;
4. Конкурс за изведувачи на работните зафати;
5. Закопување на поставениот инертен отпад со дебел слој на земја;
6. Поставување на слој од хумус од 3 метри;
7. Садење на тревна површина со грмушести растенија;
8. Садење на шумски појас со борова шума и со листопадни дрвја;
9. Подготовка на информативен материјал за промоција на Центарот;
10. Состаноци за проверка на текот на работата на проектот;
11. Завршна фаза на проектот и промоција на истиот.



Опис на досегашните преземени чекори


До сега не постојат зафати во врска со оваа активност, и покрај тоа што постоеле иницијативи последните неколку години.



Опис на очекуваните резултати


Проектот ќе придонесе кон економското унапредување на нашата општина преку остварени можности да се развијат мали стопанства околу центарот, зголемување на туризмот во општината, издигнување на свеста за заштита на природата, развој на спортско рекреативниот дух во општината и урбанизирање на просторот.


|
проект 1 | проект 2 | проект 3 | проект 4 | проект 5 | проект 6 |

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани