Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Приоритетни проекти

4. Туристичко уредување на Пештерата Бозгуни


Пештерата Бозгуни се наоѓа во атарот на село Патишка река оддалечена од Скопје 30 км, на 1150м н.в. Пристапот е со асфалтиран пат и планинарска патека за 20 минути пешачење. Внатрешноста на пешетрата е пространа, со изобилство на пештерски украси со колорит и со минерална вода. Од фауната има полжави, пеперутки, стоногалки, ракови и неколку ендемитни подземни нижи животни. Со оглед на богатството и формата пештерата има услови да биде едукативен центар за луѓето, но повеќе за учениците по природни науки, како и простор за одржување на културни манифестации.


Опис на целта

Потребна е изработка на проект за промоција на пештерскиот регион во туристичко - едукативен центар, заедно со техничка документација за уредување на пешетерата.


Конкретни задачи

1. Подготовка на работниот тим за проектот;
2. Конкурс и потишување на договори со изработувачите на документацијата на проектот;
3. Изработка на следната документација:

· Елаборат за пристапен пат и плато пред пештерата;
· Елаборат за клупи за седење, стражарска куќа, санитарен уред и сл.;
· Елаборат за патека во пештерата за обиколка на сите простории во неа;
· Елаборат за врата, ограда и други заштитни објекти во и вон пештерата;
· Елаборат за информативни табли, паноа, изложбени витрини за мини музеј, патокази;
· Подготовка на информативен материјал за промоција на пештерата во јавноста.


4. Состаноци за проверка на текот на работата на проектот;
5. Сумирање на материјалите и формирање на еден целосен проект;
6. Проценка на реалниот трошок на инвестицијата;
7. Завршна фаза на проектот и промоција на истиот.

Опис на досегашните преземени чекори

Иако регионот на прештерата е добро проучен од страна на спелеолозите, географите и шумари, Општината не поседува техничка документација за уредување на истиот. Кај нас постои само монографија на областа Патишка Река, изработена од Спелеолошкото Друштво “Пеони”. Исто така минатата година, неповрзано со ЛЕАП имаше преговори во Општината за спроведување на ваква идеја во реалност, но без конкретна документација.


Очекуваните резултати

Проектот ќе придонесе кон економското унапредување на нашата општина, зголемувањето на туризмот во неа, издигнување на свеста за заштита на природата, а воедно и кон креирањето нови иницијативи за вработување на нашите жители


|
проект 1 | проект 2 | проект 3 | проект 4 | проект 5 | проект 6 |

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани