Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Проект:
“Советодавно Биро на Општина Сопиште”



Поради интезивниот популациски раст Општина Сопиште има потреба на постојан развој на јавните услуги и функции, поради што се јавува потреба од формирање на служба за информирање и давање услуги преку која граѓаните од оваа општина на полесен начин ќе дојдат до потребните информации, документација, како и насоки за полесно разрешување на проблемите во однос на добивање правен совет и контакт со одредени служби за остварување на правата. 

Низа години Локалната самоуправа се обидува да биде што поблиска со своите жители и што поефикасна во работењето. Сепак, поради немање ингеренци за некои прашања луѓето не беа задоволни од неа. Поради слабиот дотур на информации често општината доцни со свои идеи и проекти, а со тоа и е сиромашна во однос на финансиски средства за спроведување на сите идеи што доѓаат до неа. Досегашниата работа на општината често пати наидуваше на критика од населението кое што троши многу часови во чекање по вратите за да си оствари некое право, или чекање пред 10 врати за да добие информација која најчесто и не е целосна. Општината како локална самоуправа, но и како територија е изолирана информативно од домашните и меѓународните настани, поради што се јавува потреба од ангажирање на соработници за побрз развој на општината за фаќање чекор со развиените општини во земјава и странство.

Градоначалникот сам се информира за трендовите на развој, што со новиот закон ќе биде неминовна работа на некоја од службите за зголемено учество на јавноста во развојот на Локалната Самоуправа. Исто така се јавува потреба од компјутеризација на административните постапки се со цел општината да може да ги превземе ингеренциите од централната власт согласно новиот закон за локална самоуправа.

Генерална цел на овој проект е осовременување на локалната самоуправа согласно новите законски предлози за да може лесно и ефикасно да идентификува, развива и имплементира проекти што во иднина подобро ќе ги опслужуваат граѓаните на Сопиште. При тоа конкретна цел е отворање на Граѓански Сервис Центар за информирање и услужување на граѓаните, како и воведување на стандардизација на службите со следниве задачи:

-помагање на граѓаните во пристапот до информации за работата на органите на општината и процедурите, за да може луѓето навремено да придонесат со свое мислење;

-давање услуги и насоки на граѓаните за полесно разрешување на нивните проблеми во однос на добивање правен совет, контакт со јавен правобранител, упатување кон одредени служби за остварување на правата;

-Преземање на дел од ингеренциите на надлежните министерства/агенции за добивање уверенија и дозволи, преку работа на пилот компјутерски фомулари за електронска комуникација со централната власт;

-Планирање на стратегија за преструктуирање на службите согласно новиот закон;

-Советување на Градоначалникот по однос на трендовите за развој независно од политичките влијанија а согласно барањата на јавноста;

-Зголемување на учеството на јавноста во развојот на локалната самоуправа и унапредување на животот во општината.



Активности во проектот

1. Отворање Граѓански Сервис Центар
* организирање канцелариски простор и изработка на пропаганден материјал;
* ангажирање персонал и ориентациска обука;
* промоција на проектот во јавноста;
* Изработка на акционен план за Центарот.

2. Спроведување на проектни задачи
* изработка на ВЕБ страницата;
* работа на размена на информации и периодични дебати на тема;
* СВОТ Анализа на општината;
* услужување на граѓаните;
* советување на Градоначалникот.

3. Воведување на компјутеризација на обрасците и стратегија за работа на Центарот
* сумирање и анализа на статистичките податоци и работа на работни групи;
* воведување електронски формулари и работа со нив;
* креирање бизнис план за Центарот.


4. Партнерски состаноци, организирани периодично помеѓу лидерот и партнерот во проектот. 


Очекуваме проектот да придонесе кон:

* зголемена ефикасност на општината во нејзино планирање на целокупниот живот во заедницата;

* отвореност на општината кон мислењето на граѓаните и зголемување на довербата и учеството на граѓаните кон локалната самоуправа;

* зголемени ингеренции на општината во однос на управувањето на својата заедница, за сметка на централната власт;

* воведување на нова пракса на работа во локалната самоуправа;

* дизјнирани повеќе проекти за развој на општината од соработката на владиниот, стопанскиот и невладиниот сектор.


Проектот е партнерски проект помеѓу Општина Сопиште и невладината организација ОРТ - Здружение за обука, информации и одржлив развој, финансиран од ЕУ ФАРЕ Програмата за развој на локалната самоуправа. Проектот започна на 21.05.2003 година и ќе трае 12 месеци. 

Овој проект е пример за промените настанати во општина Сопиште, кои што граѓанинот го ставаат во центарот на вниманието и кои донесуваат еден нов однос кон граѓаните третирајќи ги како нејзини клиенти во пазарно стопанство. Придобивките се големи и за унапредување на организациската шема на Локалната самоуправа и за поддршка на жителите на Сопиште. Со овој проект може да се воведат нови работни тактики, нови работни места, ќе се развие стопанството и културата и ќе се подобри комуникацијата со светот.


Советодавно Биро на Општина Сопиште
ЕУ ФАРЕ проект за развој на локалната самоуправа
Аn ЕU-funded project managed by the Еuropean Аgency for Reconstruction

Контакт:
тел/факс (02) 2742-292
sovetodavnobiro@sopiste.gov.mk

Симни брошура

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани