Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Спорт


Во рамките на Општина Сопиште се одржуваат неколку спортски активности.

Секоја година по традиција се организираат три фудбалски турнири, а истите меморијални, т.е. посветени на личности кои придонеле за спортот во општината. Првиот турнир турнирот се одржува веќе 16 години по ред и е прераснат во еден спортски настан за што говори и големиот интерес за пријавување на екипи од различни краеви на Скопје, па и пошироко. Се одржува за време на Илинденскиот празник односно на 2-ри август, а е во чест на Владо Тодоровски кој работел како наставник по физичко образование во ЦОУ “Драга Стојновска” кое се наоѓа во рамките на Општината Сопиште. Оттука, покровител на овој турнир во мал фудбал е општината. Вториот меморијален турнир претставува исто така еден вид спортски спектакл, но е со помлад карактер и се одржува во чест на покојниот Бранко Богдановски кој својот живот го загуби несреќно и прерано. Турнирот се организира од страна на неговите пријатели и роднини, а е потпомогнат со одредени средства и од страна на Општината Сопиште. Третиот меморијален турнир се одржува во чест на починатиот спортист Бранко Ѓуровски кој беше врвен фудбалер кој активно се занимаваше со фудбалот на терените на ФЦУ од Кисела Вода каде и го остави својот последен миг од животот. 


Во рамките на спортските активности, на територијата на општината веќе четири години постои и одлично напредува фудбалски клуб кој настапува во регионалната лига и кој е составен од млади таленти, а кои потекнуваат од истиот крај. Клубот е финансиран од страна на општината. Во текот е и изградба на игралиште кое ќе го користи истиот клуб за тренирање, но и за одржување на натпревари.


Во Општината исто така се одржуваат и други спортски активности, т.е.пет години по ред на територијата на општина Сопиште се одржуваа мото трките, а кои беа со меѓународно значење и на кои учество земаа многу натпреварувачи од сите земји на Балканот па и речиси од цела Европа. Но, поради некои нејасни услови денес трките се преместени на друго место во држвава. 

Во месноста Брезница, која спаѓа во рамките на Општината, се одржуваат и брзински трки со коли и мотоцикли околу средината на месец јули секоја година, и кои секако ќе продолжат и понатаму да се одржуваат. 


Од спортските активности посебен респект заслужува и карате клубот “ШОТОКАН - Рју Казе - ха карате - до клубот ТАИЏИ КАЗЕ” кој отпочна со работа, т.е. својот прв тренинг го одржа на 12. 11. 2002 година. Клубот е основан на иницијатива на г-дин Љубиша Јовановски градоначалник на општината Сопиште, и селекторот за кати на сениорската репрезентација на Македонија, носител на 7 дан ШОТО КАН – РЈУ, г-динот Живко Тасевски, кој во моментов е и главен тренер на ШККК Таиџи Казе. Едни од првите членови на овој карате клуб се и браќата Александар и Филип Крстевски. Речиси неполна година од неговата работа низ клубот помина околу 40-тина членови од кои во моментов активни се само околу 15-тина деца кои го засакаа карате спортот и кои и понатаку ќе ја изучуваат вештината на ПРАЗНАТА РАКА. 


Клубот своите тренинзи ги одржува во општинската сала, каде со помош на градоначалникот Љубиша Јовановски и тренерот Живко Тасевски се направени идеални услови за тренинзи. 

Реномето на клубот може да се види и преку неколкуте освоени медали и дипломи за освоени места на натпреварувања. 

Традиционално меѓународно натпреварување ЈОШИТАКА ОПЕН 2003 год. каде Илија Петровски го освои III – место индиректно и III – место тимски, па Дејан Димчевски кој освои III – место тимски, понатаму Здравко Јовановски кој го освои III - место тимски и Александра Крстевска која го освои III – место индиректно


ОПЕН БЕРОВО 2003
каде беа постигнати следниве резултати:
I - МЕСТО КАТИ ИНД. ИЛИЈА ПЕТРОВСКИ
III - МЕСТО КАТИ ИНД. ДЕЈАН АНЧЕВСКИ
III - МЕСТО КАТИ ИНД. АЛЕКСАНДРА КРСТЕВСКА


Тренинзите на карате клубот се одржуваат во вторник од 19 - 20:30 часот, како и среда и петок од 17 - 18:30 часот. Во истите денови и термини се врши и упис на нови членови. 

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани