Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Образование


ЦОУ “Драга Стојановска” е изградено во далечната 1932 година, а под него егзистираат едно централно и единаесет подрачни училишта, од кои три територијално и припаѓаат на Општина Студеничани. Во рамките на територијата на општина Сопиште, во Припор се наоѓа и подрачното училиште “Круме Кепески”. 


Настава на македонски јазик од прво до четврто одделение се одржува во училиштата во Сопиште, Добри Дол, Долно Соње и Малчиште, додека пак настава на албански јазик се одржува само во училиштето во Света Петка. Настава на македонски јазик од прво до осмо одделение се одржува во училиштата во Ракотинци, Цветово, Елово и Дражилово, додека пак настава на албански јазик во училиштата во Чифлик, Патишка Река и Црни Врв.


Во учебната 2003/2004 година запишани се 61 паралелка. За поттик е фактот дека од 2000 година па наваму, во рамките на училиштата се организираат и забавишни групи. Оваа учебна година запишани се 6 забавишни групи од кои по три на македонски и по три на албански јазик. Во рамките на секое од училиштата постојат и училишни секции и тоа музичката секција, т.е. хорот, литературната, еколошката и ликовната секција. Сепак, најатрактивна, поради високите постигнати резултати на републично ниво, е одбојкарската. Овие секции покрај неделно предвидените часови одржуваат уште и по четири часа дополнително.


Раководењето на училиштето спаѓа под раководниот орган, т.е. директорот. Во секое училиште постои раководен наставник кој од 25 до 30 од секој тековен месец е должен да поднесе Извештај за работата на училиштето.


Како резултат на финансиската подршка на Светската Банка, училиштата во с.
Долно Соње и с. Добри Дол извршена е целосна реконструкција по европски стандарди. Преку фондацијата ЦРС, училиштата се помогнати со нагледни средства и помагала како што се: компјутери, принтери, видеа, телевизори, системи, фотокопири, графоскопи.


Оттука, праксата покажала дека ЦОУ “Драга Стојановска” може да се пофали како добро организирано училиште кое во оваа учебна 2003/2004 година ќе едуцира 1180 ученици, при што запазувајќи и исполнувајќи ги основните потреби за квалитетно образование. Следна зацртана цел која училиштето ќе се труди да ја постигне е спроведување на организиран превоз за учениците

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани