Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Историја на општината


Развојот на општина Сопиште се случил без никаква регулатива. Во блиското приградско подрачје на Скопје, се развивала како периферија на големиот град, без сериозни стопански активности, практично најмногу само за живеење во мали куќи. Во внатрешноста, развојот со векови одел на традиционално ниво, како типично селски населби. Претходно, до раните '60-тти години, Сопиште припаѓало на Општина Ракотинци, а од 1977 година на град Скопје (под Општина Кисела Вода).

 

На 14 септември 1996 година, врз основа на Законот за територијална поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на Локалната Самоуправа објавен во Службен весник на Република Македонија број 49/96, формирана е Општина Сопиште како единица на локална самоуправа. Истата распространета е во централниот дел на територијата на Република Македонија со површина од 223,53 м2. Географски, општината го зафаќа југозападниот дел на Скопската Котлина, долж реката Маркова Сушица и нејзиниот спој со реката Треска, а под падините на Водно.

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани