Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Култура


Секоја година на 11 мај, по повод патрониот празник на ЦОУ “Драга Стојановска”, во општина Сопиште се одржува приредба од страна на учениците на ова училиште, а која е масовно посетена од целото население. Наставниците заедно со учениците се трудат секоја година манифестацијата да ја направат поинвентивна, а во што и успеваат. 

Исто така, минатата година од страна на ова училиште беше спроведен проектот “Дојдете во патики” чија што цел беше претставување на чиста и здрава животна средина.  


Во рамките на културниот живот во општината егзистира и фолклорното друштво “Оро”. Ансамблот “Оро” е формиран во 1996 година од страна на тројца љубители на фолклорот.На почетокот броеше 5 - 6 членови, работеше во просториите на средното училиште “Раде Јовчевски - Корчагин” - Скопје, не поседуваше ниту инструменти, ниту гардероба, а имаше мала посетеност од страна на децата. 


Постепено, набавени се инструменти, зголемен е бројот на членовите, а обезбедени се и оригинални носии за пет-шест кореографии. За период од една година ансамблот формираше музичка секција од млади музичари и пеачка група, со што прерасна во уметничко друштво. Тука се е и првите концерти со Домот на АРМ, па концертите во другите градови низ земјава. По година дена од формирањето на ансамблот, бројот на неговите членови ја надмина бројката од сто (100) членови и истиот започна со свое учество на меѓународни фестивали со ревијален и натпреварувачки карактер во Србија, Украина, Турција, Бугарија и Романија, стекнувајќи се со интернационално искуство, при што освоени се неколку награди и остварени се значителен број соработки со други уметнички дрштва по принципот на реципроцитет. 



Колку за илустрација, на гостувањето на меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер во Турција, поделено е првото место со најголемите конкуренти - Козаците од Русија, но во однос на дисциплината и убавите носии освоено е местото пред нив. Во Украина пак, добиена е награда за кореографија, дисциплина и добро однесување.


За потсетување, во текот на оваа година децата од оваа општина кои членуваат во ОРО, а се на возраст од 8 до 13 години, учествуваа на големиот интернационален фестивал во Сливен, Бугарија каде облечени во носијата Повардарие претставуваа главна атракција за медиумите. 



Имајќи предвид дека Општина Сопиште има добри услови за едно фолклорно друштво, остварен е контакт со градоначалникот на општината и претседавачот на Советот, од кој контакт произлезен е договор за отстапување на салата на општината без надомест за потребите на друштво. Од тренинзите досега се произлезени голем број на играорци. Играорците, пак, над 17 години настапуваа на големиот фестивал во Сомбор каде се претставија со игрите Тресеница, Источно и Калајџиско оро и каде во конкуренција на голем број играорци од Србија и Црна Гора покажаа голем успех. 

Ансамблот “ОРО” е отворен за соработка, а сите заинтересирани можат да остварат контакт секој Вторник и Четврток од 18 до 19 часот во салата на општината.

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани