Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Здравство


Во општината Сопиште има две амбуланти, и тоа во Ракотинци и во Јаболце. Од нив, активна е амбулантата Ракотинци, а како помошна секој вторник се користи и активната амбуланта во Цветово (Општина Студеничани). Амбулантата Јаболце не работи заради значително намалениот број на пациенти (голем број од населението е преселено) и заради намалениот број на новороденчиња. 

Патронажната посета и вакцинацијата, како и систематските прегледи се изведуваат на терен. Најголема оддалеченост на населено место од амбулантата е 40 км.


Екипираност на амбулантата

Вработените во амбулантата Ракотинци комплетно ја спроведуваат превентивната здравствена заштита преку:
·Патронажна посета на бремени жени, леунки и новородени деца до 6 годишна возраст;
·Вакцинација и систематски прегледи на предшколски и школски деца.

 

Куративната здравствена заштита се одвива во амбулантски услови според потребите на пациентите. Службата за домашна посета е поврзана со Поликлиниката “Јане Сандански” - Скопје и ги задоволува потребите на населението на општина Сопиште. Од пред две години амбулантата во општината е реновирана и опремена со нов мебел и медицински инструментариум. 

 

На територијата на село Сопиште постои и приватна стоматолошка ординација која започна со работа во 2000 година. Истата работи од понеделник до сабота со полно работно време.

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани