Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

контакт

ПРЕДГОВОР

Психолошките операции не функционираат како другите видови на пропагандно делување. Иако операциите ги користат сите форми што се познати на пропагандата и како основа ги користат и сознанијата на општествените науки како социологија и психологија. Психолошките операции како специфика ја поседуваат строгата скриеност на намерата, односно секогаш се перфидни и многу суптилни. Овој пример е даден за полесно да се разбере како функционираат психолошките операции при постигнување на нивната крајна цел, промена на однесувањето и менталитетот на поединци и народ.
Не е претерување ако се каже дека преку психолошки операции може да се изведе и најневозможното да стане возможно. Доколку се вложат доволно напори, време и се подразбира, пари. Овој пример ќе ви го опише начинот на кој може, односно начинот на кој се врши промена на даден начин на однесување (менталитет) на поединец, група или народ. Примеров е земен како показател бидејки една специфика на општествено уредување, на дадено општество се напаѓа преку кршење на практикувањето на правилата на самото општество. Сето ова се прави за да се создаде одредено, однапред исланирано, наведено чувство кај припадниците на таргетираното општество кон своето општество. Преку ваквото ангажирање треба да се наведат таргетираните да ја растурат кохезијата и соработката помеѓу себе, да се доведе општеството во поблага или посилна конфронтација помеѓу припадниците кои „новиот“ начин на однесување го прифаќаат и на тие кои не го прифаќаат и да се подвојат во помали, полесно контролирани групи. Овде се гледа основната задача на пропагандата „подвојување на НИЕ и ТИЕ“.

АЛКОХОЛ ЗА МУСЛИМАНИ

Нашироко е познато дека муслиманската вера не гледа со блаконаклоност кон алкохолот. Најчесто при разговор со поединец кој ја практикува муслиманската вера на тема конзумација на алкохол се добива негативен и одбивен одговор кој наликува на некаков отпор, нарочито кај тие кои знаат подобро. Овој начин на комуникација исто така ја отвара темата за понатамошно дебатирање.

Добро испланирана и со добар публицитет изведена кампања за „полезноста“ на конзумирањето на алкохол во таргетираното, муслиманско општество, не мора да го смени начинот на размислување кај многумина. Битното тука е што ќе се создаде, во најмала рака, чувство на амбивалентност, односно силата со која се осудуваше конзумирањето на алкохол сега веќе не е толку јака. Големиот дел од отпорот е намален. Следната фаза во зацврстувањето на наведеното, изманипулираното, вештачки создадено „ново гледиште“ е да се натераат припадници од таргетираното општество отворено да конзумираат алкохол во јавноста како потврда дека се прифаќа „новиот“ начин како „модерен и пореалистичен“ Ислам. Ваквите лица може да се и агенти-агитатори на самиот оператор на психолошките операции. Поддршката од неколку добро платени колабористи би била од голема корист. Истовремено преку сите видови на општествена  комуникација, јавните медиуми, би се прикажувале тие лица кои конзумираат алкохол воедно и потврдите од колабористите како стручњаци. Би се направиле специјални видео клипови и новински стории кои овозможуваат однапред создаден заклучок за да биде „голтнато“ од публиката (види Заедничка Кочија).

Користењето на колабористи му овозможува на операторот да се стекне со, социолозите и психолозите го нарекуваат, лажен авторитет (види Потврда од авторитет). Ова всушност значи веќе е стекнат впечатокот дека изворот на информациите кои го поддржуваат новиот начин на однесување се високо квалифувани и треба да им се верува. Истовремено, овие активности, му нудат можност на операторот да ги елиминира, за него, негативните стереотипи кои постојат во таргетираното општество и да го намали отпорот кој би се појавил против „модерниот“ начин на однесување. После редовната изложеност на „вистински“ примери на „модерно“ однесување членовите на таргетираната популација многу послабо би го осудувале таквото однесување. Доколку, сепак се појави осуда тогаш таа би била сфатена како лична навреда која се нанесува врз припадниците на сопственото општество, а може тоа да биде и врз одреден лидер во тоа општество.

На крајот од операцијата, операторот би создадал силна кампања против најупорниот дел од таргетираната популација која пружа отпор. Специјално создадени телевизиски спотови, новинарски коментари, наместени дебати, маици и друго со содржини која ги исмејува тие кои се спротивставуваат (види Нарекување) би ја намалила нивната сила истовремено зголемувајки ја убеденоста кон „новиот“ начин на однесување. Тоа ќе го сведе преку поврзување на тие кои се спротивставуваат со непопуларни или „назадни“ каузи. Можно е, едноставно, да изведе состојба каде што тие лица би биле цел на исмејување и би биле одбиени како назадни, неинтелегентни, заостанати.

Резултатот од ваквото делување, покрај тоа што повеќето од возрасните би си ги задржале основните, оригиналните верувања, е тоа што младите нема да ги чувствуваат придонесите кои ги пружа неискомромитираното општество. Ланецот на авторитет се уништува и традицијата исчезнува, а со тоа се отвара вратата на сите девијантни појави кои се појавуваат во едно општество.

 

Психолошки операции кај нас

ПРИМЕРИ:
Алкохол за муслимани

Нафта на месечината

Шпиуни и саботери

Измама како наука

Групна свест

Пропагандистот и неговите агенти

Општествена контрола на пропагандата