|
|
ОПШТЕСТВЕНА
КОНТРОЛА Без да се навлезе во авторитарност или можеби дури и диктаторство, строга контрола на пропагандата не е возможна. За да се контролираат негативните појави од проширена пропаганда која има за цел да заслабува или манипулира во погрешен правец дадено општество, потребно е да се преземат дадени активности кои би биле во полза кон информирање на населението како функционира, како се шири и како влијае пропагандата. Од рана возраст во образовните институции во општеството децата треба да се учат независно да размислуваат и да донесуваат заклучоци засновани врз аргументи. Развивањето на способноста да резонираат би се докомплетирало во понатомошното школување со запознавање со филозофските науки, етиката и моралот кои се битни елементи во здравото општествено живеење. Ваквата практика на школување создава индивидуи кои ситематски размислуваат наместо емотивно да прифатат неаргументирани заклучоци во зависност од начинот на пласирање на самите информации. Во демократско општество се подразбира дека секој има право на свое мислење. Исто така секој има право да бара и да стекнува свои истомисленици. Значи, во демократско општество не е забрането да се врши пропагирање на идеа. Во такво општество населението е слободно да пропагира или пак да се бори против одредено пропагирање со мирни противпропагандни средства. Ваков услов на борба од повеќе идеи е во основа добра бидејки најдобрата идеа би испливала на површина. Во реалноста е сосема поинаку, властите, посебно авторитарните власти, се стремат кон високо професионална образованост на своето население. Тие ја запоставуваат интелектуалната компонента која е основен промотор на критичката мисла која е најсилната одбрана од тенденциозно пропагандно делување. Со присуството на критичката мисла кај населението би било многу тешко политичарите, пропагандистите или други општествени манипулатори да се постават над општеството и да го држат во контролирана состојба сопственото население. Секој поединец во интелектуално надграденото општество или најголемиот дел од населението би било способно да создава заклучоци за сопственото и општественото добро и да ги прифаќа пласираните идеи со критичка мисла преку аргументи наместо емоции. Реалноста во глобални рамки е поголемиот дел од населението да не е способно само да се заштити од искривени информации, заеднички кочии, агитации и други техники креирани за манипулирање кои ги користи пропагандата. Ваквата реалност им налага на властите во државите да формираат посебни институти за следење на движењата на општествениот менталитет. Преку рамките на веќе постоечкиот економски, духовен, културолошки и традиционален поредок овие институции ги следат движењето и однесувањето (менталитетот) на населението. Доколку се случуваат нагли промени предизвикани од разни дејства тогаш институцијата реагира со јавно искажани извештаи. Можно е на такви институции да им се даде право и противпропагандно да реагираат со мирни или агресивни дејства спрема пропагаторот. Не е исклучена и цензурата на одредени информации. При вакви институции полезноста е повеќекратна, но се поставува прашањето на кој начин и како да се контролираат тие кои контролираат? Кој би бил надлежен и како би се спроведувала цензура и врз кои видови на информации? Како да се заштити самата институција од пенетрирање на агенти или колабористи? Премногу прашања, премалку одговори. Заштита од малициозна пропаганда преку легислативни методи е истотака пожелно, но тешко остварливо без да се навлезе во скратување на слободата на говорот. Дупки во законите, агенти, лажни организации и други методи би се користеле за да се отвори патот за пролиферување на штетни идеи. Истовремено би се појавил и проблемот кој тоа ќе биде во можност да одлучува што претставува, а што не претставува малициозна пропаганда. Сепак, покрај се, доколку постои некаков закон, ќе постои можност да се казнат учесниците на малициозните практики. |
Психолошки
операции кај нас
ПРИМЕРИ
Шпиуни и саботери
Пропагандистот и неговите агенти
Општествена контрола на пропагандата |