|
|
ПСИХОЛОШКИ
ОПЕРАЦИИ Македонскиот народ поседува свои специфичности, впрочем како и секој друг народ. Една состојба која ја поседува како специфика нашиот народ, но ретко се наоѓа кај другите народи, е бројот на народи кои се неблагонаклонето настроени кон нас, да не кажам непријателски настроени. Најблаго речено, нашето постоење како ентитет им пречи во нивните интересни сфери, било да се економски, национални, територијални, односно што и да е, ние им сметаме. Во 1947 год.
Грција успеа да исчисти од еден (нашиот) народ голема површина на (наша)
територија со воени дејства. Денес таквото „чистење“ се нарекува геноцид.
Верувам дека ќе се согласите со мене дека се уште постои желба од страна на
Грција нас да не снема, да исчезниме. Се подразбира дека и останатите наши
„мили и драги“ соседи незванично ја поседуваат истата желба. Нивниот интерес
денес не може толку лесно, или ако сакате крваво, да се спроведе затоа
што пред нив се поставува прашањето: Одговорот на ова
прашање е: Секоја држава има свои институции кои го штитат сопствениот народ од психолошки операции (напади) кои се со намера да го променат менталитетот на народот. Воедно, истите тие институции водат грижа за духовниот развој на својот народ. Кај нас ... Нешто не е во ред! Дали нашите институции се инфилтрирани од агенти или се со политички поставени неспособни кадри, постои можност и самите вработени да се „поволно“ индоктринирани, а можно е и тоа таквите институции да не постојат кај нас. Со оглед на масовната игноранција која постои во народот за оваа тема и не би било чудно. Во разговори со компетентни лица во областа на социологијата и психологијата сум дошол до застрашувачки заклучок: Тие што се задолжени да не штитат и да ја разобличуваат пропагандата која влијае врз промена на менталитетот на народот, многу површно и неуко му приоѓаат на овој голем проблем кај нас. Кај нас, за жал сеуште не се сфаќа, сериозно, нераскинливата поврзаност на менталитетот на народот и насоката на развојот на самото општество и неговата држава. Ако малку подобро размислите што доведе до ваква масовна ерозија во сите сегменти на нашето општество, одговорот ќе го најдете во променетите ставови и вредности на луѓето, а токму тука се гледа променетиот менталитет. Пропаганди од дејство, веќе изведени заклучоци (изџвакани информации кои треба само да ги голтнете), заеднички кочии. Се што тие ќе сервираат ние го прифаќаме како апсолутна вистина без критичко размислување. Некогаш несвесно, а почесто неодговорно, со доза на себичност, според личниот интерес на поединецот, нашите постапки резултираат со последици кои подоцна се појавуваат и ги трпиме како поединци и како народ воопшто. Резултатот на пропагандното делување и ситематската манипулација е целосниот распад на македонското општество, разнебитување на македонскиот народ и македонската држава и тоа практично со неиспукан куршум. Најверојатно, самите ние ќе треба себеси да се уништиме откако ќе „сфатиме“ дека „не не бидува“ како народ. Конфликтот со слаб интензитет кој некои нестручно или намерно го нарекуваат војна, што се случи кај нас, беше всушност уште еден емотивен ефект и служи како наводен доказ дека не сме способни како народ да имаме своја држава. Рамковниот договор кој се случи потоа поседува двојна улога. Од една страна се постигна половична цел (ни го одзедоа националниот карактер на државата), а од друга страна се создаде уште една потврда на нашата „неспособност“ како народ. Мошне успешно извршена, дополнителна, психолошка операција. Но немојте да се лажете, конфликтот со слаб интензитет беше воедно производ и експеримент. Експеримент со кој можеше да се видат резултатите од досегашните активности. Според мене, добро се покажавме. Од една страна се покажува дека тешко се индоктринираме, од друга страна ... добиените податоци ќе служат за понатамошни операции. Опасноста од операциите кои ќе следат, не се состои толку во нивната перфидност и суптилност колку во нашата неотпорност кон нив. Тие кои се задолжени кај нас да ги превенираат и сузбиваат ваквите дејства, бидете сигурни, не поседуваат знаење ниту пак желба да делуваат. Доколку пропагандните шеми не бидат препознаени и разобличени, резултатите од нивното делување ќе бидат поразителни за нас како поединци и општество во целост, без оглед дали живеете во колиба или замок. |
ПРИМЕРИ :Алкохол за муслимани Нафта на месечината Пропагандистот и неговите агенти Општествена контрола на пропагандата
|