Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПОТВРДА ОД АВТОРИТЕТ

   Оваа техника е всушност цитирање на авторитети, стручни лица или експерти. Во ред е да се бара мислење од лица кои го посветиле својот живот проучувајки и истакнувајки се во дадено поле на експертиза. Тоа што не е во ред е можната злоупотреба која може да се изведе при систематска манипулација. Да напоменам дека Хитлер користел авторитети да ги потврдуваат неговите тези за наводната супериорност на германскиот народ и да ја докаже инфериорноста на другите народи.

   Неретко слушаме вести или читаме статии каде што се повикуваат на мислење од стручни лица, експерти или авторитети. На сите ни е познато фразата: "Експертите се согласуваат...", Истражувањата покажуваат..." итн.

   Едноставно може да се пролиферува било каква идеа со самото повикување на изјава од некаков авторитет. Оваквото слепо верување на "авторитети" е логичка заблуда. Доктор е стручно лице по медицина но не е стручен во други полиња, впрочем доколку доктор изјави дека кафето е штетно, на пример, бидете сигурни дека ќе се јави друг доктор кој ке изјави дека не е. Овие изјави се директно поврзани со тоа кој кого плаќа. Истото е за цигарите, алкохолот, верувале или не и историјата, односно скоро се во животот. Во рекламите, би им верувале ли на глумците облечени во докторски мантил ако ви велат дека пушењето не е штетно или дека е здраво да користите дрога но само повремено.

   Тогаш откаде толку доверба поседуваат авторитетите? Направен е еден експеримент во полето на социологијата за да се докаже постоењето на оваа заблуда. Експериментот беше поставен така што еден од испитувачите бил облечен во мантил и даваше сигнал на испитаникот да зголемува волтажа како казна за неточно одговорено прашање каде што одговарал на прашањата друг испитувач. Се подразбира испитувачот кој наводно ги добивал елетрошоковите глумел кога требало да се добие електрошок. Значи за неточно одговорено прашање следува електрошок. Испитаникот е тој кој ја зголемувал волтажата а друг испитувач му потврдувал тоа да го прави. И покрај тоа што зголемувањата на волтажата во еден момент достигала дури и до степен каде што би предизвикала смрт испитаниците охрабрени од "авторитетот" сепак ја зголемувале волтажата. Дури цели 70% од испитаниците ја поминале безгрижно границата предавајки ја сопствената одговорност на авторитетот и без размислување продолжувале да ја зголемуваат волтажата над максимално дозволеното ниво.

   што докажува овој експеримент? Докажува дека луѓето со радост ја предаваат својата одговорност на авторитет. Всушност и не е потребен експеримент за да се докаже ова. Во историјата постојат безброј примери каде сопствената одговорност се предава на друг. Психоло-шката основа за оваа појава е во нивото на инстинктите кај човекот, но ова не е сега за расправање.

   Едноставно кажано, техниката Потврда Од Авторитет функционира и тоа ефикасно. Доволно е авторитет да изјави нешто и едноставно се прифаќа изјавеното без двоумење, размислување или прашање.

Назад