Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

контакт

ГРУПНА СВЕСТ

Припадноста на одредена група наметнува кај припадникот одредени стандарди на однесување. Очекувањата и стандардите кои ги поседува самата група, ги наметнува на припадникот на таа група тие одредени веќе устоличени начини на однесување и самото придржување кон овие начини на однесување носи со себе припадност кон групата.

Без оглед дали пропагандата се користи за да се промени одреден став или однесување или се користи за да се натера таргетираната публика да реагира соодветно на лажни информации, клучна улога во успехот на која било кампања игра манипулацијата на групната свест (менталитетот). За каков било успех при обид за промена на однесување или менталитет на одредена група потребно е да се нападнат веќе устоличените начини на однесување на таргетираната група. Друг начин на делување би бил обидот и евентуално успехот да се создаде слика дека во групата се случуваат значајни промени кога всушност нема никакви. Како и да се извршува операцијата намерата е една, да се промени начинот на однесување на припадниците на групата преку вештачки создадениот впечаток дека групата природно ги променува своите стандарди и очекувања.

Современиот пропагандист мора да поседува социолошки и психолошки информации како таргетираната група раеагира на различни случувања, ситуации и слики кои влијаат секојдневно врз однесувањето на таргетираната група. Истовремено тој мора да ги открие препреките кои би го спречиле прифаќањето на новите форми на однесување откако ќе се разнишат веќе постоечките. Воедно потребно е при активноста да се минимизираат негативните последици кои би настанале кај припадниците на таргетираната група кои ги следат предлозите промовирани од кампањата. Исто така, потребно е, поради зацврстување на ново предложениот начин на однесување да се воспостави систем на „психолошки награди“ на лицата кои го практикуваат. Како најбитен елемент во една кампања за промена на однесување или менталитет, покрај финансискиот дел, е време. Промените во однесувањата доколку бидат доволно нагли за да се забележат сигурно ќе бидат неуспешни. Секаков обид за промена мора да биде долготраен. Тенденцијата тука е да се навикне умот со редовност и рутина. Причината за тоа е што ние како луѓе ретко даваме важност на настани и случки кои се повторуваат и нашиот ум не забележува маргинални и постепени промени.

 

Психолошки операции кај нас

ПРИМЕРИ:
Алкохол за муслимани
Нафта на месечината
 

Шпиуни и саботери

Измама како наука

Групна свест

Пропагандистот и неговите агенти

Општествена контрола на пропагандата