|
|
ПРОПАГАНДИСТОТ И НЕГОВИТЕ АГЕНТИ При пропагандни кампањи се практикува користењето на агенти. Во вакви случаи вистинскиот вршител на пропагандната активност останува длабоко скриен, заедно со неговата вистинска намера. Ваквата практика на спроведување на пропагандните активности е поповолна. Доколку власта ја прекине пропагандната активност и го фрли зад решетки „пропагандистот“ тогаш не направила ништо друго освен што „заклала само жртвеното јаре“, агентот. Дури и во послободни услови на работа, во зависност од посакуваната цел, пожелноста за вистинскиот оператор да биде длабоко скриен е повеќекратна. Исто така користењето на локални агенти е повеќекратна, бидејки можно е операторот на пропагандните активности да не го знае јазикот на таргетираното население, неговите обичаи, културолошки, расни или верски чувства. Преку, на пример, финансирање на локално радио или телевизиски канал пропагандистот би можел дури и да создава програма, музика и вести кои би одговарале на неговата агенда, а истовремено сето тоа да изгледа како да излегува директно од локалното, популарно мислење. Исто така, финансирајки, особено, во невладиниот сектор, тој би ја имал можноста директно да влијае врз локалното мислење, но и да создава лажни авторитети по негова волја. На крајот како врв на неговата активност би можело да биде и создавање на „лидер или лидери“ во самото таргетирано општество кои би ја работеле по неговата агенда. За комплицирана, масовна и современа кампања потребна е цела екипа на луѓе кои се широко остручени во историја, психологија и општествените науки, воедно тие лица треба да поседуваат и практично искуство во односите со јавноста. Користењето на вака обучени лица можно е да создаде голема недоверба кај таргетираните. Заради ова е неопходно планерите да се држат во позадина, а во преден план, во јавноста да се промовираат тнр. тројански коњи, лажни авторитети и лажни лидери кои полесно би ја добиле довербата на таргетираното население. Во секое општество, така е и во нашето, лидерите на тоа општество играат голема улога во самиот живот на тоа општество. Социо-психолошките истражувања го докажале ова преку анализи на општества кои биле многу пасивни се до моментот кога некој квази парентален лидер кои тие го почитуваат не ги разбуди со некаква идеа. Знаете, многу е тешко да се замисли психо-аналитичкото движење без Фројд, нацизмот без Хитлер, комунистичкото движење без Ленин или во нашиот случај југословенството без Тито. Сепак, овие лидери беа вистински, не беа лажни тројански коњчиња, измислени и спакувани од имиџ мејкери. Во ера каде што се спроведуваат масовни истражувања на јавното мислење и со помош на имиџ мејкерите и магичната моќ на телевизијата, денес, е многу лесно да се промовираат тројански коњчиња. Значи, лажни општествени лидери кои би имале големо влијание во самото општество при избори или при промена на начините на однесување на таргетираното општество. Денес постојат 4 основни состојки на професионално извршена политичка и пропагандна кампања: 1. Анкета 2. Процесирање на добиените информации 3. Создавање на имиџ 4. ПАРИ Преку анкетата се дознаваат веќе постоечките верувања на населението, потоа се врши анлиза на добиените информации за да се стекне познавање на ставовите. Преку добиените сознанија се создава имиџ на лидер кој е направен специјално, според веќе постоечките желби на населението. Следната фаза ги инволвира огромните суми на пари кои се трошат за продавање на производот на народот, односно преку телевизиите, радијата, весниците и платените агитатори низ народот, на теренот, се создава имиџот на идниот „лидер“ на населението. Како пример за веќе кажаното ви го претставувам јавното обраќање на некојси Золтан Ференци, претседател и гувернерски кандидат од Демократската партија на државата Мичиген, САД во 1970 година: „Кандидатот веќе стана релативно небитен се додека може да биде контролиран. Кандидатот мора да биде доволно паметен за да биде во можност успешно да ги извршува наредбите кои му се дадени, но не премногу паметен, бидејки ќе биде во состојба тој самиот да поттикне контроверзни и непопуларни идеи кои би ја уништиле внимателно изработената кампањска стратегија“. Несомнено е, при појавата на вистински лидер, оваквите, создадени лидери, дефинитивно паѓаат. Сепак, доколку пропагандистот создаде информативна хегемонија во таргетираното општество тогаш и самиот Исус Христос да се симне не би можел да се претстави како лидер пред таргетираното општество. Вака е бидејки лажните авторитети би го сатанизирале, а на купените медиуми не би им било допуштено да и го прикажат на јавноста во вистинско светло. |
ПРИМЕРИ :Алкохол за муслимани Нафта на месечината Пропагандистот и неговите агенти Општествена контрола на пропагандата
|