Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

контакт

ПСИХОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ

Психолошки операции се планирани дејства со кои се лиферуваат селективни информации и вештачки изведени заклучоци до популација врз која треба да се влијае врз нивните емоции, мотиви, објективно резонирање, односно делумното или целокупното однесување. Целта на ваквото делување може, во зависност од потребите да биде народ, група или индивидуа. Се користи во сите аспекти на војувањето, како оружје чие ефикасно делување е ограничено само во делот на способноста на самиот операторот. Како оружје е докажан донесувач на победи во воени и мирновременски услови и се рангира во неубиствени средства на војувањето.

Најчесто користење денес на ова оружје е во политичкото војување, во делот за промена на мислењето или целокупниот начин на однесување на даден народ, група или индивидуа. Доколку мислењето или менталитетот на одредена таргетирана популација не се согласува со интересот на корисникот на психолошките операции тогаш се пристапува кон користењето на ова оружје. Создавање на поддршка кон корисникот или пак деморалисување на таргетираната популација е сеедно, овој вид на делување опфаќа широк спектар на активности за разни цели.

Во нашата држава се вршат психолошки операции од времето на нашето осамостојување. Нивното делување е во правец на деморалисување на народот и промена на целокупниот начин на однесување. Основните, поволни за корисникот на операциите, општествени состојби кои треба да се создадат кај нас се:

Хипереротизација - однесувањето и вниманието на човекот да се концентрира врз еротска основа. Злоупотреба на инстинктот на човечката репродукција.

Хиперматеријализација - гледањето и проценувањето на човекот како предмет. Исклучиво материјален поглед кон светот и кон човекот. Духовноста и доблеста се непрофитабилни и некорисни за успех.

Сите активности на психолошките операции кај нас кои се спроведуваат водат кон овие две негативни општествени појави. Целта е создавање на конфронтираност, демотивираност и неединство помеѓу припадниците на општеството-жртва (нашето општество).

 

Психолошки операции
кај нас

ПРИМЕРИ:
Алкохол за муслимани

Нафта на месечината

Шпиуни и саботери

Измама како наука

Групна свест

Пропагандистот и неговите агенти

Општествена контрола на пропагандата