Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Проект:
“Локален акционен план за заштита на животна средина на Општина Сопиште”

Страна: |:1:|:2:|:3:|:4:|


Приоритети

Според изведената анкета на 5000 жители од општината, направена е анализа на приоритетите. Граѓаните сметаат дека најголем еколошки проблем во општината претставуваат дивите депонии, како и неорганизираното собирање на смет, бидејќи очигледно визуелно им пречат големите буништа со отпад кои ја нагрдуваат општината. Особено важно е што сметаат дека еколошката свест е на ниско ниво. Проблемите со немање мрежа за водоснабдување и канализација во домаќинствата ги рангираат исто така како сериозен проблем за решавање. 

Сепак жителите на општината сметаат дека најитен проблем за решавање е невработеноста, бидејќи тргнуваат од личен аспект и желба првенствено да го решат прашањето на егзистенцијата, сметајќи дека на тој начин ќе решат многу проблеми на животната средина, но гледано од аспект кон животната средина, го посочуваат третманот со отпадот, неасфалтираната патна мрежа и нерешената канализација за први проблеми за решавање. 


Како заклучок произлезе следнава листа на приоритети: 

1. Во селата во внатрешноста мора што побргу да се воведе систем за водоснабдување, како неопходност, со цел да се овозможи заштита на здравјето на населението, развој на населеноста и стопанските активности (сточарство, овчарство), заштита и унапредување на биодиверзитетот и на подземните води. Просторот во целина располага со значителни водени ресурси;

2. Потребно е итно преземање мерки за одводнување на отпадните води со планирана канализациона мрежа поставена по предвидените улици и прочистување на отпадната вода со дезинфекција;

3. Во селата да се реши проблемот со постоење на буништа од домашен отпад, шут, немање организирано собирање на смет и непостоење на навика за начинот на фрлање на отпадот. Забележана е појава на формирање на диви депонии во спелеолошките објекти;

4. Изградба на јавната свест, промена на навиките и да се подобрат условите за поквалитетна настава во училиштата во однос на заштитата на животната средина;

5. Да се креираат можности за подобрување на здравствената заштита на населението со екипирање на амбулантата, да се поттикне здравствено хигиенска едукација на населението заради превентива од болести;

6. Заштита на биодиверзитетот и пејсажите во Општината;

7. Во Општината постои недоволна урбанизираност на селата и неасфалтирана патна мрежа, поради несоодветна развојна политика во минатото. Затоа овој проблем е приоритетен за решавање;
8. Да се инвестира во развој на земјоделско производство, преку осовременување на технологиите во полјоделството, сточарството и шумарството, со цел да се намали сиромаштијата;

9. Во овој момент потребно е да се предвиви или предложи развој на конкретен вид стопанство од приватната иницијатива со цел да се интензивира и стимулира развој на малото стопанството како една од условите за креирање на работни можности во Општината и намалување на сиромаштијата. Потребно е да се дефинира и изгради контролирана стопанска зона, но со избегнување на колизија со други функции на населбите и природните потреби, односно во области на ископините на камен, или што се однесува за малото стопанство на јужната страна на општината, со избегнување на плодната површина или аграрниот дел од општината во должина на урбанизираниот простор;

10. Заштита на неколку природно вредни и многу атрактивни пештери, со помош на детално истражување и документирање за научни и туристички цели;

11. За наредните 5 години да се испита ниво на гасови од сообраќајот, постоење на влијание од околните индустриски објекти, како и степенот на јонизација од радиобрановите.

Страна: |:1:|:2:|:3:|:4:|

Симни брошура

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани