|
|
ЗАБАВАТА И ПРОПАГАНДАТА
Се подразбира дека еднонасочната аудио-визуелна комуникација која влегува во секој дом преку телевизорот или радиото е најефикасниот метод кој се користи за ширење на некаква порака која е наменета да убедува. Тука, за овој факт не е потребно некаков посебен доказ или некаква аргументирана расправа, само по себе се подразбира. Тоа што не се подразбира само по себе е: Како ги составува обичниот човек своите теории, какви факти тој користи, колку му е цврста логиката и до кој степен влијаат врз неговото расудување неговите емоции и верувања? Истотака, што го формира мислењето на мнозинството-верувањата или вистината, емоциите или фактите и логиката? За да се одговори на овие прашања треба да се навлезе во психолошката природа на толпата. Комуникацијата на толпата, за разлика од таа помеѓу индивидуи е примитивна, дури може да се каже дека постои обратна корелација помеѓу интелектуалното ниво на комуникација внатре во групата и големината на групата. Колку е поголема групата толку е пониско интелектуалното нивото на комуникација. Овој социо-психолошки закон е основата на современата пропаганда. Толпата поседува како карактеристика слабо сеќавање и слаб распон на внимание. Поради ова се наложува повторување на пораките се додека пораката едноставно не се вгнезди во колективниот ум. Покрај повторувањето постои уште една моќна техника. Техника на спојување на слика со пораката која треба да се прифати. Вака изработената порака дозволува понатамошно упростување на пораката истовремено зацврстувајки го емотивниот момент на самата порака.
Упростувањето или
симплификацијата (проста лага секогаш победува сложена вистина) на
пораката и
сликовитост дизајнирана на посебен начин за психолошки да се
манипулира со емоциите на толпата е Доколку го земеме во предвид претходно кажаното се наметнува прашањето: Дали логиката и фактите или емоциите и нивната манипулација играат поголема улога во убедувачкиот процес на толпата. За жал, сите показатели укажуваат на еден непобитен факт- Емоциите и нивното манипулирање е тоа што влијае во создавањето на мнозинското (јавното) мислење, а не интелектуалното ниво на мнозинството. Преку асоцирање на зборовни значења и слики со личности врз база на повторување можно е да се кондиционира (навикни) потсвеста на гледачот или слушателот. Оваа едноставна техника функционира а ова не е толку крупно прашање кое бара одговор. Крупното прашање кое бара одговор е: Зошто ова функционира? Еден од најдобрите објаснувања дава психологот Павлов. Тој врз едно куче извршил експеримент сакајки да го покаже системот на учење со класично условување, така ненамерно го објаснува феноменот на масовното убедување со современата пропаганда. Павлов во една затворена просторија кучето го изложувал истовремено на ѕвонење на ѕвонче и храна. Ѕвонењето на ѕвончето всушност означувало време за јадење и после неколку повторувања на ѕвонењата на ѕвончето кучето лачело плунка спремно да јаде и без да ја види или помириса храната, туку таквата реакција се должи само поради привикнатоста преку дразбата на звукот кој асоцирал храна или време за јадење. Значи се што и успева на современата пропаганда е всу-шност преку привикнување (учење) со класично условување преку повторување на пораките, каде што се манипулира со емоциите преку зборови и слики. Значи, нас преку пропагандни активности како индивидуи, преку сопствената припадноста на поголема група, не дресираат, потсвесно, нешто како Павлов со неговото куче. Вистинската пропаганда, таа сериозната, мора да биде дизајнирана така што го саботира критичкиот ум и ја оневозможува разумната мисла. Таа делува врз емоциите, поттикнувајки ги и усмерувајки ги во посакуваниот правец, делувајки врз потсвеста, за нејзиното успешно делување. Ефикасната пропаганда ги спротивставува разумноста со емотивноста каде што како нескршлив закон е тоа што емотивноста секогаш победува. Како најефикасен начин за ширење на потсвесна пропаганда или привикнување (учење) преку условување (Павловото куче) е забавата. Забавата во нашето современие стана еден од алатите на пропагандата. Зошто? Затоа што мнозинството, рајата, масата на луѓе не сака да биде едуцирано, не сака да биде информирано, едноставно сака да се забавува. Причините за ваквата состојба се повеќе и варираат од менталниот капацитет на поединците кои го сочинуваат мнозинството преку неодговорноста за сопствената слобода до едноставната невина желба да имаат некаква забава во нивниот живот. Веќе ја разгледавме темата како се врши индоктринација преку пропагандни активности. На ред е да ја разгледаме суштината на забавата како многу успешна форма на всадување на идеи или однесување или поточно кажано индоктринација од еден или друг вид во зависност од интересот на тој што ги плаќа пропагандните активности.
|