|
|
СУШТИНАТА НА ЗАБАВАТА Филм, музика, едноставно секој вид на уметност може, односно се користи во функција на индоктринирање на луѓето. Доколку сте едни од тие кои мислат дека во музиката нема политика или дека филмовите од Холивуд навистина ја покажуваат состојбата таква каква што е во САД или пак во некоја друга земја тогаш оваа веб страница ќе ви помогне побистро да гледате во инаку матната игра која води пропагандата. Самиот опсег на уметнички дела кои можат да се користат како форма за индоктринација е неограничен, но најмногу се користат аудио и визуелните форми. Филмовите и музиката (видео спотовите) се најчесто користени форми за проширување на пораки наменети да индоктринираат во посакуван правец. Со самото често прикажување на филмови со агресивност може да се создаде состојба на агресивност во едно општество. Заедно со други техники на пропагандата истите филмови со агресивност може да доведат до степен на апатично однесување или пак да релаксира агресивни набои во едно општество (Страв). Можностите се бесконечни. Видео спотовите се исто така одлично средство за постигнување на промена на менталитет, светоглед или традиција во едно општество. Толку "наивно" создаваат општествена потврда (Сите се)во умовите на луѓето во даденото општество кое е под пропагандно делување за една или друга причина. Изборот на филмови и музика (видео спотови) се прави откако ќе се анализира состојбата на општеството во кое треба да се изврши некакво пропагандно дејство. Во зависност од посакуваната промена на однесувањето, се избираат филмовите или музиката која треба да се прикажуваат и по потреба да се повторуваат во склоп, се подразбира, и со други активности на пропагандно поле за да се добие толку посакуваната општествена потврда за темата која се пролиферува. Да не заборавиме дека е можно и креирање на филмови и видео спотови за одредена цел и да се прикажуваат во дадено, погодно време во кое најмногу ќе има ефект. Да преминеме на главното. Да објасниме како се врши систематска манипулација преку забавата. СУШТИНАТА НА ЗАБАВАТА Во секој филм постои "добриот" кој се бори не еден или друг начин против "лошиот". Добриот во филмот е поставен во позиција на нерамноправност наспрема лошиот и тоа како сам против сите или во непобедлива ситуација која е потикната од лошиот. Се подразбира дека добриот ќе победи и ќе ги уништи сите лоши на крајот или доколку треба да се прави продолжение тогаш ло-шиот би избегал или би се спасил некако при крајот на филмот. Во основа вака се составуваат филмовите, прашањето тука се наметнува: Зошто филмовите се толку интересни? Што тоа наоѓаме интересно во сижето што не држи со часови да седиме и да гледаме? ЕМПАТИЈА И ФАНТАЗИЈА Прво нешто што публиката прави е тоа што се поврзува емпатично за ликот на добриот. Таа врска, тоа идентификување со добриот е првата потсвесна врска која ја прави публиката. Сепак постојат и други врски кои се создаваат преку личноста и харизмата на добриот. Се врши своевидно завземање на ликот од филмот од страна на гледачот, потсвесно се разбира. Се друго освен емпатијата е само површински, суштината лежи во тоа колку гледачот се соживува со добриот. Откако ке се соживее гледачот со добриот почнува да работи, повторно потсвесно, сега фантазијата, односно фантазирањето дека самиот гледач е ликот на добриот. Преку начинот на победа на добриот врз лошиот може да се увиди емотивното манипулирање. Како победува јунакот така победува потсвесно и гледачот. Јунакот на крајот победува и завршува филмот, гледачот добива чувство дека и тој победил и се чувствува како победник и покрај тоа што неговите проблеми сеуште постојат. Чувството на победник го спречува да делува врз својата реалност, едноставно, затоа што тој победил (заедно со добриот) и преку здобиеното чувство на победа тој нема потреба да се бори со реалните, постоечките проблеми. ПРАЗНЕЊЕ Значи и публиката победува како што победува и добриот. Клучното тука што треба да се забележи е дека преку здобиената фантазија се врши емотивно празнење каде што оригиналната емоција, емпатијата, е задоволена преку фантазијата. Епатија, фантазија и празнење на емоциите, тоа е суштината на забавата. ЛИЧНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА Личната идентификација во овој случај не се поврзува со идентификацијата со семејтвото или групата на поединецот. Овој вид на лична идентификација која се случува е подлабока, таа е процес на прифаќање на целосно нови и туЃи карактерни особини. ПОСЛЕДНИОТ ЧЕКОР Кога се наметнува најсилната точка на лична идентификација со добриот тогаш е вметната и агендата на пропагандистот, односно добриот ја поседува идеата која пропагандистот сака да ја промовира. Значи, кога публиката ке се соживее со добриот преку емпатија и фантазија таа ќе мора да се помири и со идеите и сентиментите на добриот. Клучниот збор тука е "помири", публиката мора да избере помеѓу сопствените идеи и сентименти и тие на добриот. Истовремено, врз лошиот се поставуваат идеи и сентименти кои пропагандистот посакува да бидат отфрлени од публиката. Доколку на лошиот му се прикачат идеи и сентименти кои се веке прифатени во општеството на публиката тогаш ќе добиеме состојба каде што публиката ги отфрла своите веке установени идеи и сентименти и ги прифаќа тие на добриот затоа што никој не сака да се идентификува со лошиот. Значи, доколку на лошиот му се прикачи карактеристика на традиционалност и конзервативност, каде што е креиран ликот на лошиот да биде поцрн од самиот црн ѓавол а со таквото однесување нанесува штета врз околината на добриот, а на добриот му се прикачат анархична либералност и потреба да се бори за некаква правда, тогаш и се сугерира на публиката дека треба да ги отфрли традиционалните сфаќања и да ги прифати идеите и сентиментите на добриот со што и тие ќе бидат добри а не лоши. Борбата на добриот против лошиот од филмското платно потсвесно се префрлува на реален терен, преку публиката. Публиката емотивно прифаќјки ги, некритички и потсвесно "либералните" ставови на добриот ќе прифати се што е во рамките на добриот и ќе се бори против се што се борел тој. Значи, дотога-шните традиции и општествени уредувања, културни придобивки или обичаи, односно се што го карактеризира еден народ се претвора во елемент против кој треба да се бори еден човек, човек дел од публиката. Ваквото систематско убедување е долготрајно, ефектите се појавуваат откако и други техники ќе се користат како потврда, но последиците, односно ефектите се трајни и силни и доведуваат до општествена збунетост и меѓусебна конфликтност. Од ова општеството постанува плодна почва за понатамошно контролирање и манипулирање изгубено во меѓусебната борба на "старомодните" против "современите", на "напредните" против "назадните", на тие што ја прифатиле индоктринацијата против на тие што не ја прифатиле. Значи состојба на Меѓусебна внатре-општествена поделба на НИЕ и ТИЕ, основна цел на пропагандата. Најубавото во сето ова е тоа што е толку перфидно и што не трпи никаква критика, ПА НЕЛИ ТОА Е САМО ЗАБАВА, УМЕТНОСТ ИЛИ АРТИСТИЧКА ЕКСПРЕСИЈА ќе биде секогаш одбраната, доколку критикувате ризикувате да ве наречат намќор или нешто понавредливо, да ве маркираат како назаден човек кој ја подржува цензурата и не им ја дозволува креативноста на уметниците. Прекрасна алатка за систематско манипулирање, нели? Вакво ментално кондиционирање е присутно повеке децении. Со мноштвото филмови на лагер од најразличен жанр и можноста да се прават филмови специјално за потребите на систематското манипулирање, пропагандистот добива едно силно оружје кое работи потсвесно но ефикасно во креирање на масовно ментално кондиционирање или попрецизно кажано, променување на менталитет на едно општество.
|