Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЦИТИРАЊЕ

(цитирањето како оправдување да се пропагира)

   Најшироко распространета и многу често користена техника која е во сродство со техниката Уредување и со заблудата Повикување на авторитет. Трикот тука е замената која се врши, се заменува известувањето со демагогија. Често ќе слушнете на нашите вести или ќе прочитате во
нашите весници реченици кои почнуваат со фразите: Според тој и тој..., Тој и тој кажа..., Мислењето на стручњаците е... и други слични фрази кои истакнуваат одредено мислење од некого. Убавината на оваа техника е во тоа што тој што пропагира дадена тема многу лесно може да се оправда доколку е обвинет за необјективност со: "Јас само цитирам што друг изјавил."

  Цитирањето како техника за систематска манипулација е силно поврзана со техниките Изоставување и Селективно прикажување бидејки ретко се цитира другата страна (противаргументите) на дадената тема. Оваа техника кога се користи често е претставена на начин кој го истакнува самото цитирање како многу битен елемент во дадена тема.

   Дозволено е и претпоставка дека постои и договор помеѓу тој што ја шири пропагандата и личноста која треба да се цитира. Договорот би изгледал вака: Се наоѓа личност спремна да "помогне" или пак личност која ја поддржува дадената тема која треба да се пропагира, потоа таа личност треба, во зависност од потребата, да изјави нешто во корист на темата која се пропагира и на крајот таа личност се цитира.

Пример:

   Еден новинар од даден медиум кој ја поддржува дадената политичка партија се јавува на пратеник од таа партија и му вели дека е потребно тој да изјави нешто што ќе ја потврди темата која се пропагира. Пратеникот потоа на собраниската говорница го изговара тоа што е потребно, а новинарот го цитира. Вака имате авторитет кој дава "свое мислење" на многу авторитетно место и цитирање од новинар кој дава "валидни" информации. Многу едноставно и ефикасно.

   Имајте во предвид дека оваа техника не се користи само во политиката, нејзиниот опсег е сеопфатен.

  За да биде целосно заокружена информацијата со "валидност" се пристапува кон Селективно прикажување, односно противаргументите се изоставуваат или пак што е уште поитро е да се претстават само најслабите противаргументи кои постојат за темата. Истотака не треба да заборавиме дека повторувањето и тука игра клучна улога за воспоставување на кредибилитетот.

Назад