|
|
СЕЛЕКТИВНО ПРИКАЖУВАЊЕ
Оваа техника функционира токму како што кажува нејзиното име. Известување за настани, личности и состојби исклучиво еднострано и со намера ситематски да убедува. Целта при вакво прикажување на настани, личности или состојби е да се воздигне и прифати едно притоа да омаловажи и одбие друго нешто. Се подразбира, тоа што е во интерес на тие што ја користат оваа техника. Убав пример е известувањето на CNN и BBC за време на косовскиот конфликт и бомбардирањето на Југославија. Известувањето за нашиот конфликт истотака спаѓа во рамките на оваа техника. Повторно станува збор за вечниот конфликт на тие кои се ЗА и тие кои се ПРОТИВ. Секогаш постојат повеќе страни на кои треба да се обрне внимание кога станува збор за еден настан, личност или состојба. Селективното прикажување овозможува сиот спектар да се покрие со магла а тоа што одговара на моменталните интереси да се прикажува. Со оваа техника може да се воздигне или омаловажи даден настан, личност или состојба, повторно во зависност од интересот на тие што ја користат. Ефектот при користење на оваа техника се постигнува со привикнување преку повторувачки асоцијации (павловите кучиња). Значи со еднострано и често повторувано прикажување и известување на даден настан, личност или состојба нас не привикнуваат да го прифатиме размислувањето кој не мора да биде во наш интерес. За жал, често и не е. Селективното прикажување е поврзан со факторот Кредибилитет. Всушност оваа техника создава или уништува кредибилитет на даден настан, личност или состојба. Факторот кредибилитет е феномен каде што на даден предмет му се создава кредибилитет според зачестеноста на прикажувањето. Колку повеке се известува за еден настан, личност или состојба на секоја телевизија, весник или радио толку повеке кредибилитет ќе поседува во главите на лугето. Ова е поврзано со заблудата наречена Повикување на авторитет. Медиумите се некаков авторитет. Кога даден медиум или мноштво медиуми известуваат за настанот А но го изоставуваат настанот Б со против аргументите тогаш настанот А ке поседува поголем кредибилитет. Истотака можно е да се известува за настанот А и за настанот Б истовремено, каде што на известувањето за настанот А е обрнато поголемо внимание, повторно, настанот А ке се здобие со поголем кредибилитет наспрема настанот Б. Ова е само еден од многуте начини на кој присилно се создава јавното мислење за даден настан. личност или состојба. Доколку некогаш се почудите зошто нешто се прифаќа а здравиот разум вели да се одбие сетите се на ова што го прочитавте. Бомбардирањето на Југославија изгледа како детска игра во споредба со бомбардирањето од пристрасни информации кои ние ги доживуваме секојдневно.
|