|
|
ИЗОСТАВУВАЊЕ (не искажувањето на целата вистина е истотака лажење) Сродно со Уредувањето и Исклучок од правилото, Изоставувањето е техника која се користи во медиумите за ширење на пропаганда. Оваа техника е всушност отворена форма на лажење. Изоставувањето е едноставно намерното неприкажување на сите факти и исклучување одредени релавантни информации кои се битни за дадена тема а се штетни за настанот, личноста или состојбата која се сака да се промовира. Оваа техника со својата леснотија при користење е многу често користена од страна на медиумите, поточно, од страна на некоја личност или група која ги користи медиумите за да шири некакво систематско убедување. Во некои случаи можно е и да се известува за сите релевантни факти и аргументи на дадена тема. Во ваквиот случај, доколку се работи за систематска манипулација тогаш некои факти би добиле повеке внимание отколку другите. Поточно кажано, битните факти за спонзорот на манипулацијата ке добијат големо внимание додека другите во случајот на останатите факти би се претрчало на брзина низ нив за тие да бидат што е можно понезабележливи. Најчесто во медиуите на нашето општество изоставувањето се користи кога треба да се прикрие или открие некаков криминал од страна на политичар. Тоа ќе го забележите по тоа што се кажува името но не се спомнуваат соработници или казниви дејства кои мора да следат и најбитно од се е тоа што при известувањето не се оди до крај со темата. Се известува за сторениот криминал, ука бука три дена и толку повеке за случајот ништо. Дали е осуден или не, дали е потврден криминалот или не, дали е затворен случајот или не, сето тоа изгледа како да е небитно. Најверојатно, кога станува збор за вакво известување доволно е да се извалка име нечие за таа личност или да биде послушна или пак да покажува поголема соработка со нарачателот на ваквиот вид на известување.
Во последно време изоставувањето може да се забележи и во известувањето на нашиот конфликт дома. Медиумите известуваат за некаков релативен мир (еуфемизам) а кој го нарушува, со какви цели, зошто не се спречува, се прашања на кои одговорот изостанува, поточно кажано за тоа не се известува или пак, се протрчува низ информациите како да се небитни. Ваквата пракса се покажува како мошне ефикасно средство за избегнување на додатни прашања кои неминовно би следеле. Кој и зошто нарачува ваков вид на известување истотака е прашање на кое не се обрнува посебно внимание. Како забелешка би изнел дека ние имаме и тоа какви професионалци во редовите на новинарите, а сепак одговори нема. Зошто? За жал не очекувајте изоставувањето да прекини, очекувајте дека ќе продолжи со несмален интензитет, зошто? Одговор на ова е: Затоа што им се може! Доколку еднаш им успее, ке се обидат повторно, и повторно, и повторно се додека им се може. Да не спомнеме и дека парата е добра во вакви игри. Груб, но вистински одговор, за жал! |