Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Земјиште


Општина Сопиште се одликува со селски и приградски населби во кои нема развиена индустрија, но затоа има индивидуално земјоделство преку кое се обработува вкупна аграрна површина од 21699 ха. Со други зборови, иако територијално Општината Сопиште е непосредно поврзана со главниот град на државата, Скопје, сепак во оваа општина главно живее селско население. Во сите села кои влегуваат во состав на оваа општина се изведува земјоделска дејност, се одгледуваат различни видови на земјоделски култури, почнувајќи од житни, градинарски, овошни видови и винова лоза. Секој индивидуален земјоделски производител, од тринаесетте села колку ги има во оваа општина, поседуваат одредена земјоделска обработлива површина и произведуваат земјоделски култури за свои потреби, а од некои култури произведуваат и вишок кој што го пласираат на пазарите во Скопје. 




Според намената земјиштето е:

· Плодна површина;
· куќи и дворишта;
· пасишта ;
· води;
· гробишта и неплодни површини


Засега, општината се одликува со висок степен на неурбанизирано и неискористено земјиште. Од планираното земјиште за градежен регион, речиси целото земјиште се користи за полјоделство, сточарство, фарми и слично. Тоа укажува дека општината има доволен животен простор за унапредување на квалитетот на живеењето во наредните 10 години, со тенденција за користење на што помалку плодно земјиште од 1-3 класа, а што повеќе остнати категории за урбани цели. Денес користена површина на атрарот изнасува 988 ха, приватниот сектор зафаќа 480 ха, а општествениот сектор користи 517 ха. Од тоа обработливо земјиште е 501-700 ха. 


Бонитет на земјата е 5-тта и 6-тта класа и малку од 3-тта и 4-тта класа. Од земјоделски култури има лозје, овошки, детелина и пченка. Земјиштето е во светли кафегорски почви со над 4-тта бонитетна класа, плодна за полјоделство и сточарство. Најквалитетни почви (дури од 2, па и од 1 класа) се алувијалните наноси покрај Маркова река, а со нешто послаб квалитет се почвите по долините на Манковец и Брезовечка река. На ридестиот простор над овие долини можат да се сретнат најмногу смолници (на езерските тераси) или деградирани кисели кафени почви, кои ги има и во повисоките делови на Караџица, под дабова и букова шума. Во западниот карстен дел од просторот, доминираат црвениците, а во шумските простори и пасиштата на Сува Планина има и варовничко-доломитски црници.

Сеизмички, земјиштето припаѓа на средна до слаба осетливост на теренот, со степен 9 MCS. 

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани