Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
* * * *
*
*
 

 

 

picture
* *
* *
*     **
*  

*
* *
* *
*   
* *
*
*

Изградба на товарен лифт

                                   

           Идеја за изградба на товарен лифт во зградата на медицинскиот центар постои уште пред 40 години за која намена е оставен и простор, но поради недостаток на финансиски средства истата не била реализирана се до пред 2 месеци.Во месец февруари воспоставивме контакт со амбасадата на обединтетото кралство Англија со цел да поразговараме за подршка на еден ваков проект. И на наше општо задоволство амбасадата изрази желба за соработка по што од наша страна уследи писмено барање во кое беа образложени нашите потреби.Барањето беше прифатено како неопходност од изградба на еден таков објект а кое нешто граѓаните го прифатија со одушевување.

       Откако се одобри донацијата се пристапи кон негово реализирање во кое што е вклучен како донатор на дел од средствата и изведувачот "МакЛифт-Скопје".Лифтот е во фаза на монтирање и истиот ке биде пуштен во употреба за десетина дена.

      Голема Благодарност до амбасадата на Обединетото Кралство Англија од вработените во центарот како и  граѓаните на Општина Крива Паланка и Ранковце

Гасификација

     Имаме изработено проект за гасификација на Болничкиот дел со амбулантите која гасификација ги опфаќа следните системи:

  • Систем за централно снадбување со кислород

  • Азотен оксидул

  • Компримиран воздух

  • Вакум систем

Во моментот се бара донатор кој ќе учествува со финансиски дел за реализација на овој проект.

Центар за Хемодијализа

         Потребата за изградба на центар за хемодијализа во рамките на медицинскиот центар постои уште пред многу години.За оваа цел имаме подрашка и од Министерството за Здраство но поради немање на финансиски средства проектот досега не е реализиран.

         Моментално пациентите на број 22 се дијализираат во Медицинскиот Центар во Куманово каде што патуваат 3 пати неделно по 120 км и се изложени на стресови.

Централно Затоплување

        Една од приоритетните задачи на раководниот тим на Медицинскиот Центар е реновирање на системот за централно затоплување.Постоечкиот систем е изграден пред 40 години со самата изградба на зградата и поради дотраеност веќе станува неупотреблив.Во тек е изработка на проект и се надеваме ќе најдеме донатор со чија помош ќе можеме да го реализираме.

   

Компјутеризација

         Медицинскиот Центар во својата програма за осовременување на процесот на услуги на пациентите, со усвојување на нови технологии, особено внимание обрна на процесот на компјутеризацијата.Од тие причини во тек е изработка на проект и се надеваме ќе најдеме донатор и за овој многу витален проект со чија помош ќе можеме да го реализираме

 

 

*
*
1.Изградба на лифт
2.Центар за дијализа
3.Гасификација
4. Централно греење
5.Компјутеризација

 

Централа

031 375 054

Директор

031 375 039

Брза Помош

94

Аптека

031 375 012

 
Англиски
 

  Македонски
   

 

 

 

 
*
*
*  

2003© Fox Enterprise , Kriva Palanka All rights reserved

back to top *
*
* * * *
* *