Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 


Инфраструктура

Страна: |:1:|:2:|

Електрична мрежа

Електричната енергија во Општината се носи преку 5 трафостаници, при што потрошувачка по домаќинства е 1000 Wh годишно, коефициент на едновременост 0,33, а едновремената сила е 2,2 kW. Само во Сопиште, како најголема населба, постојат 1526 стамбени објекти, па така годишна потрошувачка за нив е 1526 MWh, со неангажирана сила 1133 MW. Од јавните и стопански субјекти, како потрошувачи на енергија се училиштето, трговијата, амбулантата, ветеринарната станица, ПТТ, општинската зграда, земјоделската задруга, со вкупна потрошувачка од 325 MWh со ангажирана сила 198 kW. 


По 2009 година се планира вкупната потрошувачка на електрична енергија да се зголеми на 1300 kwh годишно или 3900 mwh за цело население. Предвидени се зголемувања на јавни и стопански содржини, па така, се планира потрошувачката и снабдувањето да се зголеми на 3500 kw претпоставена едновремена сила, а за што се потребни уште 7 - 8 нови трафостаници.



Во однос на електричната осветленост на општината, околу 90% од територијата на општината е покриена со улично осветлување. Навремено се врши замена на прегорените светилки, поставување на канделабри и светлечки фолдери. Во блиска иднина ќе се оствари 100% покриеност на општината со улично осветлување.



ПТТ


Веднаш до зградата на Општината се наоѓа и Поштата која се труди навремено и на најбрз начин да овозможи квалитетна услуга на граѓаните. Во неа се вработени три лица кои се грижат за исплата на пензиите и други парични средства, достава на писма, пратки и сл.

Во 2000 година во атарот на село Нова Брезница поставена е сателитска антена со која се овозможува емитување на програмата на македонската телевизија во прекуокеанските земји. 


Транспорт


Во Општината нема некои главни патишта, но сепак преку неа поминуваат два регионални патни правци што ја поврзуваат со патната мрежа на Република Македонија. Едната регионалната патна траса се протега од Скопје за Македонски Брод. Таа траса започнува од Општина Кисела Вода, минува низ с. Сопиште и се разгранува на 2 дела: едниот пат за с. Ракотинци, с. Добри Дол, а другиот до с. Соње, с. Говрлево и с. Г.Соње. Истиот кај Јанковец и Ласица се вкрстува со другата регионална траса која оди спрема Нереиште и новопроектираниот пат за УСЈЕ. Оваа траса делумно е асфалтирана, а дел е тампониран носечкиот слој за идниот пат. 


Во однос на јавниот сообраќај, иако Општина Сопиште се наоѓа во близина на градот Скопје сепак не може да се пофали со добро организиран јавен сообраќај. Комуникацијата меѓу општината и градот Скопје се одвива преку приградските автобуски линии: 58а, 58б и 58в. Автобусите не доаѓаат до четири населени места, а во останатите населени места поминуваат на еден час во текот на работна недела, а додека во викендите се сообраќаат на два часа. 

Регионалниот пат што поминува низ Општината е главната сообраќајница која е асфалтирана и е во добра состојба. Одржувањето на главната сообраќајница во зимскиот период е на завидно ниво, навремено се врши расчистување на улиците и може да се каже дека патот постојано е прооден. 

Локалната и улична мрежа служи за потребите на населението, поврзувајќи ги населените делови со регионалната мрежа и до обработливите површини. Во изминативе три години голем дел од локалните улици се асфалтирани. Во моментов асфалтирање се врши и на преостанатите локални улици. Така можеме да кажеме дека сообраќајната состојба во општината е на високо ниво.

Страна: |:1:|:2:|

 




Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс:

 

^ top ^

© 2003 Општина Сопиште, сите права задржани