
                          
|
|
Животна средина
Страна: |:1:|:2:|
|
Нерешените постоечки еколошки проблеми во урбаните средини доведуваат до постојана загаденост на воздухот и почвата, уништување на зелените површини и загадување на водните екосистеми, како и последици врз здравјето на луѓето, образованието или социо-економскиот живот.
|
Мал е бројот на локалитетите каде што богатиот биодиверзитет, водните богатства и пространства постојат со години, овозможувајќи живот на единките во свет недопрен од човекот и неговиот нагон за уништување. Голем број на еколошки локалитети се запуштени со деградирана природна средина, ливадите се претворени во диви депонии, исчезнат, за науката, е живиот свет и загадени се водите со хемиски отпадни материи.
|

|
Немање или делумното водоснабдување во општината има директно влијание врз здравјето на луѓето и квалитетот на животот, бидејќи е неопходна за постоење на живот воопшто. Без вода не функционираат живите организми кои ја користат за основните метаболички процеси. Тоа претставува главен инхибирачки фактор за развој на населбите и секундарното домување, што се гледа и преку силно изразениот хигиенско здравствен проблем на населението, а кој постои во овие средини. Се отежнува и одржувањето на земјоделските култури во регионот, како и преку осиромашувањето на земјиштето. Сето тоа доведува до суша, уништување на шумскиот фонд, пожари, намален прираст на култури, замирање на земјоделството и на другите функции во Општината.
|
Сегашниот начин на постапување со цврстиот отпад на подрачјето на Општината е според т.н стихиски модел: фрли-заборави. Оттаму, преку дејството на ветерот и атмосферските води, се загадуваат медиумите на животната средина и природните богатства, а се создаваат услови за развој на разни патогени микроорганизми, но и дистрибуција на штетни и опасни материи. Расфрлениот отпад и локациите на диви депонии ги нагрдуваат убавите пејсажи и амбиенталната околина. Загадувањето на животната средина од сметот е евидентен со последици кон здравјето на луѓето, појава на деградација на почвата на места на дивите буништа, како и појава на аномалии кај растителната покривка. Во однос на диверзитетот на животинскиот вид, најчесто предивикува проблеми од здравствен аспект на добитокот, појави на задушување и слично.
|

|
Во сегментот на воздухот, нема евидентни извори на негово загадување поради слабата застапеност на индустриски објекти, малата опасност од загадување од домаќинствата, бидејќи тие користат дрва за греење како и занемарливото загадување од сообраќајот. Со оглед на тоа што општина Сопиште е на планинско подрачје, степенот на загаденост на воздухот е значително помал од оној во градското подрачје, но не е исклучена можноста за загадување на воздухот од околните фабрики, сообраќајот, разните временски непогоди и слично со што се зголемува опасноста од респираторни заболувања. Исто така не е евиднетирано постоење на евентуално јонизирачко зрачење во етерот од сателитската ТВ антена на МТВ. Сепак може да се заклучи дека во општината воздухот е чист и во граници на МКД на загадувачи. Депонијата “Дрисла” е добро поставена според ружата на ветрови, во однос на Сопиште, така да испарувањето на етанот и мирисот се чувствуваат само во соседната Општина Студеничани.
Страна: |:1:|:2:|
|
|

 |
|
Општина Сопиште
тел/факс: (02) 274 3032
(02) 274 3031
~~~~~~~~~~~~~~~~
Советодавно Биро на Општина Сопиште
тел/факс:(02) 274 2292
~~~~~~~~~~~~~~~~
Еколошки Информативен Центар во Сопиште
тел/факс: |
|
 |
|