Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

"З А Ш Т И Т А"

 

   Ако луѓето поседуваат одредени "добра" тие своите добра ќе сакаат да ги задржат, зачуваат, или оддржуваат, така одредени убедувачки активности се направени да ни се додворуваат на нашата желба да си ја заштитиме сопственоста.

 

Рекламирање

   Постојат многу производи кои се продавани како начин за оддржување на нашата веќе постоечка сопственост. Рекламите за овие производи ги потенцираат вредностите на оддржувањето и заштитата на сопстените добра. Таргетираната публика се повозрасни зрели лица, односно лица кои веќе поседуваат добра на кои им треба заштита и оддржување. За наши потреби нив ќе ги наречиме Поседувачи.

   Поседувачите како примарно таргетирани лица во рекламирањето не се само богатите, туку се секој еден кој поседува одредено добро кое сака да го заштити или оддржува како: Сопственици на домови, автомобили, миленичиња и бизниси, тука спаѓаат и родителите кои се подразбира сакаат се најдобро за сопствените деца.

   Производи на кои се потенцира заштита и оддржување на веќе постоечката сопственост се: сапуни, детергенти, масла, кочници, ауспуси, градинарски алат и др.

   За заштита на своите миленичиња се потенцира одговорноста кон сопственото милениче. Рекламирањето на козметиката ја потенцираат потребата за заштита и одржување на сопственото тело.

   Услугите исто така спаѓаат во овие рамки со тоа што во рекламирањето може да се потенцира потреба од оддржување и заштита како домашните поправки (бојадисување, ѕидање, столарија и др.). Со ова се рекламираат и алатите потребни за оваа дејност како и средствата кои се потребни за извршување на работата.

Рекламирањето на производи се дели на рекламирање на опипливи и неопипливи својства на производот.

   Рекламите кои рекламираат опипливост, односно тие кои се концентрирани на производот, истакнуваат одреден производ и каква функција обавува.

   Рекламите кои рекламираат неопипливост се реклами кои се концентрираат врз публиката и нејзините емоции. Таквите реклами ја истакнуваат гордоста на сопственост, чувството на безбедност или задоволство, одговорност, должност и радост кој ќе биде резултат од завршување на "добра работа со нивните производи" кога се грижите за вашата сопственост.

 

   Клучни глаголи кои треба да ги барате се: чувај, заштеди, заштити, оддржи и други слични, кои истакнуваат состојба на оддржување и заштита.

 

Политичка реторика

   Каде што рекламирањето е базирано врз создавање на желба во своите убедувачки техники, политичкото убедување со својата реторика го застапува стравот како главен мотив за заштита на веќе постоечката сопственост и општествената потреба за заштита од закана. Проблемот кај политичарите е во тоа што оддржувањето не е многу гламурозно извршена задача. Политичар кај нас ќе добие многу повеќе поени ако изгради нов автопат отколку да ги оддржува веќе постоечките. Задачата кај политичарите е да создадат некаква потреба, често со опоменувања или со создавање на сценариа на катастрофа доколку нивниот план, идеа или решение не се ефектуира.

Власта

   Обично се користи конзервативен говор полн со пофалба за своите успеси и создавање на страв доколку се промени курсот на движење.

Никогаш не ви било подобро.

Опозиција

   Обично се користи либерален говор полн со ветување за подобро утре, и тука се користи формулата за создавање на страв, во овој случај доколку не се промени курсот на движење.

Никогаш не ви било полошо.

   Македонија помина доволно долго во плурален амбиент за да ги забележи овие две спротивставени видови на комуникација на политичарите со народот од аспект каде се наоѓа полтичарот во дадено време, позиција или опозиција. Суштинска проблематика е селективната меморија на припадниците на нашето општество кои преферираат едни наспрема други во зависност од ползата која ја имаат стекнато при владеењето на едните или другите. Анализата на убедувањето не се базира врз последното кажано туку врз факти и зборовни формулации за да знаете врз што "удираат" за да ве убедат.

   Клучни глаголи кои треба да ги барате се: чувај, заштеди, заштити, оддржи и други слични, кои истакнуваат состојба на оддржување и заштита и зборовни формулации кои создаваат страв од катастрофи доколку не се прифати нивниот план, идеа или решение.

НАЗАД

 

ЗАШТИТА

ОЛЕСНУВАЊЕ

ПОБАРУВАЊЕ

ПРЕВЕНЦИЈА