НАЗАД
О Л Е С Н У В А Њ Е
Кога луѓето имаат некаква
непожелна појава,"лошо", тогаш тие сакаат да се ослободат од тоа "лошо".
Нашата човечка желба да промениме, олесниме или да се ослободиме од
даденото "лошо" создава атмосфера поволна за убедувачки процеси.
Рекламирање
Во овој случај често се
користи "заплаши и продади" техниката. Таа се состои од претставување и
истакнување на одреден проблем, потоа се понудува решение за тој проблем.
Истотака, кога ќе ви ја претстават "пред и после" шемата знајте дека
"пред" претставува "лошо" а олеснување се ветува откога ќе го купите и
користите производот (олеснување).
Заплаши и продади техниката
тука се користи за да се опишат рекламите кои спаѓаат во категоријата на
превенција (избегни го лошото), заштита (оддржувај го доброто), и
олеснување (ослободи се од лошото) затоа што користат еден заеднички
шаблон, создади проблем потоа понуди решение. Од создадени сцени на хорор
(пожари, сообраќајни незгоди, кражби) до валкани подови и расцветани коси,
какво и да е лошото секогаш се нуди решение и секогаш е некаков производ
кој би помогнал за да се дојде до саканата состојба, олеснувањето.
Политичка реторика
Во политичката реторика
процесот на убедување се насочува кон "Не поседувачите". Не поседувачите
тука не ги означува само сиромашните туку и секој кој не поседува одредено
добро и сака да го прибави.
Прогресивна реторика
Оваа реторика е реториката
на незадоволството и лутината од не поседување на "добро" истотака е и
реторика на надежи, соништа, промени, прогрес и подобрување. Овој
убедувачки процес ги напаѓа постоечките "зла", истовремено нудејки надежи
за "подобра иднина". Прогресивна реторика, како што и е именувана, го
истакнува како негативен постоечкиот ред и го критикува оддржувачот на тој
ред, особено за корупција или неспособност. Корисникот на оваа реторика
сака за себе да создаде имиџ на бранител на сиромашните, на жртвите, на
несреќните и на непривилигираните. Во постојано поттикнување на страв дека
моменталната состојба ќе трае долго доколку не се реагира според начинот
кој е пожелен за корисникот на оваа реторика.
Убедувачите се тие кои ги
истакнуваат или создаваат проблемите. Тие создаваат некаква ситуација,
потоа ја истакнуваат како голем проблем кој треба да се гледа како закана
кон поединец или кон група потоа создаваат чувство на одговорност за
делување, па способност за делување и на крај желба да се делува. Работата
на убедувачот е да ја помести публиката од позицијата на незнаење, негрижа
и апатија во позиција на знаење, грижливост и акција која нему му
одговара. Поедноставно кажано луѓето можеби и не знаат дека имаат проблем
се додека убедувачот не им го создади или посочи. Убедувачот потоа
провоцира негативни емотивни состојби кон создадениот, односно кон
истакнатиот проблем и ја канализира создадената енергија во решението кое
го нуди. Од друга страна кога убедувачот им се додворуваат на публиката на
Не-поседувачи со конзевативна реторика тогаш тој предизвикуваат страв и ја
истакнуваат можноста за загуба на веќе постоечкиот имот. Често нивната
активност се состои од поттикнување на незадоволството кон постоечкото
"лошо" и лутина од тоа што се наводно лишени од некакво "добро".
Конзервативна реторика
За разлика од Прогресивната
реторика која побудува желба кај Не-поседувачите кон активност за
придобивање на некакво "добро", Конзервативната реторика им се додворува
на Поседувачите со апели да го задржат "доброто" (заштита) и да го
избегнат "ло-шото" (превенција). Конзервативната реторика е реториката на
власта која се оправдува или ги посочува моменталните состојби како
позитивност. Поточно кажано со оваа реторика се служат луѓе на позиции, со
титули или со моќ.
Конзервативната реторика го
истакнува задоволството и радоста во постоечкото "добро". Ја потенцира
гордоста од припадноста кон групата, нејзината историја, јунаците и
особено ги истакнува успесите и сопствените лидери. Во политичкото
убедување партијата на власт користејки ја оваа реторика ви посочува
"зачувај си го "доброто" и не го поправај тоа што не е расипано.
Со конзервативната реторика
се создава имиџ на заштитник на општеството (нацијата, културата, верата,
семејството). Често опоменува и создава страв од загуба, ненадејна
(кражби, окупации) или постепена (распад, исцрпување), затоа се користат
апели за одбрана за да се заштити веќе постоечкото "добро".
Оваа реторика е многу
ефикасна во својата намена од еден едноставен животен факт, а тој е: луѓе
кои имаат некакво "добро" имаат желба тоа "добро" да го заштитат и да го
избегнат "лошото" од загуба или од тоа некој да им го одземе.
НАЗАД