Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

Кратка Содржина на Библијата
 

- Во почетокот Бог го создаде Светот и човекот за шест дена, а во седмиот ден, Сабота, Бог се одмори.
Бог го благослови седмиот ден и го освети.
Адам и Ева во Рајската Градина не беа послушни
Затоа Бог им кажа дека нема да живеат вечно и дека ќе ја почувствуваат смртта. -
Но Бог им даде надеж дека еден од потомците на Ева ќе ја згази главата на змијата, тоа е Господ Исус Христос
Првите луѓе на земјата живееа по илјада години. Но тие не беа добри.
Се спомнува единствено Енох кој одеше по патот Господов
Единствено Енох, пророк Илија, Господ Исус и Дева Марија, беа вознесени на Небесните Живеалишта, без да останат во Гроб
*Според некои толкувања на Светото Писмо, Енох и Илија пак ќе дојдат на крајот од Времето (Види Откр.)

- Во времето на Ное луѓето беа крајно перверзни и непослушни и затоа Бог одлучи да ја потопи целата земја
Бог ќе го унишни целиот живот, со исклучок на Ное, неговите синови и нивните жени.
Покасно Бог му се јавува на еден од потомците на Ное, тоа е Авраам.
Бог прави завет со Авраам дека неговото потомство ќе го намножи како песокот на земјата.
Сите што покасно ќе поверуваат во Господ Исус Христос се наречени Духовни деца на Авраам.
Авраам го раѓа Исак. Исак го раѓа Јаков. Бог му дава уште едно име на Јаков, а тоа е Израел
Израил значи Богоборец, бидејќи се бореше лице во лице со Бог со цел да добие Духовен Благослов.
Сите ние сме слични на Израил во нашата Духовна Борба кога бараме Благослов и помош од Бог
Израил е татко на дванаесет синови кој ќе бидат татковци на дванаесет племиња, тие го претставуваат Израелскиот Народ.

Сите настани во врска со потомството на Авраам се детално опишани бидејќи од овој народ ќе се роди Синот Божји
- Синовите на Израел ќе бидат 400 години во Египет, каде ќе се размножат и на крај Фараонот ќе почне да ги измачува и да ги убива.
Како што Мојсеј го ослободува Израил од Египет
Така Христос преку верата и Светите Тајни сите нас не ослободува од робството на Гревот, Смртта и Незнаењето

- Бог ќе прати Ангел да направи помор, страшна смрт во Египет за да ги ослободи Израелците
Израилците со крвта од жртвеното јагње ги прскаат своите домови.
Крвта е знак за Ангелот да ја одмине таа куќа и никого да не повреди.
Слично е денес кога ние со крвта Христова која ни се дава на Светите Литуригии, таа не ослободува од Вечната Смрт
- Преку Мојсеј Бог ни ги дава десетте најголеми заповеди, но и голем број други заповеди за Свет Живот.
- Старозаветната Богослужба ја претставува Христовата Жртва на Крст.
Господ Исус е Жртвеното Јагње кое во Старозаветниот Храм се жртвуваше за простување на гревовите на Израелците.
- Христос, издигнат на Светиот Крст целиот Свет ќе го привлече при себе, кон Светлата Богослужба во Православните Цркви
Секој што ќе пристапи со Вера и Љубов ќе најде спасение за својата душа
-
Христовото тело три дена беше под земјата. Третиот ден рано во зора Господ Исус Воскресна.
Тоа е најголемиот празник во Православната Црква, Велигден, Пасха, или Христово Воскресение.

- Се
која година во Јерусалим на Пасха, на Св Гроб, се симнува Св Дух во вид на Огин.
Верните ги палат свеќи
те од овој Чудесен Огин.
Тоа
е Божји знак дека Православната Црква е единствен носител и вечен чувар на Вистината
- 40 денови по Воскресението Христос се јавуваше на своите ученици
Г
и поучуваше и им заповеда да ја проповедаат радосната вест за Воскресението

- Во 40-от ден Господ се вознесе на небото и се врати при својот Отец Небесен.
Тоа е празникот Свето Вознесение Христово * Свети Спас.
- 10 дена по Вознесението Господ го прати Св Дух на учениците. Тоа е голем празник, Педесетница или Духовден.
Учениците
беа облечени во Божја Сила и бестрашно ја проповедаа радосната вест за Царството Божјо
-
Христовата Зедница на верни денес активно живее и делува, тоа се членовите на Светата Православна Црква.
- Првите три векови христијаните ќе бидат страшно прогонувани и измачувани од Римските Цареви
- Во 4 Век Св Јован Златоуст ги запишува молитвите и песните на Светлата Православна Литургија
- Следуваат седум големи вселенски собори Види Повеќе
- 10 век Следува голема поделба на црквата на Источна Православна и Западна Римокатоличка Види Повеќе
 

Зошто треба да ја читаме Библијата
* Библијата ни го открива патот до вечниот живот. Таа сведочи за вечниот живот во Црквата Божја

* Библијата се 77 книги во кои Бог се објавува на човекот,
Брзо после Христовото Воскресение се појавиле многу лажни * апокрифни книги.
Поради големата популарност на Христос и Апостолите некои луѓе сакале да се збогатат пишувајќи лажни книги.
Лесно можело некои од овие верните да ги прифатат за вистински. Затоа Црквата ги собра вистинските на едно место

* Библијата најчитана и  книга на сите времиња таа кажува за Љубов меѓу Бог и Човекот која силно може да се почувствува на Светата Богослужба во Православните Храмови. Целата Православна Уметност е плод на Љубовта меѓу Бог и Човекот
* Бог јасно ни ја кажува смислата на животот. Зошто се раѓаме, зошто умираме, и каде ќе одиме после преминот.

* Расказите во Библијата се напишана на јазик кој што е разбирлив за сите времиња, за сите луѓе, за најпростите но и за најучените. За оние кои живееле пред илјадници години, за нас кои можеме да кажеме дека живееме во модерно време кога технологијата не прави зависни од разни електронски уреди и машини, но и за луѓето кои ќе живеат после нас на земјата. Денес Светата Книга се проучува со нови компјутерски техники и во неа секогаш се откриваат нови мудрости и нови значења.

* Библијата е книга во која зборовите се полни со Сила и со Дух. Тие зборови имаат сила да не воскреснат.
Кога читаме, дури и кога не ја разбираме Библијата, Бог се вселува во нас преку Светиот Дух. Библијата треба секој од нас да ја има дома, зборовите на Господ секој ден да ги читаме, да ги повторуваме и на памет да ги научиме
* За оние работи кои се нејасни секогаш ќе се советуваме со Свештениците, Учителите и Заедницата Најдобро е секој ден да се прочитаат неколку страни од Библијата и потоа во врска со зборовите на Господ да се советуваме со Црквата.
Се препорачува секој ден да се прочитаат по неколку страни од Стариот Завет и неколку страни од Новиот Завет.
*  Библијата не е книга која еднаш се чита и потоа се остава на страна.
Оваа Книга се чита
секој ден во текот на целиот наш живот
Таа е извор на живот и ние не смееме да дозволиме овој извор да прекнине да тече во нас.
Зборовите на Господ се Духовна Храна за нас
. Телото неможе да живее без леб, вода, масло, ..
Така нашиот дух не може да живее без Божјите Зборови.
За
жал Светот секој ден се одалечува од вистината и запаѓа во илузија дека може самиот да си живее без Божјите Совети.
Последиците од таквата состојба се катастрофални
* Библијата има 77 книги од кои 50 се Стариот Завет и 27 се Новиот Завет.
Во стариот завет е опишан животот на Адам и Ева, Ное, Јов, Авраам, Исак, Јаков, Мојсеј, Давид, Соломон, Пророците ...
Стариот Завет претставува завет на Бог со народот Израилев дека ако ги исполнува заповедите Божји ќе биде благословен
И дека од тој народ ќе се роди Спасител на Светот, кој ќе биде вечен Цар, и Неговото Царство не ќе има крај.

А Новиот Завет е Завет на нашиот Спасител Господ Исус Христос дека секој што верува во него ќе живее вечно.
Секој што верува дека Господ Исус Христос е вистински Бог нема да умре но ќе има живот вечен.

Како знак на Стариот Завет беше пролеана крвта на животните, а знак на Новиот Завет е крвта и животот на Христос

Исус не остана меѓу мртвите но по три дена Воскресна. Секој што верува во него ќе Воскресне во Вечна Радост
*Силата на Христовото Воскресение ни се дава на секоја Православна Литургија, во Храмовите Божји

Денес се најдени многу стари манускрипти (ракописи) кои можеме да ги искористиме за да ги потврдиме уште постарите ракописи.
Како на пример Свитоците од Мртвото Море. Овие Свитоаци од Мртвото Море се Кумранските ракописи
Тие датираат од 2-3 век пред Христос и содржат ракописи на 38 (од вкупно 39) книги од Стариот Завет.
Споредбата на тие ракописи со денешниот текст на Стариот Завет е идентична.
Ние имаме на располагање огромена колекција на ракописи на кои можеме да се повикаме
За да ја потврдиме текстуалната веродостојност на нашиот сегашен документ.
За ракописите на Новиот Завет (ММС) ние имаме 5.300 грчки манускрипти или фрагменти од нив
10.000 од латинската Вулгата и најмалку 9.300 други рани преводи.
Се на се, ние сега имаме повеќе од 24.000 манускрипти или делови од Новиот Завет
Очигледно ова ни е доволно материјал за да можеме да прецртаме некои варијабилни стихови кои евентуално би постоеле.
Некој стих, или збор од некој стих, кој се појавува различно во некои манускрипти
(пр. 70% го има во манускриптите, а 30% го нема) тоа е забележано во преводот со фуснота, најчесто доле под текстот.
Вакви пропусти на препишувачите има занемарливо малку и ова воопшто не го нарушува угледот на непроменливоста на Библијата.
Христијаните не одрекуваат дека имало печатни грешки во копиите на Стариот и Новиот завет.
Тоа е надвор од можностите на секој човек, да не промаши ни една буква
Или знак при преписот на толкави книги било да се свети или обични.
Сепак можеме да бидеме сигурни дека оригиналните ракописи на Стариот и Новиот завет биле вдахновени и безгрешни
Но за жал, овие оригинали, поради нивната старост и неиздржливоста на материјалот на кој биле напишани, не постојат повеќе.
Препишувачите биле наклонети кон два типа на печатни грешки, добро познати и документирани од експертите по манускриптална анализа.
Едните се однесувале на правилното пишување на имињата (особено непознатите странски имиња)
А другите се однесувале на броевите.
Фактот што во основа биле овие два типа на грешки, го подржува аргументот за грешките на препишувачите.
Ако навистина оригиналите биле контрадикторни, ние ќе имавме доказ за тоа во самата нивна содржина.
Важно е да се запомнe дека во Библијата не постои печатна грешка која засегнува некоја доктрина во Библијата.
Не ни е оставена таква прилика, поради некоја мала печатна грешка, слободно да си го толкуваме Божјото Слово
Т.Е. на свој начин да си го приспособуваме кон нашите интереси.
Еврејските и Грчките текстови се премногу добро сочувани,

За Кумранските Списи
Едно бедуинско овчарче, во 1947 год. шетајќи се по северозападниот брег на Мртвото море на 13 милји источно од Ерусалим
Барајќи ја својата изгубена овца наишло на темна пештера каде фрлајќи камен за да ја провери внатрешноста на пештерата
Слушнало звук сличен на оној кога се крши некоја вазна или некој ќерамички сад.
Збунето и зачудено овчарчето влегло внатре во пештерата да види што било тоа што го скршил.
Кога се приближило до скршениот објект, видело дека станува збор за некакви стари садови
Во нив биле згрижливо сместени папирусни ролни од животински кожи на кои било напишан текст со неразбирлив јазик

Покасно стручњаците утврдиле дека тоа се многу стари манускрипти неколку векови пред нашата ера.
Во периодот од 1947-1956, во 11 пештери, најдени се околу 850 свитоци составени од неколку десетици ијлади фрагменти.
Ова откритие го привлече љубопитното око на скоро сите археолози од целиот свет. Анализата започна...

Зошто се овие стари свитоци толку важни?
Свитоците на Мртвото море се најголемото и најважното манускриптно откритите во последниве векови.
На нив посебно им се израдуваа христијаните. (еве Линк на Англиски)
Во богатството на оваа "библиотека", меѓу другите текстови, најдени се и многу библиски манускрипти, цели старозаветни, книги.
Од 39 книги (коклу што ги има во Стариот Завет) најдени текстови од 38 книги, значи сите книги, освен книгата на Естира.

Големиот Свиток на Исаија
Меѓу големото богатство на библиски манускрипти, најдена е и целата книга на пророкот Исаија.
Сите 66 поглавја, со неверојатна идентичност на текстот кој ние го читаме денес.
Беа направени неколку анализи на нејзината старост и беше утврдена околу 3 век пред нашата ера.
Староста на овие манускрипти и нивната неверојатна идентичност со текстот што денес го читаме во нашите Библии
Им ја затвори устата на скептиците кои веруваат дека со  препишувањето на Библијата голем дел бил променет
Не случајно, е тоа што меѓу овие библиски книги е најдена во целост книгата на пророкот Исаија. Зошто?
Исаија е старозаветен пророк чија книга изобилува со месијански пророштва (пророштва за Христос) повеќе од другите
Во неговата книга се наведени неверојатни детали (пророштва) за животот, смртта и делото на Исус Христос.
Таму е проречено дека ќе се роди од дева, дека ќе биде Бог, дека ќе пострада за гревовите на луѓето,
Дека рацете и нозете ќе Му бидат прободени, дека ќе биде распнат меѓу злосторници, а погребан меѓу богатите (Исаија 53)
Сето ова е најдено напишано околу 3 века пред да се роди Оној за кого сето ова е пророкувано - Христос!
Овие пророштва кои целосно се исполнети во евангелијата на директен начин ја потврдија и нивната веродостојност
Сите заедно ја затворија устата на сите оние кои тврдат дека христијанските книги се лажни или изменети низ историјата
Муслиманите на пример веруваат дека христијаните и евреите ги измениле книгите на Стариот Завет
Т.Е. ги "прилагодиле" пророштвата согласно нивната приказна за Исус Христос
Секако нема ниту еден доказ за таквиот претпоставн заговор на христијаните или евреите.
Но се поставува прашањето:
Како е можно христијаните да се вратиле назад во 3 век пред нашата ера и да ги изменат овие свитоци од Мртвото море?

      
 Делови од Библијата

Денот на Божјиот Благослов Јоил 2.28
Ќе излеам од мојот Дух врз секое тело
Синовите ваши и ќерките ваши ќе пророкуваат
Старите ваши ќе сонуваат соништа
И младите ваши ќе гледаат виденија


Господ Бог е мојата Сила  Авакум 3.17
Дури и да не процути смокавата
А и да нема плод на лозите
Дури и маслинката да откаже
И нивата да не даде плод
Дури и овците да не останат во трлото
Па и рогат добиток да нема
Јас и тогаш ќе се радувам во Господа
И ќе се веселам во Бог, моето спасение
Господ Бог е мојата Сила

Молитвата на Мојсеј
Стани Господи, за да се растурат Твоите непријатели, и да избегаат од Твоето лице оние, што те мразат.
 
Благослов за народот на Арон и Свештениците
Да те благослови Бог и да те чува, да погледа милозливо кон тебе Господ со светлото свое лице на тебе и да те помилува. Да го Сврти Господ лицето свое и да ти даде мир.

Псалм 22
Господ е Пастир мој, ништо нема да ми недостасува
Он ме пасе на плодни пасишта и ме води на тивки води
Ја поткрепува душата моја, ме води по патот на правдата заради името свое
Кога би тргнал и по долината на смртната сенка, нема да се исплашам од злото
Зошто ти си со мене. Твојот жезал и твојата палка ме успокојуваат
Си приготвил пред мене трпеза на очиглед на непријателите мој
Си ја помазал главата моја со елеј
И чашата твоја ме напојува со блаженство
И милоста твоја така да ме придржува преку сите денови на мојот живот
И јас ќе престојувам во Домот Господов многу дни

Најголема е Љубовта   ** 1 Кор 13**
Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски
Штом Љубов немам ќе бидам бакар што ѕвони или кимвал што ѕвечи
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи
А и така силна вера што и планини да преместувам
Ако Љубов немам ништо не сум
И да го раздадам целиот свој имот, да дозволам телото да ми изгори
Штом Љубов немам ништо не ми користи
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина. Љубовта не завидува.
Љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое
Не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува а на вистина се радува
Се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува
Љубовта никогаш не престанува, а другото
Ако се пророштва ќе престанат, ако се јазици ќе замолкнат, ако се знаења ќе исчезнат
Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме
А кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното
Кога бев дете зборував како дете, као дете мислев, како дете размислував
А кога станав маж, го оставив детинството
Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш лице во лице
Сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат
А сега остануваат овие три работи
Верата, Надешта, Љубовта
Најголема меѓу нив е Љубовта
 

Блаженства
Блажени се бедните по дух зашто нивно е царството небесно
Блажени се оние што плачат зошто тие ќе се утешат
Блажени се кротките зошто тие ќе ја наследат земјата
Блажени се гладните и жедните за правда зашто тие ќе се наситат
Блажени се милостивите зошто тие ќе бидат помилувани
Блажени се чистите по срце зошто тие ќе го видат Бог
Блажени се миротворците зошто тие ќе се наречат Синови Божји
Блажени се гонетите заради Правда зошто нивно е Царстовот Небесно
Блажени сте вие кога ќе ве страмат и прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно заради мене
Радувајте се и веселете се зошто голема е вашата награда на небесата
 

Псалм 1
Блажен е оној човек што не оди на совет безбожнички
Не застанува на пат на грешници и не седи во друштво на развратни
Па му омилел законот на Господа и во законот негов дење и ноќе се поучува
Тој е како дрво посадено крај воден извор
Кое својот род го дава навреме и чиј лист не вене
И во се што први напредува
Но не се такви безбожните, тие се како прав што го растува ветер по земјата
Затиа безбожните нема да се одржат на судот
Ниту грешните во соборот на праведните
Зошто Господ го знае патот на праведните
Патот пак безбожен води во погибел
 



 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie