Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Милан Арсов

Роден е во 1885 година во с.Ораовец, Велешко. Се школувал во Битолската и Солунската машка гимназија но не завршил. Во Солун се запознал со анархистичките идеи на Гемиџиите и станал член на Македонскиот таен анархистички кружок.

Во април 19903 година, учествува активно во Солунските атентати. На 28 април 1903 година, заедно со Д.Мечев и И.Тричков ја минираат железничката линија Солун - Деде-Агач. Другиот ден на 29 април, фрла бомба во летниот теартар „Алхамбра“. По атентатрот М.Арсов бил ранет и уапсен од полицијата. Заедно со другите притворени првично се осудени на смрт, за покасно пресудата да биде преиначена во доживотен затвор.

Заточени се во пустинскиот град Мурзук, во областа Фезан во Либија. Во затвороТ се разболел од туберкулоза и умира во 1908 година. По амнестијата неговите другари П.Шатев и Г.Богданов им ја предале неговата глава на родителите за погреб.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik