Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!
Андреј Казепов

Роден е во 1878 година во Јанковец, Ресенско. Учел во Цариград и Солунската егзархиска гимназија (1896-1899 година). Учителствувал во Банско (1900-1901) и Струмица (1901-1902). Во 1902 година влегува во четата на Јане Сандански. За време на Илинденското востание дејствувал во Пиринско. Пролетта 1904 година бил назначен за војвода во Кресненскиот реон.

На 24 април 1904 година, во еден судар со турската војска, Казепов загинал кај селото Сенокос, Кресненско.

<< Претходна | Следна>> | Именик

granicnik