Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



 

 


УТРЕНА ВОСКРЕСНА - НЕДЕЛНА

 


 ПОСЛЕ БОГ ГОСПOД        

 

 ТРОПАР ВОСКРЕСЕН (2 пати)  СИ Богородичен

Ако е Прв Глас
1 Гл.
Иако, со камен, запечатено и од војници чувано Твоето пречисто тело, Си воскреснал по три дена, Спасителе, Кој, му даваш живот на светот
Затоа Ти пееа силите Небесни Животодавче, Сл: на Тв Воскр Христе, Сл: на царството Тв, слава на Тв промисла единствен Човекољубив.
СИ Кога Гаврил ти велеше Дево радувај се! Со гласот се овоплотуваше во тебе Господарот на сите, Св Кивот, како што рече праведниот Давид.
Се покажа поширока од небесата носејќи Го Твојот Создател.
Слава на Оној Кој се всели во тебе Слава на Оној Кој излезе од тебе. Слава на Оној Кој не ослободи со Твоето раѓање.

2 Гл. Кога Си слегол кон смртта, Животе бесмртен, тогаш адот Си го умртвил со блесок на божеството
А кога умрените од подземјето Си ги воскреснал, сите сили небески воскликнуваа: Животодавче Христе Боже, наш, слава Ти.
СИ Се е надмисловно, сите твои тајни се преславни Богородице. Иако со чистота си запечатеиа и во девство сочувана
Се покажа вистинска Мајка кога Го роди вистинскиот Бог: Него моли Го да се спасат душите наши.

 

3 Гл. Да се веселат небесните, да се радуваат земните, зашто Господ со Својата сила се покажа Господар.
Со смрт смртта ја победи, првенец од мртвите постана, од утробата на адот не избави и на светот му даде голема милост.
СИ Тебе, која си посредница во спасението на нашиот род те воспеваме Богородице Дево
Зашто со телото примено од тебе, Синот Твој и Бог наш откако прими страдание на крстот, не избави од распадливост како човекољубец.

 

4 Гл. Светлата проповед за воскресението штом ја дознаа Господовите ученички од ангелот и прародителската осуда ја отфрлија
Фалејќи се на апостолите им говореа: Се уништи смртта, воскресна Христос Бог, Кој на светот му дарува голема милост.
СИ Тајната скриена од памтивек непозната и за ангелите, преку тебе Богородице на земјата се јави Бог овоплотен во неслиено единство
И откако заради нас доброволно прими крст со кој го воскресна првосоздадениот, од смрт ги спаси душите наши.

 

5 Гл. Собеспочетното Слово на Отецот и Духот Кое од Дева се роди за спасение наше, да Го воспееме верни и да Му се поклониме
Зашто благоизволи со тело да се искачи на крст и смрт да претрпи и да ги воскресне умрените со славното воскресение Свое
СИ Радувај се врата Господова непроодна, радувај се стено и покров на оние што прибегнуваат кон тебе
Радувај се мирно пристаниште и неискусобрачна која по тело Го роди Творецот твој и Бог.
Постојано моли се за оние што и пеат и се поклонуваат на твојата Рожба.

 

6 Гл. Од ангелската сила на гробот Твој и стражарите премреа, и стоеше Марија во гробот барајќи го твоето пречистото тело
Но Ти Си го пленил адот не вкусувајќи од него, Си ја сретнал Дева дарувајќи живот. Господи Кој воскресна од мртвите, слава Ти.
СИ Ти Кој благословена Си ја нарекол Својата мајка, доброволно Си дошол да страдаш, откако засветли на крстот сакајки да го побараш Адама
Им рече на ангелите: Радувајте се со мене зашто се најде загубената драхма. Се мудро Си устроил, Боже наш слава Ти.

 

7 Гл. Со крстот Твој смртта Си ја разрушил, на разбојникот рајот Си му го отворил, на мироносиците плачот Си им го променил и на апостолите
Си им заповедал да проповедаат дека Си воскреснал Христе Боже, Кој на светот му даруваш голема милост.

СН
Како сокровиште на нашето воскресение, оние кои во тебе се надеваат, Севоспеана, од јамата и длабочината на прегрешенијата изведи ги;
Зашто си ги спасила виновните за гревот, ти која си Го родила спасението наше; пред раѓањето беше Дева, во раѓањето си Дева и по раѓањето пак ос.тануваш Дева.

 

8 Гл . Од висините Си слегол Милосрден, погребение тридневно Си примил да не ослободиш од страданијата
Животе и воскресение наше, Господи, слава Ти.
СИ Ти кој заради нас се роди од Дева и распнување претрпе Благи
Соборувајќи ја смртта со смрт и воскресението го најави како Бог, не презирај ги оние кои Си ги создал со раката Твоја.
Покажи го Твоето човекољубие Милостиви, прими ја таа што Те роди Богородица, која се моли за нас и спаси ги Спасителу наш луѓето од очајание.

 Ек - СедаленЕк - Седален - (Седелен од Осмогласник) Непорочни  


Благословен си, Господи, научи ме на повелбите Твои. Ангелскиот собор се восхити, гледајќи Те сместен меѓу мртвите Спасителу
Смртната сила ја разори и со Себе Адама го подигна и од адот сите ги ослободи. Зошто мирото со милостивните солзи о ученички го растворивте?
Блескајќи во гробот, ангел на мироносиците им зборуваше:  Погледнете го гробот и сфатете, дека Спасителот воскресна од гробот.

Многу рано мироносиците трчаа кон Твојот гроб, плачејќи, но застана пред нив ангелот и рече:
Времето за плачење помина, не плачете, но воскресението објавете им го на апостолите.

Мироносици жени со миро пристигнаа кај гробот Твој Спасе и плачеа. Ангелот им рече: зошто со мртвите Живиот го мислите? Како Бог Он вос: од гр:

СЛ: Да се поклониме на Оца и Неговиот Син, и на Светиот Дух: На Св Троица, единосушна, со серафимите пеејќи: Свет, свет, свет си, Господи.
ИС:
Откако Животодавецот Го роди Дево, Адам од гревот го избави. На Ева, радост наместо мака и подари;
              и паднатите преку неа, кон живот ги обрати ткако од тебе се овоплоти Бог и човекот. Алилуја, алилуја, алилуја, слава Ти, Боже.
(3)


Ек - Ипакој
Степени -  Да внимаваме Прокимен
Се што дише, да Го фали Господа. Х: Се што дише, да Го фали Господа.

Фалете Го Бога во Неговата светиња, фалете Го во цврстината на силата Негова. Х: Се што дише, да Го фали Господа Да Го фали Господа
Премудрост, пазете, да го ислушаме светото Евангелие. Мир на сите. Х: И СО ДУХОТ ТВОЈ.
Од Светото Евангелие ќе се чита. Х: СЛАВА, ТИ, ГОСПОДИ, СЛАВА ТИ Да внимаваме. И све го кажува утреното Ев. СЛАВА ТИ ГОСПОДИ СЛАВА ТИ


Откако го видовме Христовото воскресение, да Му се поклониме на светиот Господ Исус, Единствениот безгрешен.
На Твојот крст се поклонуваме, Христе, и твоето свето воскресение го воспеваме и славиме.
Зашто Ти си наш Бог, и освен Тебе, друг не познаваме, и со Твоето име се именуваме.
Дојдете сите верни, да се поклониме на светото Христово воскресение, зашто, ете - преку крстот дојде радост за целиот свет.
Секогаш, благословувајќи Го Господа, да го воспеваме Неговото воскресение, зашто Он, откако претрпе распнување, смртта ја разруши со смрт.
 

Пс 50 Помилуј ме, Боже, поради големата Твоја милост, и заради големата Твоја добрина избриши ги беззаконијата мои.
Најнапред измиј ме од моето беззаконие и очисти ме од мојот грев, зашто беззаконието мое го знам и мојот грев е секогаш пред мене.
Пред Тебе единствениот згрешив и пред Тебе зло извршив, за да бидеш справедлив кога ќе пресудуваш и да победиш кога ќе судиш.
Ете во безз: сум зачнат и во грев ме роди мајката моја. Но Ти ја засака вистината во срцето, и внатре во мене ми ја објави непознатата и тајна прем: Твоја
Пороси ме со исоп, и ќе бидам чист; измиј ме и ќе бидам побел од снег. Дај ми да чујам радост и веселба, и ќе се зарадуваат коските мои ослабнати.
Сврти го лицето Свое од гревовите мои и избриши ги сите мои беззаконија. Создај чисто срце во мене, Боже, и дух вистински обнови во мене.
Не отфрлувај ме од лицето Свое и Светиот Дух Твој не одземај го од мене. Врати ми ја радоста, спасувајќи ме и со Својот моќен Дух зацврсти ме.
Беззакониците ќе ги научам да одат по Твоите патишта, и безбожниците кон Тебе ќе се обрнуваат. Избави ме од крвта, Боже, на моето спасение,
И јазикот мој ќе се зарадува на Тв: правда. Господи отвори ја устата моја и устата моја ќе ја објави похвалата Тв: оти да сакаше жртва јас ќе Ти ја прин:
Но сепалениците не ги сакаш. Жртвата пред Бога е смирен дух; срце понизно и смирено Ти, Боже не отфрлуваш.
Господи, направи му добро на Сион, според благоволението Свое, воздигни ги ѕидовите ерусалимски.
Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, вознесувањата и жртвите сепаленици; тогаш на Твојот олтар ќе принесуваат телци.

 

Слава: По молитвите на апостолите, Милостиви, очисти ги нашите многубројни согрешенија
И сега: По молитвите на Богородица, Милостиви, очисти ги нашите многубројни согрешенија.                                           

Помилуј ме Боже, поради големата Твоја милост и заради големата Твоја добрина, очисти ги моите беззаконија.

Воскресна Исус од гробот, како што прорече, ни даде живот вечен и голема милост.                                             


Ек - Канон 3 - Ек - Сед - 6 -  Ек - Кондак - Ик - 8 Те фалиме те благословуваме ти се поклонуваме Господи восхвалувајки те и превознесувајки те во сите векови
   
Богородица, и Мајката на светлината, во песни ја величаме.                                                                           * Гос Праз не се пее мојата душа го велича господ

Мојата душа Го велича Господа и мојот дух се зарадува во Бога, Спасителот мој.
Почесна од херувимите неспоредливо пославна од серафимите, нетлено Бога Словото што го роди, вистинса Богородица, тебе те величаме     ** По секој стих

Оти ја погледна смиреноста на слугинката Своја и, ете, отсега ќе ме ублажуваат сите родови;

Зашто Силниот ми направи големи дела и свето е Неговото име; и милоста Негова е од колено на колено за оние, што се бојат од Него.

Он покажа сила со раката Своја; ги распрсна оние што се гордеат со мислите во срцата свои;

Ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените, гладните ги исполни со добра, а богатите ги отпушти празни;

Го прифати Израилот, Својот слуга, сеќавајќи се на милоста, како што им зборуваше на татковците наши, на Авраама и на семејството негово довека.  

Ек      ☺Свет е Господ нашиот Бог  Х: Свет е Господ нашиот Бог Зашто свет е Господ нашиот Бог Х: Свет е нашиот Бог
           
Над сите луѓе е нашиот Бог Х: Свет е нашиот Бог се пее  -

СВЕТИЛЕН -  ФАЛИТНИ  Се што дише нека Го фали Господа. Фалете Го Г: на небесата фалете Го на височините. Тебе Ти прилега песна, на Бога.

                             Фалете Го, сите ангели Негови, фалете Го, сите војски Негови. Тебе, Ти прилега песна, на Бога.

Стихири, на 6. Да го извршат над нив напишаниот суд. Тоа ќе биде славата за сите Негови светии.          ** Нед  десет од Октоих, а  праз  4 или 6 минеј

                            Фалете Го Бога во Неговата светиња, фалете Го во цврстината на силата Негова.   

Стихири, на 4  Фалете Го поради неговите сили, фалете Го поради многуте величија Негови.

                            Фалете Го со трубен звук, фалете Го со псалтир и гусли;                                       

Стихири, на 2  Фалете Го со тимпани и во оро, фалете Го на струни и со свирка                         

                            Фалете Го со милозвучни кимвали, фалете Го со кимвали громогласни! Се што дише - нека Го фали Господа


    
С Евангелска или Стрихира на празникот И  Богородичен
Преблагословена си, Богородице, Дево, бидејќи Оној Кој се воплоти од тебе го плени адот, го повика Адама, клетвата се раскина
Ева се ослободи, смртта се умртви, и ние оживеавме. Затоа пеејќи да извикаме: благословен да е Христос Бог, Кој така благоволи, слава ти
 

СЛАВА НА ТЕБЕ, КОЈ НИ ЈА ПОКАЖА СВЕТЛИНАТА.                                 Слушни  ♫ ♪ ♪
Слава на бога во височините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја.
Те фалиме, Те благословуваме, Ти се поклонуваме, Те славиме, Ти благодариме поради Твојата голема слава.
Господи Цару небески, Боже Оче Седржителу, Господи Сине Единороден, Исусе Христе и Свети Духу.
Господи Боже Јагне Божјо Сине на Отецот кој ги земаш гревовите на светот, помилуј не.
Ти Кој ги земаш гревовите на светот, прими ја молитвата наша. Ти Кој седиш од десно на Оца помилуј не, зашто Ти си Единсвет свет
Ти си Единствен Господ, Исус Христос, во слава на Бога Оца. Амин. Секој ден ќе Те благословувам и ќе Го фалам Твоето име вечно и во вечни векови.
Удостој не Господи, во овој ден да се сочуваме од грев. Благословен Си Господи Боже на нашите оци. И фалено и прославувано е Твоето име во веки. Амин.
Нека биде Господи, Тв милост на нас,како што се надевавме во Тебе.
Благословен си Господи, научи ме на повелбите Твои. (3)
Господи, Ти си ни бил прибежиште од род во род. Јас реков: Господи помилуј ме и исцели ја мојата душа ашто згрешив пред Тебе.
Господи, кон Тебе прибегнав, научи ме да ја исполнувам Твојата волја, зашто Ти си мој Бог.
Зашто во Тебе е изворот на животот, во Твојата светлина ќе видиме светлина. Простри ја Твојата милост врз оние, кои Те познаваат.  
Св Боже, Св Силни, Св Бесмртни, помилуј не
(3) СИ Св Бесмртни помилуј не. Св Боже Св Крепки Св Бесмртни, помилуј не.   ТРОПАР праз, или ...

Денеска е спасението на светот, да Му пееме на Воскреснатиот од гробот и зачетникот на нашиот живот.                **
Ако е 1357 Глас
Зашто, откако ја урна смртта со смрт, победа ни даде и голема милост.

 

Воскреснат од гробот, оковите адски Си ги раскинал, Си ја разрушил смртната пресуда, Господи, откако ги избави сите од непријателските замки. Откако, пак, им се покажа на апостолите, Си ги испратил на проповед и преку нив Си и го дал Твојот мир на вселената, Единствен милостиви.     ** Ако е 2468

 

Благословено е Царството на Отецот и Синот и Светиот Дух ...  Тука започнува Светата Литургија

 

 

 

 



 

 




Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie