Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



ЗА ВЕЛИКИОТ И СЛАВЕН ПРОРОК ИЛИЈА ЗАЕДНО СО МОЈСЕЈ
ДВЕТЕ МАСЛИНОВИ ГРАНЧИЊА ОПИШАНИ ВО КНИГАТА ОТКРОВЕНИЕ


Времето, со грмотевици и дождови сведочи за овој голем и свет пророк, за да не воведе во размислување за верата и спасението, кое ни се дава од Небесата.


За свети Илија постојат интересни записи и толкувања. Тој е еден од неколку луѓе за кои се знае дека не лежат во гроб.

Прв е Енох, за кого е запишано дека одеше со Господ, и беше земен од лицето на земјата.
Мојсеј и Илија. За Мојсеј во библија пишува дека се качи на планината да ја види ветената земја и да умре.
Но некои еврејски преданија сведочат дека Мојсеј бил земен од земјата.
За ова сведочи и Новиот Завет, кога Мојсеј и Илија се јавуваат на гората каде разговараат со Исус, и потоа се слуша глас од облакот ....
„Господи, добро е да бидеме овде и ако сакаш да направиме тука три сеници: една за тебе, една за Мојсеј и една за Илија”. (Мат. 17, 4). Тогаш уште додека Петар зборувал старозаветните пророци исчезнале, а нив ги прекрил светол облак, а од облакот се слушнал глас: „Ова е мојот возљубен Син, во кого е мојата волја; него послушајте го!” (Мат. 17, 5).
Него слушајте Го. Значи дека Господ Исус ќе им го објасни значењето на целиот старозаветен закон, и ќе им го покаже патот на спасението. Ова јавување на гората од страна на овие два најголеми пророци Мојсеј и Илија, било многу важно за апостолите, бидејќи евреите во она време својата вера ја темелеле врз законот даден преку овие пророци, за кои имале најголема почит. А ете се исполни времето на Новиот Зввет, кога ние се спасуваме преку вера во Господ Исус Христос, а законот останува во историјата, како припрема за сето ова денес што ни откриено, а тоа е живот во Црквата Божја, и Светата Литургија.
Светлината Христова, на гората, што ја гледале апостолите, од Светите Отци, е наречена * Несоздадена Енергија. Уште се нарекува Слава, или Благодат. Тоа се Божествени енергии кои ни се даваат од Светиот Дух. Светиот Дух како Божество за нас е несватлив, но ние ние во Господ веруваме, и го чувствуваме, преку овие благодатни енергии, кои ни се даваат, од третото Лице на Света Троица, од Светиот Дух. Кога за некого, пророк, или човек, ќе се каже дека примир дар на Светиот Дух, или дека Светиот Дух пребива во него, не се мисли буквално на Духот Божји како трето лице од Троица, но тоа е Дарот на Светиот Дух, тоа е благодатта Божја, или Славата Божја, или несоздадените енергии, кои ни се даваат од Светиот Дух.
Господ Исус Христос
воскресна од мртвите и седна десно од Отца
Света Богородица и секогаш дева Марија беше земена на небесата, да се моли за нас.

Повеќето православни Отци и учители, веруваат дека Свети Илија повотрно ќе дојде на крајот од времето
, заедно со Мојсеј (или Енох) за да го дадаат последното сведоштво на еврејскиот народ, но и на цел свет. Во книгата Откровение стои дека двајца пророци ќе дојдат да проповедаат во Јерусалим, ќе направат големи чуда, ќе бидат убиени, потоа ќе воскреснат ...


3. И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, и тоа облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двесте и шеесет дена.
4. Тоа се двете маслинови дрвца и двата светилника што стојат пред Господарот на земјата.
5. И, ако некој сака да им направи неправда, оган ќе излезе од устата нивна и ќе ги проголта нивните непријатели; да, така треба да биде убиен оној, што ќе посака тоа да го направи.
6. Тие ќе имаат власт да го затворат небото, за да не паѓа дожд во деновите на нивното пророкување, и ќе имаат власт над водите да ги претворат во крв и да ја поразат земјата со секаква мака, кога што ќе посакаат.
7. И кога ќе го завршат сведоштвото свое, тогаш ѕверот, кој што ќе излезе од бездната, ќе им објави војна и ќе ги победи, и ќе ги убие.
8. А труповите нивни ќе ги остави по улиците на големиот град, кој духовно се наречува Содом и Египет, каде што и нивниот Господ беше распнат.
9. И многу од народите и племињата и јазиците ќе ги гледаат нивните трупови три дена и половина и нема да позволат нивните трупови да се положат во гробови.
10. И жителите на земјата ќе се зарадуваат и развеселат поради нив, и ќе си праќаат дарови еден на друг, бидејќи тие два пророка ги мачеа оние, што живеат на земјата.
11. Но по трите дена и половина во нив ќе влезе животен дух од Бога, и тие ќе се исправат на нозете свои, и голем страв ќе ги обземе оние, што ќе ги гледаат.
12. Тогаш тие ќе чујат висок глас од небото како им вели: “Искачете се ваму!” И тие ќе се издигнат на небото во облаци, и непријателите нивни ќе ги видат.
13. Во тој час ќе настане голем потрес, и десеттиот дел од градот ќе се растури; а од потресот ќе загинат седум илјади човечки имиња; другите, пак, ќе се исплашат и ќе Му воздадат слава на небесниот Бог.


Рим 11.26 и по таков начин целиот Израил ќе се спаси, како што е напишано:
 „Ќе дојде од Сион Избавителот и ќе ја отстрани безбожноста од Јакова”.


Апостол павле во своето послание до Римјаните 11, објаснува дека еврејскиот народ е пресечен од лозата на вечниот живот, за ние од целиот свет да бидеме накалемени на оваа лоза, но на крајот од времето евреите повторно ќе бидат вратени на лозата, и сите ќе се спасат. Еве ја целата глава. Рим 11


Бог не го отфрлил народот Свој. Чудни се патиштата Господови.
1. И така, ви велам: зар Бог го отфрли Својот народ? Никако! Оти и +јас сум Израилец, од семето Авраамово, од коленото Венијаминово.
2. Бог не го отфрли Својот народ, кој однапред Го разбра. Или, пак, не знаете што кажува Писмото за Илија, како тој Му се пожали на Бога од Израилот, велејќи:
3. Господи, ги избија пророците Твои и ги раскопаа жртвениците Твои; јас останав сам, и сакаат да ми ја земат душата.
4. А како му вели Божјиот одговор: „Си оставив седум илјади мажи, кои не ги преклонија колената пред Ваала”.
5. Така е, пак, во сегашно време; остатокот се спаси по избор на благодатта.
6. Но, кога е по благодат, не е по дела; оти благодатта веќе не би била благодат. Ако, пак, е по дела, тоа веќе не е благодат; зашто инаку делото не би било веќе дело.
7. А што? Израилот не го доби она, што го бараше; избраните, пак, го добија, а другите се ожесточија,
8. како што е напишано: „Бог им даде дух што не чувствува: +очи да не гледаат, и уши – да не слушаат, дури до денешниов ден.”
9. И Давид рече: „Трпезата нивна да им биде замка, клопка, сопка и отплата;
10. да им се заматат очите нивни, за да не гледаат, и ‘рбетот нивни да им се превитка засекогаш”.
11. Ви велам пак: зар се сопнаа, за да паднат? Не! Но преку нивното паѓање дојде спасението за незнабошците, за да се возбуди во нив ревност.
12. Ако е, пак, паѓањето нивно богатство за светот, и отпаѓањето нивно богатство за незнабошците, тоа колку повеќе ќе биде обраќањето на нив сите.
13. Вам, на незнабошците, ви велам: до колку сум апостол на незнабошците, јас ја прославувам својата служба,
14. та некако да возбудам ревност во својот род по плот, и некого од нив да спасам.
15. Зашто, ако нивното отфрлање е спасение за светот, тоа какво ли ќе биде нивното примање, ако не воскресение од мртвите?
16. Кога е квасот свет, тогаш свето е и тестото: и ако е коренот свет, свети се и гранките.
17. Ако, пак, некои од гранките се отцепиле, а ти, бидејќи дива маслинка, си се накалемил на нивното место и си станал соучесник на коренот и на маслиновиот сок,
18. затоа не фали се пред гранките. Ако, пак, се фалиш, знај дека ти не го држиш коренот, туку коренот – тебе.
19. Но ќе речеш: се отцепија гранките, за да се прикалемам јас.
20. Добро. Тие преку неверие се отцепија, а ти преку вера се држиш: не мисли за себе високо, туку имај страв.
21. Зашто, ако Бог не ги поштедил природните гранки, гледај та и тебе да не те поштеди.
22. Гледај ја, пак, Божјата благост и строгост: строгост кон отпаднатите, а благост кон тебе, ако останеш во благоста; инаку, +ти ќе бидеш отсечен.
23. Но, тие, ако не останат во неверието, ќе бидат прикалемени, оти Бог е моќен пак да ги прикалеми.
24. Зашто, ако си ти отсечен од природна дива маслинка, и против природата си прикалемен на питома маслинка, тоа тогаш колку полесно оние, природните, ќе бидат прикалемени на својата маслинка.
25. Не сакам, браќа, да не ја знаете таа тајна – за да не бидете горди – дека слепотија на еден дел од Израилот му падна, додека не влезат незнабошците, колку што е потребно,
26. и по таков начин целиот Израил ќе се спаси, како што е напишано: „Ќе дојде од Сион Избавителот и ќе ја отстрани безбожноста од Јакова”.
27. И тоа им е ним завет од Мене, кога ќе ги одземам нивните гревови.
28. Што се однесува до Благовестието, тие се непријатели поради вас; но во изборот тие Му се омилени на Бога заради татковците,
29. зашто Бог нема да се покае за даровите Свои и призовувањето.
30. Како што и вие некогаш бевте непокорни на Бога, а сега сте помилувани, поради нивното непокорство,
31. така и тие се и сега непокорни, поради вашето помилување, та и самите да бидат помилувани.
32. Оти Бог ги затвори сите во непокорство, па сите да ги помилува.
33. О, каква длабочина на богатството, премудроста и знаењето на Бога! Колку се неиспитливи Неговите судови и неиспитливи Неговите патишта!
34. Оти, кој ја позна мислата на Господа? Или, кој Му бил советник?
35. Или, кој однапред Му дал нешто, та и Он да му возврати?
36. Зашто, сè е од Него, преку Него и во Него. Нему слава во веки. Амин!


Постои толуквање на светото писмо дека овој голем Пророк и Светител, Илија, повторно ќе дојде, заедно со Мојсеј (или Енох), ќе проповеда во Јерусалим, и тогаш сите евреи ќе им се отворат очите, и ќе ја примат верата дека Исус е Господ и Месија, Христос, кого го очекуваат толку долго време, а не гледајќи дека еднаш веќе дојде, проповедаше, пострада, умре, воскресна, и се вознесе на небесата.
Поврзувањето на Свети Илија со последните времиња, е поради сушата, која настанала во времето на Илија, и истата ќе настане во последните времиња, за покајание на целиот Ирзаел и негово конечно и целосно обраќање во вистината.

За наша голема радост, тропарот на Свети Илија е испеан и снимен од протопсалт Пекопулос, еден од најдобрите пеачи. Советувам повеќе да се слуша, добро да се научи, и секој да се обиде според истата мелодија, да го испее овој тропар на македонски.


Тропар Свети Пророк Илија Глас 4 
Во тело ангел, темел на пророците
Втор претеча на доаѓањето Христово, Илија славен
Од висините му испрати на Елисеј благодат
Болести да лекува и лепрозни да очистува
Затоа и на оние кои го почитуваат им дава исцеленија


Кондак Глас 2
Пророче и предвидувачу на великите дела на нашиот Бог, Илија, кој со твојот збор ги задржа водоносните облаци, моли Го за нас, единствениот човекољубец.




 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie