Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

  
     * ДУХОТ НА ЉУБОВТА

* Љубовта е Предизвик секој ден да напредуваш, да даваш повеќе, да сакаш повеќе, да учиш повеќе.
Постојано да се движиш, да одиш чекор напред, да бидеш подобар, посовршен, секој ден подвиг.
Капка по капка Извор, од повеќе извори во тебе ќе потече Жива Вода, река на вечниот Живот.
* Љубовта е нежна. Љубов е одлука безусловно да даваш нежност.
Љубовта е тивка, мирна, послушна. Љубовта шепоти, Љубовта верува, Љубовта се надева.

 * Љубовта е вечна и неразделна.Љубовта е одлука да бидеш верен.

Ние сме верни на Небесниот Татко, верни на семејството и сите ближни.

Верни на природата, реките, шумите, океаните, горите и целото создание.

Љубовта е одлука да бидеме бескрајно блиску до оние што ги сакаме, да им го подариме нашето присуство и близина.

* Љубовта соеднинува во Едно. Адам, Ева и Бог. Ние сите луѓе, сите ангели, целото создание и Бог.

Само вистинска и совршена Љубов може да соединува, од повеќе да направи едно, од целото создание прави едно.

Во Божјата Љубов сé станува Едно. Јас и ти сме едно ако во себе го носиме небесниот и светиот Бог во своето Срце.

* Љубов е бескрајна Молитва на нашиот Дух
. Љубовта е молитвена. Името Божјо е наша постојана Молитва.

Љубовта секогаш го спомнува Името на Саканиот и секогаш го повикува.

Името на оние што ги сакаме е секогаш во нас, секогаш во нашето Срце.

Името на Светиот Бог е силно изрезбано во духот и Срцето на оние кои Му се доближуваат, тоа Име ни дава Живот.

* Љубов е најубава музика, најубавата уметност во која ние Го прославуваме Светиот Господ.

Го прославуваме со сите наши сили, со сите Сетива, со целото Срце, со целото тело и со целиот наш Разум.

И целосно себеси и целиот наш живот на Господ му го предаваме, Господ на Небото и Земјата.

Во оваа Љубов, нашиот Дух радосно го предаваме во рацете Божји, Бог да нé помилува, да не освети и да нé Воскресне.

Целосно се предаваме во Неговите раце и гледаме дека Господ е сé во нашиот живот.
Господ е Извор на секоја Радост. Бог е се. Љубовта е Се. Без Љубов не можеме да живееме


* Љубов е Радосна Игра во која Бог се сокрива а ние молитвено
Го бараме неговото Лице

Ние сме деца на Отецот Небесен, деца на светиот Бог, деца на Светлината, Радоста, Љубовта и Вистината.
Љубовта е Духовна Игра во која учествуваме ние и Бог, сите ние сме деца кои си играат во Царството Небесно.
Бог не создаде за ние да го прославуваме во сите векови, да пееме: Свет Си, Свет Си, Свет Си, Господи.

* Љубов е бескрајна наука. Секогаш учиме да бидеме подобри и да имаме повеќе Љубов во себе.

Се учиме на Дисциплина, Послушност, Контрола, Здрав Духовен Живот, Одговорност, Нежност...

Нашиот учител е Господ Исус Христос и Он сака да не научи да бидеме Совршени.

Љубов е да го проучуваш учењето кое доаѓа од Бог. Ги слушаш и ги исполнуваш Неговите Зборови.

Кога живееме според светото Божјо Слово, ние се исполнуваме со духовна и вечна Љубов.

Љубов е да му служиш на Господарот на Небото и на Земјата, Нашиот Господар, Владика и семоќен Господ.


  

* Бог е Љубов. Неговиот Син Господ Исус Христос е Љубов. Светиот Дух е Љубов

Кога ние живееме според Светите Зборови на Светиот Бог, тогаш Бог се вселува во нас, тогаш и ние сме Љубов.

Бидејќи Бог е Љубов. Неговата природа е Љубов. Неговата светлина е Љубов. Неговите зборови се Љубов.

Само оние кои се соединуваат неразделно и постојано со Бог можат да ни раскажуваат каква е Љубовта.

Господ Исус Христос Сведочи: Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во се, едно.

Тие што учествуваат во Љубовта Божествена постануваат едно помеѓу себе.

Бог со својата Љубов ги соединува пријателите, семејството, родителите децата и сите луѓе.

А ние кога читаме и кога слушаме за Светите Луѓе кои иако живееле пред многу години и векови

Авраам, Мојсеј, Давид, Исаија, Даниел .. апостолите, светителите, учителите, Св. Антоние, Св. Василие, Дева Марија ..
Ние и со нив се соединуваме
, бидејќи истата Љубов не соединува, а тоа е Љубовта која произлегува од Бог.

* Љубовта е Одлука. Ние одлучуваме безусловно да го прославуваме Господ во сите векови

И да ги пазиме неговите Зборови како нешто најсвето, најскапоцено и непроценливо за нас.

Слично, мажот и жената одлучуваат дека секогаш ќе бидат блиску еден до друг и ништо нема да ги раздели.
После одлуката за Љубов, после влегувањето во
љубовна заедница, човекот е должен бескрајно да сака.
Без разлика на чувствата, околината, на материјалното богатство бидејќи Љубовта е
неразделна и вечна.
Љубовта
е многу повеќе од чувства и емоции. Чувствата се менуваат постојано. Тие доаѓаат и си одат.

Некогаш се прекрасни, некогаш непријатни, некогаш чудни и несфатливи. А некогаш воопшто ги нема.

Животот не смееме да го водиме според чувствата, чувствата кај сите луѓе се менуваат постојано.
Љубовта е одлука да живееш според Законот Божји. Кога го исполнуваш овој Закон, Бог се вселува во тебе.

Љубовта е одлука да го примиш Божјиот Закон неразделно во твојот живот.
Бог е Закон, Светиот Дух е Закон
, Божјите заповеди се нашата вечна Светлина.

* Љубовта е
послушност, дисциплина, беспрекорност. Љубовта е одлука да живееш според Божјите повелби.

Зборовите Божји се свет, вечен и непроменлив закон за нас суѓето од сите времиња и места.

Бог одлучил како да се однесуваме кон жената, децата, пријателите, како кон непријателите.
Ако тоа го запазиме во нашиот живот ние ќе имаме
божествена и совршена Љубов во себе.
Само со ваква
небесна Љубов ние ќе бидеме слични на ангелите во идниот живот.
Пример: Бог заповедува
, да ги почитуваме родителите, да простуваме, да бидеме полни со Љубов.

Да бидеме верни на жената, да се молиме, да читаме од светите книги, да помагаме, да утешуваме.

И во спротивно ако не се однесуваме примерно и дисциплинирано во согласност со Божјите Заповеди.

А ги слушаме нашите чувства кои не носат на различни страни и лажат дека слободата е најслатка.

Тогаш ваквиот слободен живот без Божјите Заповеди, Совети и завети, води во страшни и бескрајни болки.

 

* Бог е Дух. Прво и најважно во Љубовта е Силен Духовен Живот  

Голем дел од нашето време го посветуваме во молитва, мир, тишина. посетување на богослужбата во светиот храм.

Читање и проучување на божјите закони и сите Негови зборови, со Молитвено размислување.

Сето ова некогаш е тешко, некогаш е мистично, некогаш е радосно, некогаш е болно и досадно.

Ние сме создадени од Бог да живееме онака како што Он го замисли нашиот живот.

И во добро и во лошо ние го учиме и го исполнуваме светиот закон, сите божји заповеди.
Тоа е нашата Смисла и Цел
. Ако ја изгубиме смислата и целта на животот, тогаш ние и животот го губиме.

Затоа се друго што е надвор и спротивно од зборовите Божји е ужасна илузија.

Ние секогаш бегаме од таа илузија и со сите сили се доближуваме до Бог

Се доближуваме до негововото Слово, Зборови, кои се најголемо и непроценливо богатство за нас.

* Дали твоето слободно време поминува во
мир, тишина,  молитвено размислување и Тивка Светлина ?

Дали напредуваш во вистинското знаење, во љубовта кон Вистината ?

Дали се случува во тебе внатрешна духовна војна, војна меѓу доброто и злото ?

Сакаш ли да навлезеш длабоко во тајните на знаењето и духовниот живот ?

Ако го смениш тоа што е во твоето срце, целиот свет ќе го промениш.

Тоа што се случува најдлабоко во тебе, тоа ќе се случи во твојот живот, насекаде околу тебе.

Во твојата околина, твоите очи ќе Го видат она што е длабоко во тебе.

Ако имаш во себе Љубов ќе ја допреш Љубовта. Ако во тебе е Бог, ќе се сретнеш со Бог.

Ако го повикуваш Бог, Он Ссамиот ќе ти се јави, но Он ќе те припреми, за средбата да биде совршена и чиста.

А таа припрема сега на сите нас ни се случува. Во нас се случува силна и невидлива борба.

 

* Животот е Борба за Знаење. Тоа е внатрешно и вечно знаење. Знењето се стекнува после многу тешки животни борби.

Не е можно да се стекне вистинско знаење без силен духовен живот. Животот е постојано и секојдневно напредување.
Оние луѓе што имаат болки имаат поголема предност. Ако си во тешка прилика, употреби ја за да учиш.

Животот е Предизвик. колку е потешко, толку имаш можност да бидеш посилен, повеќе да напредуваш и да научиш.

Луѓето кои те измачуваат се дел од патот кој мора да го одиш, со нив учиш да постигнеш силна контрола над чувствата.
Ќе научиш
, дисциплина, мир и совршено однесување. Ништо не се случува одеднаш, целиот живот е подвиг во оваа наука.

Малите подвизи се највредни, чисти капки Вода, капка по капка, и ќе потече извор во нас.

Тоа е Вода на Знаењето и на Животот, вода на совршенство, беспрекорност, дисциплина, послушност.

 

* Еден Ден ќе Го допреш вистинскиот Бог со твоите Прсти. Еден Ден само Ти и Бог, едноставно ќе Го допреш.

Иако патот до вистинското знаење е тежок, сите други патишта се многу потешки, мачни и жалосни.

Ако останеш на Божјите патишта, ќе го имаш најголемото знаење на светот.

Местото каде што не е присутен Светиот Бог е најстрашно, а патот кон Светлината е прекрасен и возбудлив.

Тој пат е вистинска авантура. Од сите патишта на светот, одбери го тој што води во живот вечен.

Оние што го имаат Светото Име во себе запишано и врежано длабоко во духот и срцето.

Тие веќе се во Рајската Градина, во Царството Небесно. Тоа Царство е во нив и околу нив и над нив.

Рајот не е место каде што се ужива во бескрајно задоволување на сите наши сетива.

Тоа е место каде што насекаде се повикува Името на Светиот, место на вечна Слава, Сила и Благодарност.
Најубавото место во целата вселена, каде што
владее Вистината и Љубовта Царува.

 

* Ти си Љубов ако во тебе е запишано името на Светиот Господ
** Адонаи ** Елшадаи ** Елохим ** Јахвех
** ИСУС ХРИСТОС. Отец Вечен.

Љубовта е се, без Љубов не можеме да живееме. Бог е се во нашиот живот, Бог е извор на секоја Радост.

Секогаш кога Го спомнуваш Неговото Име, Он се вселува во тебе и чудесно те просветлува.

Секогаш кога го повикуваш, Он станува дел од тебе и ти дел од Него и вие сте Едно.

Бог сведочи за нас: ВИЕ СТЕ БОГОВИ. Ние ќе се стопиме со Бог, во Љубовта, и ќе станеме Едно со Него.

* Еден ден ќе знаеш како
вистински да им помогнеш на луѓето.
Ќе ги препознаеш оние, на кои им е потребна твојата помош

Кои ќе можат да прифатат вистинско знаење од тебе, твоето искуство. Секој човечки живот е Искуство.
Бог сака да бидеме силни и совршени, но за да бидеш силен ќе минеш низ многу лекции
.

И сето тоа учење сега ни се случува на сите нас.

Понекогаш чувствуваш дека во тебе се случува нешто необично, дали го запишуваш она што ти се случува ?

Јас ја запишувам секоја мисла со која можам да го допрам совршенството.

 

* Ти си ѕвездичка што ја прави ноќта мистична
Постои време за фантазија и за реалност, за илузија и за светлина.

Во секое време делувај совршено, бидејќи ноќта е фантастична и совршена, Бог е фантастичен и совршен.

Зборовите ќе поминат, ќе остане само Молитвата и Славата. Ангелите на Небото постојано пеат: Свет Си Господи.

Тие зборови ќе останат секогаш, а сите други ќе го изгубат значењето бидејќи се ќе ни биде јасно.

Дотогаш ќе се бориме меѓу реалноста и фантазијата, ќе учиме да бидеме совршени во едното и во другото.

Бог ни ги открива и најголемите тајни само ако посакаме да ги знаеме.

Но Тој бара навистина повеќе време да посветиме за Него, во Молитва и Размислување.
А најмалку време на погрешен живот во немир и бучава, без да размислуваме за плодовите на таквиот живот
.

Често се прашуваме дали да ги слушаме нашите чувства или разумот ?

Чувствата ги доживувам секогаш силно, но не им верувам, се до часот кога ќе бидат вечни и силни да ги стопат коските.
Да се преобразам во
вечна енергија и да бидам над времето, над силите на светот, над илузијата.

Илузијата е игра која го прави животот интересен а Вистината е Огин што соединува во вечноста.

И на крај се ќе биде Едно, Се ќе се стопи. Само силата на Љубовта може од повеќе да направи Едно,

Јас, ти, сите кои во се на Бог се надеваат и постојано Го гледаат Неговото Лице, и Самиот Бог.

Сакам секогаш да размислуваш за Оној кој е над сите нас.

Секогаш да го бараш Неговото Лице. Секогаш да размислуваш за Неговите Зборови.

Секогаш да прашуваш за Него. Секогаш да разгораваш со Него во Молитва.

Секогаш да бидеш со оние кои Нему му се верни. Секогаш да се советуваш со искусни луѓе во Црквата.

Да имаш Љубов за Бог како што имаат Светиите, Апостолите, Патријарсите, Ангелите, Дева Марија.

Неговото Име да биде секогаш во твоето срце. Светиот Дух постојано да те исполнува и преосветува.
Секогаш да бидеш едно со Светиот Бог. Како што Пресвета Троица,
Отецот, Синот и Светиот Дух се Едно, и се е Едно.


  • ВЕЛГИДЕН


    Зашто секој ден ќе го славам Господ
    Велигден
    Зашто ќе одам по патиштата Господови
    Велигден
    И ќе бидам секогаш во молитва
    Велигден
    Затоа што ќе читам, ќе учам и ќе прашувам
    Велигден
    Затоа што ќе запишам и ќе научам
    Велигден
    Затоа што ќе читам библија
    Секој ден и по три пати на ден
    Велигден
    Затоа што ќе одам на Литургија
    Ќе слушам, ќе учам и ќе се спасувам
    Велигден
    И секогаш ќе знам
    Дека Исус е Спасител и нема друг
    И нема под небото и над небото
    Нема друго име, нема сила, нема величие
    Велигден
    Исус умре и воскресна
    И Јас ќе воскреснам
    Велигден, затоа што вечно ќе се радувам
    Нема веќе страданија, стрес и ужас
    Велигден
    Затоа што Господ доаѓа
    Велигден
    Затоа што нема поголем ден
    Денот кој вечно трае
    Кога ќе излеземе од смртта
    Ќе излеземе од незнаењето
    Ќе излеземе од заблуда, суета, гордост
    И ќе има само радост и слава
    Само ЉУБОВ И СРЕЌА
    ВОЗБУДА И ВОСКЛИК
    ИСУС ВОСКРЕСНА


  •  

                  

                     
         Мистична Теологиа
               
      www.angelfire.com/falcon/voznesen