Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!





ЗА ТРЕТАТА СВЕТЛИНА
ЗА НАЈГОЛЕМАТА ПЕСНА ВО ВЕКОВИТЕ
За православните богослужби како печат на Светиот Дух



Ќе се обидам да објаснам и пред се да докажам:
Дека православните богослужбени текстови
Се врв на Божјото Откровение
Овие книги се цел и смисла на нашиот живот
Тие се комплетен домострој
Совршено устројување на нашиот живот
Совршен дом за душите наши во вечните живеалишта
Овој текст би требало секој да го прочита

Божјите јавувања во светот може да се поделат на два дела
На две големи светлини
Каде што човек си наоѓа мир во душата
Стар Завет и Нов Завет

ПРВАТА СВЕТЛИНА
Откривање за создавањето на Светот
Десетте Божји Заповеди
Божјите заповеди за живот на земјата
Главно запишани во 5кн Мојсеј, повторени закони
Псалмите, песните на Цар Давид
Големите пророци Исаија Јеремија Језекил Даниел

ВТОРАТА СВЕТЛИНА
Новиот Завет
Учењето на Господ Исус Христос
Учењето на Апостолите
Литургијата како служба на Телото и Крвта
Како служба за страдањата и воскресениото на Исус
Учениците на Апостолите и раните Светители
Големите маченици и исповедници на верата
Првите два големи веселенски собори
Литургијата како што е запишана од големите отци
Свети Јован Златоуст и Василие Велики
Како што е запишно во преданијата дека:
Ангел Господов му говореше на Златоуст
Како да ја запише Божествената Литургија

Некаде во 4-от век Бог завршува со своите јавувања
Преку силата на Светиот Дух
И директно со Божја интервенција
Слично како што се запишани 10те Божји Заповеди
Сето ова е запишано и запечатено
Од раните светители и отци на црквата
Запишани се огромни книги и литература
Библија, Симбол, Житија, Толкувања, Литургија, правила ...
Преку сите овие, човекот го бара Божјото Лице
Си наоѓа мир во душата
Наоѓа смисла на својот живот
Зошто се родил, зошто страда, зошто живее
Сето ова низ светлината дека:
Господ го создава светот и човекот
За човекот да има живот вечен

ТУКА НЕ Е КРАЈ
ПОСТОИ УШТЕ ПОГОЛЕМА СВЕТЛИНА
Во првите јавувања, во првите две светлини
Бог ни јавува дека толку го возљуби светот
Што го даде својот Единороден Син
Секој што верува во Него да има живот вечен
Откако ние ја примивме оваа светлина
Ова знаење и Слово кое доага од Небесата
Откако човекот се озари со оваа страшна наука
Откако дозна за оваа Небесна Љубов
И го исполни срцето со ВИСТИНА
Сега ние му ја возвраќаме љубовта на Бога

ЧОВЕКОТ ЈА ПИШУВА НАЈГОЛЕМАТА ПЕСНА ВО ИСТОРИЈАТА
НАЈГОЛЕМОТО ПРОСВЕТНО ДЕЛО ВО СИТЕ ВЕКОВИ
Нашите претци озарени од Словото Божјо
ГО ВОСПЕВАТААТ ЦЕЛОТО БОЖЈО ОТКРВОВЕНИЕ
Пеат за создавањето, за Мојсеј
За пророците и за апостолите
За Христовите страданија и воскресение
За великите маченици и исповедници
За вселенските собори
Целото божјо откровение го воспевааат
Од создавањето на светот
Преку Пророците, Исус, Апостолите, Светителите
И сето ова го запишуваат како огромна песна
Со милиони стихови, служби, канони, акатисти
Утрински, Вечерни, Полноќни ...
Нашите учители и возљубени
Заљубени во Господ, синови на Царството
Запишаа огромни книги преполни со ЉУБОВ
Свети Јован Дамаскин (8 век)
Свети Андреј Критски (7-8 век)
Свети Козма Мајумски
Свети Роман Слаткопеец 6 век
Сите овие запишаа огромни химни на љубовта
Господ го виде ова и му омиле
Ги запечати овие книги со силата на Светиот Дух
Го стави својот печат на оваа Химнографија
Бог ја прифати љубовта која човекот му ја возврати
И овие книги ги стави во православните храмови
Како вечни скали од земјата кон небесата
По кои ние ќе чекориме нагоре кон вечноста
Ќе се научиме да љубиме да сакаме
Да го сакаме Господ и да ги љубиме ближните
Со сите сили, со целото срце и со целиот разум
Тука, во ОВАА ЉУБОВ
Човекот станува едно со Господ
И Господ со човекот станува ЕДНО ВО ЉУБОВТА
Тука се исполнуваат зборовите на Исус:
КОЈ ВЕРУВА ВО МЕНЕ ИМА ЖИВОТ ВЕЧЕН
Да веруваш во Исус значи:
ДА ПРЕБИВАШ ВО ЉУБОВТА
БОГ ВО ТЕБЕ И ТИ ВО НЕГО
ПРЕКУ ЦЕЛОСНО И СОВРШЕНО ПОЗНАНИЕ НА СЛОВОТО
Божјото Слово во Светото Писмо
И нашето Слово, ПЕСНИТЕ И ХИМНИТЕ НА ЉУБОВТА

Оваа таина не ја разбираат многу христијани
Озарени со првите две светлини
Мислат дека тоа е крајот и совршенството
Дека Бог го возљуби светот
Ова им дава мир, но тоа не е се
Библијата, и Литургијата
Стар и Нов Завет и Кршењето на Лебот
Ова не е крај и совршена љубов и познание
Има уште поголема љубов, посовршена
Како што ја запишале нашите претци
Во книгите:
Осмогласник, Минеи, Посен Триод, Цветен Триод
Многу канони, акатисти, часослов ....

Како ова може да се докаже ?
Посебно за некои христијни
Кои што мислат дека библијата е врв на љубовта
Исус кажува: На овој камен ќе ја изградам Црквата Своја
И ВРАТИТЕ НА АДОТ НЕМА ДА ЈА НАДВЛАДЕДАТ
Црквата заедницата Христова постои 2000 години
Што е заедничко за сите овие 2 милениуми
Тоа е БОГОСЛУЖБАТА
Богослужението е центар на Божјата Слава
Во сите храмови низ целата историја на христијанството
Исус не ни кажува дека:
Црквата ќе почне да постои денес во 20 век
Кога луѓето ќе измислат печатници
И сите ќе имаат дома библија и ќе читаат
Значи: од секогаш и во сите времиња
Верните се собирале во храмовите
И тука ги слушале и ги пееле химните
Ги воспевале Божјите јавувања во светот
Ги воспевале двете големи светлини и вистини
Ги пееле сите моменти од стар и нов завет
Како и животите на раните светители
Овие химни се ТРЕТА СВЕТЛИНА
Тие се ПЕЧАТ НА СВЕТИОТ ДУХ И ПЕЧАТ НА ЉУБОВТА
ПОЛНОТИЈА НА ЕДИНСТВОТО НА ЧОВЕКОТ СО БОГА

Некој ќе праша:
Зошто литургијата ја ставив во втора светлина
Затоа што Исус го кршел лебот уште пред да биде распнат
Пред нашите отци да ги запишат химните на љубовта
Денес и протестантите исто така кршат леб и пиат вино
И католиците имаат литургија, миса
Но немаат богослужбени текстови, ги немаат:
Минеите, посен триод, цветен триод и осмогласник
Ги немаат Химните на Љубовта
Огромни книги на љубовта мегу нас и Бог
Не се запечатени од ДУХОТ СВЕТ ЗА СИТЕ ВЕКОВИ

УШТЕ ЕДНА СПОРЕДБА СО КУЌА ИЛИ ДОМ
Куќата најчесто има три дела
Сите овие се важни и страшни
Има ТЕМЕЛ, ПРИЗЕМЈЕ И СПРАТ (ИЛИ ПОТКРОВЈЕ)
Во темелот ќе го ставиме стар завет како споредба
На приземје Новиот Завет и Литургијата
На пример каде што примаме гости, дневна, кујна ...
И на спрат каде што живееме
Ова место ќе го споредам со Богослужбата
Сите овие три се од огромна важност
Така Господ го устројува спасението
Најдобро е човек да има солидни и сериозни познавања:
Јасна слика за Светото Писмо и Литургијата
Како цврста основа на која што ќе ја положи својата љубов
А тоа е ВЕЧНАТА СЛАВА и ВЕЧНИОТ ЖИВОТ
Ако куќата биде цврсто изградена на добри темели
Со добро приземје и добар кров
Таа куќа нема да падне во невреме
Бидејќи ќе биде куќа Господова
Куќа Господова, и дом на Љубовта
Рајска Градина и Царство Небесно
Царство Божјо на земјата и на Небесата
Како што е напишано:

Татко наш, Кој си на небесата
Да се Свети Името Твое
Да дојде Царството Твое
Да биде волјата Твоја
Како на небото, така и на земјата

Оваа Светлина во молитвата на ИСУС
ДА СЕ СВЕТИ ИМЕТО ТВОЕ
Тоа е целата православна химнографија
Милиони песни на љубовта
ВО КОИ ЧОВЕКОТ ИМА ЖИВОТ ВЕЧЕН

БОГ НЕ ВОЗЉУБИ ПРЕКУ СЕ ШТО НИ ДАДЕ
СЕГА И НИЕ ГО ЉУБИМЕ ПРЕКУ ЖРТВАТА
НА ОЛТАРОТ НА НАШЕТО СРЦЕ
ПРЕКУ ПЕСНАТА НА ЉУБОВТА
ПРЕКУ СЛОВОТО ОД УМОТ И СРЦЕТО
ПРИНЕСЕНО ВО НЕБЕСНИОТ ХРАМ НА СЛАВАТА




 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie