Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!








ВИСТИНСКА ПРИПРЕМА ЗА ПРИЧЕСТ Е:
Добро познавање на верата.
Тоа значи редовно читање и слушање
СВЕТО ПИСМО МОЛИТВИ БОГОСЛУЖБИ
Ап. Павле... Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. 1Кор11:27–29
Си мисли дека тоа е некакво колаче, а така мисли бидејќи не чита.

Oгромна заблуда e што се бара од верните да постат, среда и петок, и сите големи пости, а не се бара читање и слушање и учење.
А кога се бара исповед, се мисли исповедање на верата, слушање и учење од својот учител, а не исповед колку пати си го прекршил постот.

И, откако заблагодари, го прекрши и рече: »Земете, јадете, ова е телото Мое, кое се крши за вас; правете го ова за спомен Мој!«
По вечерата, исто така, зеде и чаша, па рече: »Оваа чаша е Новиот завет во Мојата крв; ова правете го, кога ќе пиете за Мој спомен!«
Оти, кога ќе го јадете овој леб и кога ќе ја пиете оваа чаша, вие ќе ја објавувате смртта на Господа, додека Он не дојде. Затоа, оној што недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа. Но, човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни, а мнозина и умираат. Оти, ако бевме се испитувале сами себе, тогаш немаше да бидеме осудени. Но судејќи нѐ, Господ нѐ накажа, за да не бидеме осудени заедно со светот. Затоа, браќа мои, кога се собирате на јадење, чекајте се еден со друг. Ако е, пак, некој гладен, нека јаде дома, за да не се собирате за осудување. А другото ќе го наредам, кога ќе дојдам.

Уште еднаш за вечнатата тема:
Вистинска припрема за Причест, е да ја гледаме Вистинската Светлина, а тоа значи редовно читање и слушање на Свето Писмо и сите молитви и песни запишани во богослужбените книги, како припрема за Литургија, а тоа се сите текстови запишани во утрена, вечерна, повечерие, акатисти ... И сите овие сведочат за нашата вера и тоа сведочат во срцето, и така човек се удостојува за најголемата тајна.
И многу важно се да биде на мајчин разбирлив јазик, бидејќи нашата вера не е магија и баење, но кристално јасно учење за Господ.
Значи преку следење на сите богослужби ние ја гледаме и ја примаме во себе Вистинската Светлина, која не осветлува и не удостојува за вечноста, а не е: пост, нејадење и себеизмачување тоа што не удостојува. Маките се дел од животот, и сите луге и животни знаат што е мака, страв и ужас, но нашето удостојување за Телото Христово и Вечноста, е само еден ПАТ, тоа е СЛОВОТО БОЖЈО, Словото на Отецот Синот и Светиот Дух, словото на Стариот Завет, Новиот Завет и Словото на сите Православни Богослужби, и сето тоа заедно е СИЛНА СВЕТЛИНА која свети од тука до Небесата и јасно ги освелува Умот, Срцето и Целиот Свет.







ВЕРОНАУКА
www.angelfire.com/falcon/voznesenie