НЕ ИЗГОВАРАЈ ГО НАПРАЗНО ИМЕТО НА ГОСПОД, ТВОЈОТ БОГ
БИДЕЈЌИ ГОСПОД НЕМА ДА ГО ОСТАВИ НЕКАЗНЕТ ОНОЈ, КОЈ НАПРАЗНО ЌЕ ГО ИЗГОВОРИ ИМЕТО НЕГОВО.
Иако ова е третата Божја заповед, нешто најважно за нас, сепак во светото писмо, и во светите отци не гледам посебно внимание за објаснување на оваа заповед, како да е последна од сите заповеди, и суште не сме стигнале да најдеме време да прашаме и да збориме на оваа тема.
Ние често страдаме во животот, и во црквата постои верување дека тоа е за нашето спасение, за смирение, покајание ... сепак одиме и во друга крајност кога забораваме дека Господ не сака ние да страдаме, Господ е љубов, Бог толку не љуби, што сака секој да го најде добриот пат во животот и да собере благослови за живот на земјата и на небесата. Бог секој ден бара од нас промена, движење, напредување, како што пишува, кој гледа назад, не е достоен за Мене.
Што значи третата Божја заповед, што значи да го спомнуваш Името Божјо на празно ?
Тоа е кога се молиш или го спомнуваш Господ како што тоа многу го прават, без сериозни познавања за тоа кој е Господ, што кажал Господ, што напишал со прст, што заповедал, кои се неговите луѓе и неговот народ. Тоа е како да имаш родители, тие секој ден те молат да ги посетиш, а ти да не сакаш со очи да ги видиш, но кога ти треба нешто пари, тогаш одиш на брзина, плачеш колку ти е тешко, колку да ти ја дадат пензијата, и потоа не ги гледаш како да не постојат.
Да биде кратко и едноставно, збориш за Господ и се молиш, а НЕ ЧИТАШ СВЕТО ПИСМО.
ТОА Е ГОЛЕМА ЗАБЛУДА, и голема темнина, да Го спомнуваш името ГОСПОД, а да не знаеш кои се Аврам, Исак и Јаков, што напишал Мојсеј, што напишал Давид, што направил Соломон, што кажал Господ преку големите пророци Исаија, Јеремија, Језекил, Даниел, кој е Исус и што кажал Исус, што напишал апостол Павле, кој е и што напишал апостол Јован Богослов.
До 4-ти век сите добро го познавале светото писмо, но понатака низ вековите се јавуваат милион книги и до денешен ден ние верните сме се подалеку од длабоко и серизно познавање на писмата, а уште подалеку од нивно правилно разбирање, а сето ова е бидејќи нема луѓе да читаат и да прашуваат.
Што се случува денес во светот ?
На запад верните читаат Свето Писмо, а на исток се молат.
Низ целото свето писмо, Господ постојано заповеда, да се чита и да се слуша се што е напишано, и во исто време постојано да се молиме и да го славиме Господ. Нема да наведам стихови бидејќи ги има премногу. Затоа исток и запад треба да се спојат, на исток да читаат повеќе Свето Писмо, а на запад да научат да се молат, и земјата ќе се преисполни со огромни благослови од Небесата.
Господ сака секој да учи, да научи и да се спаси, ама нема спасение надвор од Писмата, нема благослов и среќа надвор од Славата, да не се утешуваме секој ден дека страданијата ни се за спасение, но секој да земе сериозно да чита и да прашува, да научи, и својот живот ќе го исполни со неискажливи моменти на радост, директно од Небесата, Амин.
† ВЕРОНАУКА
www.angelfire.com/falcon/voznesenie