Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!



АКАТИСТ НА СВ ПРОРОК ИЛИЈА


Во Слава на Светата, Едносушна, Живототворна, и Неразделна Троица
Пророче Божји Илија, од Бога избран да го ослободиш Израилот од Вааловата измама, страшен изобли-чител на неправедните цареви кој засветли со пламена ревност спрема Бога Седржителот, со светоста на животот и чудата, земен со телото на Небесата и кој ќе претходиш на Второто Христово доаѓање, Тебе ти пееме пофални песни; а Ти како што имаш голема слобода пред Господа, од сите зла и неволји ослободи не, побожно да Ти пееме:
Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово
доагање!
Со чесниот твој живот во тело, имаше, Пророче, Ангелска ревност спрема Бога. Уште кога беше дете, таткото твој Совах ги виде светлите Ангели како разговараат со Тебе, Те повиваат во оган и те хранат со огнена храна, која ја претскажувало огнената ревност твоја спрема Бога, силата на зборовите твои и животот светол како светлина. Поради ова со восхитување Ти воскликнуваме:
Радувај се, избран од вечноста за служба на Израилевите синови.
Радувај се, од мајчината утроба предодреден за предвесник на Божествената вистина и побожност.
Радувај се Ти, кој со преславното Твое видение ги восхити своите родители.
РадуваЈ се Ти, кој уште од младоста ја засака девствената чистота и осаменост.
Радувај се Ти,кој ја презре суетата на овој свет и сите негови богатства, и сво јата душа потполно ја посвети на Бога. Радувај се Ти, од Бога осветлен со светлината на премудроста и од детството напоен со побожност.
Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Преславен Пророче, Ти беше многу тажен со духот кога ја виде безбожно-ста и развратот во Израилот, и се разгоре со ревност за Божјата слава, бидејќи синовите Израилеви се покло-нија на одвратните идоли и отстапија од вистинскиот Бог, на Кого сите Сили небесни со страв Му воскликнуваат: Алилуја!
Безакониот цар Израилски Ахав, помрачувајќи го својот разум со зла волја, го остави вистинскиот Бог и се поклонуваше на одвратниот идол Вал, и во своето царство го умножи поклонувањето на идолите и безбожноста.Ти, Пророче, исполнет со голема ревност спрема Бога, слободно го изобличи царот и му објави за него и неговото царство казна дека три години и шест месеци нема да има дожд ни роса, и голем глад по целата земја. Восхитувајќи се на големата ревност и големата смелост твоја спрема Бога, со љубов Ти воскликнуваме:
Радувај се, храбар проповедник на вистината и силен бранител на побожноста.
Радувај се, ревносен изобличи-тел на безбожноста.
Радувај се Ти, кој го измоли многутрпеливиот Бог да ги казни непокајаните грешници.
Радувај се Ти, кој со твоите зборови го затвори небото и плодната земја ја направи неплодна.
Радувај се Ти,кој за безбожните луѓе измоли тригодишна глад.
Радувај се, Севишниот Господ те дарува Тебе на Ахав, како некогаш Мојсеј на фараонот. Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Прекрасен Пророче, со силата на молитвите твои навистина се затвори небото и не падна дожд три години и шест месеци и имаше голема глад по сета земЈа, барем со потта и гладот мачени безбожните луѓе да се покајат и обратат кон Бога, смирено пеејќи : Алилуја!
Господ имајќи голема добрина спрема Тебе, Пророче, сакаше да те одвои од безбожните синови на Израилот,за да со нив не трпиш глад и жед, и Ти нареди да одиш на потокот Хорат, каде гавраните те хранеа, носејки Ти леб и месо. Затоа Ти ги принесуваме овие пофалби:
Радувај се Ти, кој со пост и молитва ги отфрли сите земни и суетни помисли.
Радувај се Ти, кој со молитва и мисли за Бога својот ум го вознесе кон Небесата.
Радувај се, слава на Патрија-рсите и убавино на Пророците.
Радувај се, пофалба на девстве-ниците и слава на Преподобните.
Радувај се, учител на Светителите и сила на Мачениците.
Радувај се, безбожните и со неверие ослепени Израилеви синови ги обрати кон патот на вистината. Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Пророче, голема бура која ги урива горите го навестуваше приближува-њето на Господа кон Тебе на Хорив; тогаш имаше земјотрес и во земјотре-сот не беше Господ, а по земјотресот оган, и не беше Господ во огнот, а по огнот се слушна тивок глас и тука Ти се јави Господ Тебе, чие присуство кога го почуствува, си го покри лицето со наметката, со страв и радост воскли-кнувајќи: Алилуја!
Кога слушна безбожниот цар Ахав за твојата заповед да се соберат на гората Кармил сите Израилеви племи-ња, и на неа да ги донесат безбо жните пророци Ваалови, веднаш сите ги собра таму и сам дојде таму. А Ти, ревнителу на славата Божја, сакајќи потполно да ги посрамиш одвратните идоли и да го прославиш вистинскиот Бог, заповеда да се спремат две жртви и не палејќи оган, рече: ќе биде Бог оној кој ќе го даде огнот, тој е Бог. Слушајќи сите луѓе рекоа: Добар е зборот на Илија, нека биде така. А ние, славејќи те Ти воскликнуваме:
РадуваЈ се, голем пратеник на Царот Небесен и гласник на Неговите заповеди.
Радувај се, цврст дијамант на ревноста и непоколеблив столб на побожноста.
Радувај се, силен заштитник на вистината и цврст борец против Божјите непријатели.
Радувај се, искоренител на безбожноста и сеач на побожноста.
Радувај се, огнен ревнител на Божјата слава.
Радувај се, во последните денови на светот ќе го проповедаш вистинскиот Бог и ќе го изобличуваш бедниот Антихрист.
Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Тебе, од Бога испратената звезда, помислуваше да ја изгаси царицата Језевела; исполнувајќи се со омраза спрема Тебе поради погубувањето на нејзините гнасни пророци, сакаше да Те убие. Стврдна нејзиното срце и не сакаше да верува на твоите чуда, Пророче, ниту да го спознае вистински-от Бог на Кого Ти Му пееш: Алилуја!
Прославен Пророче, кога видоа сите луѓе Израилеви, како после твојата молитва слезе оган од Небесата на твојата жртва и сета ја изгоре, уништу-вајќи ги дрвјата, камењата, земјата и водата, паднаа на колена зборувајќи: Навистина Господ Бог е вистинскиот Бог. Поверуваа луѓето во Бога, бидејќи Ти гнасните пророци ги закла. Славејќи го семоќниот и чудотворен Бог, ние на Тебе, Неговиот угодник Ти воскликнуваме: .
Радувај се Ти, кој доби преголема смелост пред Бога.
Радувај се Ти, кој со знаци и чуда ја утврди Божествената вистина.
Радувај се, посрамувајќи ја демонската измама ја прослави вистинската вера.
Радувај се Ти, кој ги просветли неверниците со вистинското знаење за Бога.
Радувај се Ти, кој со троичното истурање вода на жртвеникот ја јави тајната за Пресвета Троица.
Радувај се, сета природа Тебе ти се покорувала, а огнот и водата Ти служеа.
Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Се јави, Пророче, како проповедик на вистинското знаење за Бога и побожноста, не само во Израилот туку и во земјата незнабожечка. Беше испратен во Сарепта Сидонска кај жената вдовица да се прехраниш, а и самата да ја прехраниш во времето на глад; имајќи чудотворна благодат да правиш чуда, во нејзиниот дом го умножи изобилно брашното и маслото додека не помина времето на гладот; и вдахнувајќи му здив три пати после твојата молитва, го воскресна починатиот и син, пеејќи на чудотворниот Бог: Алилуја!
Пророче, засветлувајќи со голема ревност спрема Бога Седржителот, многу се натажи бидеЈќи Иеговиот завет го оставија синовите Израилеви, Неговите олтари ги срушија и Проро-ците ги убија. А Господ за твоја утеха Ти објави дека сиот Израил не отстапи од Него, туку има 7000 тајни Свои слуги, кои не се поклониле на Ваал. Затоа сеќавајќи се за твојата ревност кон Бога, со побожност Ти пееме:
Радувај се, верен служител близок слуго Господов.
Радувај се, Ти си углед и пофалба на побожните пастири.
Радувај се, учител на спасение- то и просветување на оние кои се во темнина.
Радувај се Ти, кој им помагаш на победниците во вистината и ги поткрепуваш во нивните подвизи и страдања за правдата.
Радувај се, си горел со огнена серафимска љубов спрема Бога.
Радувај се,Господ во се те слушаше тебе и по твоите молитви се правеше. Радувај се Илија, голем пророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Сакајќи Човекољубивиот Господ да го покаже Своето милосрдие на грешниците кои се каат, по завршува-ње на пророченото време за глад, по твоите молитви, Пророче, испрати по зборовите на устата твоја изобилен и тивок дожд на жедната земја; а синовите Израилеви удостојувајќи се на голема милост, со смирено срце благодарно воскликнаа кон Бога: Алилуја!
Безбожниот цар Ахав на своето безаконие, додаде зло кога нареди да го убијат Навутеј и го украде неговото лозје. Затоа, изобличуваЈЌи го неправедниот цар, му прорече, Пророку, каде е убиен Навутеј таму и неговата крв ќе ја лижат свињите и кучињата, и неговата жена ќе ја изедат кучињата и ќе се истреби сиот негов дом. Знаејќи дека ова страшно проро-штво се исполнило, ти повикуваме:
Радувај се, страшен одмаздник на неправедните и силните.
Радувај се, моќен застапник на сиромашните и напатените.
Радувај се, Ти кој ги скротуваш оние кои не ги почитуваат светите празници на Православната Црква.
Радувај се, победник на дрските хулители на Името Божјо.
Радувај се Ти, кој си знаел за идното и она што е далеку си го претскажувал како блиско.г
Гадува] се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово
доаѓање! Чудна и надприродна грижа за Тебе, Пророче, Господ покажа кога им нареди на ненаситните гаврани кои ни своите пилиња не ги хранат, Тебе да те хранат во времето на гладот на потокот Хорат, каде постојано си бил на молитва и во мисли за Бога, пеејќи Му: Алилуја!
Пророку Божји, си бил украсен со големо смирение, затоа стотината војводи со војниците кои со гордост дојдоа да Те однесат кај безбожниот цар Охозиј, ги изгоре со оган, а Авдиј кој смирено дојде кај Тебе, и кој ги хранел пророковите ученици, го помилува. Затоа Ти ги принесуваме овие пофални песни:
Радувај се, кротител и казнувач на гордите, покров и заштита на смирените.
Радувај се Ти, кој ги казнуваш подмитливите судии, а им помагаш на оние кои судат праведно.
Радувај се, сојузник во војната на правоверните војници, победник на нечесните непријатели.
Радувај се Ти, кој премудрост како оклоп облече и со правда како со штит се огради.
Радувај се, како со меч наоружен со ревност спрема Бога, и со пост како со п. крила заштитен.
Радувај се, покриен со вера како шлем на спасение, и венчан со љубов како со пресветол венец. Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање! Секое човечко битие е зачудено, како Ти, прекрасен Пророче, одеше четири-есет дена без храна и питие до гората Хорив, каде се удостои на преславно видение и преслатка беседа со Господа Седржителот, пеејќиМу: Алилуја!
Учените беседници не можат доволно да разберат и објаснат како Ти, голем Илија, иако беше во човечко тело и подложен на страстите како и ние, беше земен на Небото на испратените Ти огнени коли со огнени коњи. Славејќи го Господа кој Те прослави и восхитувајќи се на вознесението Твое, побожно Ти пееме:
Радувај се Ти, кој со прекрасно воздржание го умртви стариот човек во себе.
Радувај се, со огнена ревност спрема Бога ги изгоре во себе телесните помисли.
Радувај се Ти, кој со своето преселување на небесата го зарадува човечкиот род и го увери во вечниот живот. Радувај се Ти, кој со слава и чест надприродна од Бога си удостоен повеќе од сите стари Пророци.
Радувај се, Ти кого хоровите ангелски радосно го дочекаа.
Радувај се, твоето име се почи-тува по целиот свет и верноста твоја спрема Бога многу се прославува. Радувај се Илија, големпророче, славен лретечо на Второто Христово доаѓање!
Сакајќи да ги спаси Израилевите луѓе од Вааловата измама, Себлагиот Господ Те облече во Божествена сила и власт, избирајќи те Тебе, голем пророче, за оружје на Својата волја: да ги обратиш неверниците, поправиш грешниците, просветлиш оние кои се во мрак и сите да ги научиш кон Бога да воскликнуваат : Алилуја!
Пресветол Пророче, биди ни тврдина и заштита, со твоето моќно застапни-штво намали го праведниот гнев Божји кој не погодува нас грешните и непотребните, од суши, глад, опасни ветрови и болести, избавени од нево-лјите, благодарно да Ти воскликнеме:
Радувај се Ти, кој со својата молитва го затвори и отвори небото и од Бога измоли неплодност и плодност на земјата.
Радувај се Ти, кој со твоето застапништво пушти на растенијата мирен дожд и животворна роса.
Радувај се Ти, кој ги смируваш морските бранови и страшните бури, и по Божјата волја управуваш со громовите и молњите.
Радувај се Ти, кој ги скроти штетните ветрови и смртоносни рани кои ги погодиле луѓето и стоката.
Радувај се, хранител на сиромавите и вдовиците и покровител на дарежливите луѓе.
Радувај се, ги поразуваш нечисните хулители и гонители на правата вера, и злобните духови ги истеруваш од Божјите слуги. Радувајсе Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Пророче Божји Илија, прими го од нас умилното наше пеење, како што ја прими молбата Јелисеева: духот кој е во Тебе, двојно да биде во него, вознесесувајќи се на Небото, ја пушти наметката на него, кога тој ја зеде ја раздели како и Ти порано Јорданската вода и стана наследник на Божјата благодат, која во Тебе дејствуваше. Така и нас покри не со наметката на милоста твоја од сите неволји и маки со благодарност да воскликнеме на Бога: Алилуја!
Сефален Пророче, беше блескаво светило во Израилот, сеејќи живот равноангелски. Со мудрост, необична ревност спрема Бога и преславните чуда, ги просветли луѓето за висти-нско познавање на Бога, разгонувајќи го мракот на идолопоклонството. Затоа Ти пееме пофални песни:
Радувај се, блескава ѕвездо која со светкањето свое ја осветлуваш сета вселена.
Радувај се, светлоносна свеќо која непрестано гори и ги просветлува оние кои седат во темнина.
Радувај се, озарен со духот на премудроста и разумот и исполнет со духот на волјата и силата.
Радувај се, просветен со духот на знаењето и побожноста и напоен со духот од стравот Божји.
РадуваЈ се Ти, украсен со големи врлини и преславни чуда.
Радувај се, на земјата го исполни законот Божји и ги помаза пророците и царевите.
Радувај се Илија, голем пророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
Сефален Пророче, Ти беше дадена голема благодат од Бога, во овој земен живот си пророкувал и правел прекрасни чуда, а потоа надприродно си вознесен на Небото. По твоето чудесно вознесение се јави на Тавор на преобразениот Господ и со Него си зборувал. До ден денешен не престануваш да правиш чуда и точиш милост и исцеление на оние кои усрдно Те почитуваат и верно кон Бога воскликнуваат: Алилуја!
Пеејќи за твојата огнена ревност спрема Бога и равноангелски живот, на твоите чудесни и преславни чуда и големата милост Божја, спрема Тебе, Те фалиме голем пророче Илија, но не можејќи достојно да ја искажеме големината на славата твоја, смирено Ти воскликнуваме:
Радувај се, ковчег на славата Божествена, и најчесен храм на Пресвета Троица.
Радувај се, светилка на непроодната Црква и мирисен цвет на божествениот рај.
Радувај се, раководител на побожните пустињаци, наставник и укрепител на монасите.
Радувај се, грешниците ги побуду-ваш на покајание и за сиот православен род посредуваш за вечен живот.
Радувај се, во светлината на Свети-телите се насладуваш со неискажлива слава и непрестано го славиш Боѓа.
Радувај се, на крајот на времи-њата ќе извршиш големи знаци и чуда за утврдување на луѓето во вистинската вера и разобличување на Антихристот. Радувај се Илија, големпророче, славен претечо на Второто Христово доаѓање!
О, прекрасен и преславен пророче Божји Илија, голем ревнител за Бога, кој дождот и сушата, плодноста и неплодноста на земјата од Бога ги измоли, слушни ја оваа мала молба која побожно Ти ја принесуваме и со твоето топло застапништво кај Бога сочувај не од суша, глад и смртни болести и дај ни чист воздух и плодност, дух на права вера и побожност, избавувајќи се од вечните маки, да се удостоиме на рајска среќа пеејќи на Бога: Алилуја! ( овој кондак се чита трипати )
И повторно Икос 1: Со чесниот твој живот во тело...
О, многуфален и чудесен пророче Илија, кој засветли на земјата со живот равноангелски, огнена ревност спрема Господа Бога Седржителот, со знаците и преславните чуда, а потоа по возвишената Божја милост спрема Тебе надприродно си вознесен со телото на Небото на огнени коли; се удостои да зборуваш со Спасителот на светот при преобразувањето на Тавор, и сега постојано пребиваш во рајот и стоиш пред Престолот на Небесниот Цар. Услиши не грешните и непотребни кои сега стоиме пред твојата света икона и усрдно притекнуваме кон твоето застапни-штво. Моли го за нас човекољубецот Бог да ни даде дух на покајание и опростување на нашите гревови и со својата силна благодат да ни помогне да го оставиме патот на безбожноста, да напредуваме во секое добро дело, да не засили во борбите со страстите и похотите наши. Да всади во нашите срца дух на смирение и кротост, дух на братољубие и незлобливост, дух на трпение и мудрост, дух на ревност за славата Божја и спасение на ближни-те. Со твоите молитви, Пророче, уништи ги лошите обичаи на луѓето, а посебно погубниот дух на овој век кој го зарази христијанскиот род со непочитување на Божествената вера Православна, уставот на Црквата и заповедите Господови. Непочитување на родителите и вишите власти, кое сите луѓе ги фрла во безната на безбожноста, развратот и погибелта. Отстрани го од нас праведниот гнев Божји, прекрасен Пророче, со твојата заштита, и избави ги сите градови и села наши од суша и глад, страшни бури и земјотрес, смртоносни рани и болести, од непријателски напади и меѓусебни борби. Измоли, Пророче Божји, од Господа ревност за нашите пастири спрема Бога, срдечна грижа за спасението на стадото, мудрост во учењето и управувањето, побожност и сила во искушенијата; за судиите измоли искреност и некористољу-бивост, правда и сожалување спрема навредените. На сите кои покажуваат грижа за потчинетите, милост и праведност, а на потчинетите покорно ст и послушност спрема властите и усрдно исполнување на своите обврски, така живејќи во овој век во мир и побожност да се удостоиме со учество во вечните блага во Царството на Господа, Спасителот наш Исус Христос, на Кого Му припаѓа секоја слава, чест и поклонување со Беспочетниот Негов Отец и Пресветиот Дух во вековите на вековите. Амин.

Акатистот најпрво е поздрав, радост и пофалба на Пресвета Богородица.
Тој прв акатист, кој се вика Благовештенски, е состав на непознат химник, настанал некаде кон крајот на шестиот или во почетокот на седмиот век. Прв пат забележана негова употреба доведува во врска со опсадата на Цариград од страна на Авар и перскиот цар Хозрој 626г. за време на византискиот цар Ираклиј и
цариградскиот патријарх Сергиј, кога Цариград со чудо Божјо и по
молитвите на Пресвета Богородица бил спасен од опсадата. Тогаш
( 8 август 626 г.) , сиот народ цела ноќ стоејќи пеел химна на Мајката Божја и Логосот - Господ наш Исус Христос.
Неа Богја избра како посредничка на нашето спасение и помирување со Бога. Затоа го испрати светиот Архангел Гаврил да и донесе Благавест, даја поздравиПресветата: “ Радувај се, Благодатна! Господ е со Тебе, благословена си Тимеѓужените”.
Таа нигороди Спасителот на светот, Кој неизбави одгревот, вечното проклетство и робување на демоните. Иза сите безброј блага коишто ни ги направила Пресветата и секогаш ги прави, должни сме да ипееме Нејзе избрани пофалби опишани во Акатистите. А Таа брза помошничка, ќе ни возврати во сите неволји и ќе ни дарува Царство Небесно. Од тогаш бидејќи оваа химна се пеела “ стоејќи “, потекнува и името “Акатист” ( несједален) , бидејќи во време на неговото читање или пеење не е допуштено да се седи ( освен во случај на болест и немоќ).
Овој Акатист денес е во многу широка употреба во Православната Црква. Пред се , тој богослужбено се пее ( чита ) на саботната утрена од 5-та недела на Светиот Голем Пост ( како второ бдение). А во приватна молитвена пракса, претставува битен дел во дневното келијно монашко правило, додека и побожните мирјани го користат како своја усрдна молитва. По 38
можност треба да се чита секоЈ ден. Ако некој нема време да го прочита целиот, нека чита еден дел, па утре нека продолжи.
Со својата убавина и складност Акатистот на Пресвета Богородица послужил како причина и образ на многумина покасно боговдахновени црквени поети при составување на слични молитвени химни - Акатисти, а во чест на Пресвета Троица, Господ наш Исус Христос, најважните евангелски случки, Ангелските Сили небесни, многу Светии Божји, чудот.ворни икони на Пресветата Богородица... Акатистите се читаат во одреден ден во неделата кои се назначени според името на Акатистот во содржината. Останатите Акатисти би требало да се прочитаат барем на денот на прославувањето на Црквениот празник и Светиите за кои сте врзани; или спрема потребата , желбата и љубовта која ја имаме за Бога, Светиите Негови и нашите ближни.
 



Мистична Теологиа
www.angelfire.com/falcon/voznesenie