Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!








ЗОШТО МАРИЈА Е ПОШИРОКА ОД НЕБЕСАТА

Во нашата црква никој не се сомнева во Марија.
Сепак малку разумно да пристапиме.
За Марија не се бираат зборови, песни, слики, колку е голема, она има божествени особини, сите не слуша, не гледа, помага, постојано прави чуда ... дури некои одат во друга крајност, мислат дека премногу се возвеличува Марија, и дека само Исус е достоен за ваква слава.
Светото Писмо само на едно место сведочи, каде што она, преку Духот кажува: Од сега ќе ме ублажуваат сите родови. Западните христијани не ја ублажуваат, немаат ваква традиција, и затоа спроред песната на Марија, овие се малку надвор од вистината и спасението. Едно место е, ама си стои, за сите што се сомневаат.

Исус на себе ја носи полнотијата на Божеството, и ние со нашето верување и исповедање дека Исус е вистински Бог од Бога вистински, и дека Он предвечно се раѓа од Отца, го започнуваме нашето спасение. Но ова е почеток на нашата вера, која низ вековите се продлабочува, се усовршува, и тука се јавува големината на Марија, сите песни, слава, титули, празници ....

Прво, во сите песни она е Богородица, значи родила Божество, Го родила Предвечниот. Со секоја песна и молитва кон Марија, ние примаме дар од Светиот Дух, бидејќи правилно исповедаме дека Исус е Бог.

Второ, она е поширока од Небесата, Царица, која седи на престолот заедно со Исус, молитвено се застапува за сите нас, но не само што се застапува, туку постојо прави чуда кога ќе ја повикаме.

Тука е потребно малку внимание. Во она време, болните само што ќе се доближат до Исус и веднаш оздравувале, во Неговата близина како да не постоело смрт, болест, распаѓање, страдање ...
Сега Марија не се доближила до Исус, но она го зачнала, го носела во себе 9 месеци, го доела, го чувала, го пораснала и сега малку разум треба, ако Исус е Бог, ако е Вистинска Светлина, и ако оваа Светлина осветува се околу себе, и се што ќе допре го воскреснува, колку е осветена Марија, колку е обожена, колку е прославена, носејќи Го во себе 9 месеци. Девојка во себе носи Божество, во својата утроба, го раѓа ... и останува жива.
Од тука, колку Марија во црковната поезија е поголема и пославна, колку Марија на Небесата е пострашна Царица, богоподобна, преславна и поширока од небеста, толку Исус е поголем и пострашен Бог, бидејќи Исус ја осветува и ја преобразува во нераспадлива. А колку Исус е поголем и пострашен, толку нашата вера е правилна и дарот на Светиот Дух во нас се излева изобилно, бидејќи пребиваме во Вистината.
А вистината е дека СЕКОЈ ШТО ВЕРУВА ВО НЕГО ИМА ЖИВОТ ВЕЧЕН.

Во црквата постои верување дека сите страданија на Изараел од Бога допуштени, се за да се припреми овој народ, за од него да се роди Девојка, која ќе биде достојна да Го роди Божеството, бидејќи не може човек да ја види оваа Светлина и да остане жив, а колку повеќе девојка да го роди Бога, и да остане жива. Но, откако се јави ваква девојка, достојна и чиста, да го роди Божеството, сега Божеството нејзе толку ја осветува, колку што и самиот Исус е Бог, и во неа нема нема веќе болест, и смртта нема власт над нејзе, и затоа сега седи на небесата заедно до Синот, и молитвено се застапува за сите нас, и самата има благословение да спасува и пстојано да прави чуда. Амин.

Ако Марија е само обична девојка и жена, како што на запад се верува, се прашувам колку е голема светлината на Исус, колку е преобразувачка неговата Божестена Енергија, и колку Он може да спасува и да воскреснува.
Но ако она е страшна царица, и во исто време нежна Мајка полна со љубов за целиот свет, и ако е поширока од небесата, како Икона огромна, од земјата до небеста, тогаш нашето спасение е пред вратата.
Ете, стојам пред вратата и чукам. Ако некој го чуе гласот Мој и ја отвори вратата, ќе влезам кај него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.
Слава ти Боже. Пресвета Богородица Спаси не.







ВЕРОНАУКА
www.angelfire.com/falcon/voznesenie