Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!


DRAMA - DOJDE VREME - by VLADO JOVANOVSKI
                                                    Made in Bardovci

 



Карактери:

Александар Коен преседател на зона М1

Роксана Коен доктор

Алдо Џовани чипџија

Џана Џовани програмер за чипови

Отец Симеон свештеник на новото време

Симоница негова невеста

БОГ

Хор на љубовта 10 мина

Светската вкада 7 члена Јакоб, Сергеј, Саша, Мерием, Хелга Хабиб, Џанго,

Никола Тесла

Исак Њутон

Алберт Ајнштајн

Шабан специјалист по хортикултура

Шенг Специјалист по хортикултура

Разни научници


СЛИКА 1                         


Некаде во природа на пикник се собрале Александар Роксана Алдо и Џана. На сред сцена една долгманеста маса со шест тапацирани трупчиња столчиња со наслон со никловани шипки на тревата, на масата поставен  зарзават и тоа две длабоки чинии со салата. Сите работат по нешто на припрема на ручекот и часкаат тука и таму.

Александар: (на Роксана) Богољупче  колку си вешта со рацете тоа е чудо едно.

Алдо: Што те чуди пријателе зарем не си знаел дека жените имаат каде каде поразвиени менуелни способности од нас мажите.

Александар: Секако дека знам нопогледнија таа брзина прецизност вистински виртуоз сецкање идруги кулнарски дејствија, впрочем не туку така се добива прво место по гастрономија на зонското првенство.

Џана: Не само што и се восхитувам туку и и се дивам, впрочем неслучајно јас сум нејзина школа.

Роксана: (на Александар) Миличок те молам пушти некоја музика некое амбиенче.

                            (Александар стануава и пушта амбиенче и музиката ги раздвижува сите.

Алдо: Ајде машки не се предавајте (Алдо го зема блендерот и спрема масонски доручек цвекло моркови лукче) и парадизото е готово.

                           (сите по нешто работат музиката ги раздвижува и им дава ведрина)

Џана: Ајде уште малку па ќе привршиме..мм...м каков мирис ..м.м.м.

Роксана: Браво за нас.

                          (другите браво и аплауз Џана и Роксана сервираат на крајот Александар кажува молитва.

БОЖЕ наш благословини ни го јадењето и пиењето нам на твоите чеда и семсјства овие чеда твои по молитвите, по молитвите на твојата пречиста мајка и на сите твои светии.Амин повелете.

(молитвата завршува седнуваат и започнуваат со обедот).

Џана: Навистина браво за нас.

(откако се најадоа Александар и Роксана си легнуваат на кебето).

Александар: Ти си мојата радост, мојот живот.

(Роксана го милува)

Роксана: Продолжи не престанувај.

Александар: Никој не може да ни ги земе спомените.

Роксана: Сонував еден сон но сега се разбудив, разбуди се и ти.

Александар: Миличка убаво е од време на време да се случуваат вакви настани.

Роксана: Се се да се зема во мера и во ништо да не се претерува туку се да се прави со мера кажано е пред милениуми.

Алдо: Гулапчиња мои мили каков сте пар само да знаете, ... ви се дивам.

Роксана: Па има и на што дојди ми дојди гулапче да те бакнам, (се тркалаат по кебето и се кикотат.

Алдо: Џана дојди кај чичо по заслуженото.

Џана: Нема потреба од заслуги, доволен си ми и од дистанца.

Алдо: Што бе доволен од дистанца сега јас ќе ти   покажам што е доволно (стснува  и и се приближува лека полека и и се фрла во прегратка) мацо моја мацике кажи му на чичо мњао ајде мацо кажи ммњао.

Џана: мњао ... мњао.

Алдо: (и подава гирица и ја мафта над нејзината глава)ајде мацо ам ам(и ја дава гирицата).

(од далечина се слуша свирка и на сцена излегуваат Шабан и Шенг со расад цветови и разноразни алатки.

Шабан: Добар ви ден богољубчиња.

Александар: Добар ви ден и вам богољупчиња. Кое добро.

Шабан: Го разубавуваме светот, па така на ред дојде вашава беседка.

Роксана: Колку убаво.

Шабан: (го вади таблетот пребарува) И конечно ова е идејниот проект на Шанг (и го дава на Роксана).

Роксана: Прекрасно луѓе дојдете да ја видите оваа убавина.

(приоѓаат сите го разгледуваат проектот и во детаљи)

Александар: Штом Шанг вмешал прсти во проектот се знае што можеда се очекува кога се во прашање беседките.

Џана: Мене посебно ми се допаѓа ноќниот дел со светлечките дрвца.

Александар: Може ли некако да ви помогнеме ќе ни биде од посебна чест.

Шанг: Срдечно ви благодарам но се извинувам без навреда  сепак оваа работа не е ни најмалку едноставна како што можеби сте мислеле верувајте потребно е искуство цветот е како човекот стисни го малку повеќе ќе го повредите така е и со цветот.

Александар: Кога е така ние штотуку ручавме па ред е малку да прошетаме таман навреме да се спуштиме во град.

Роксана: Да да умесен предлог.

Џана: Да да ајде да се спремаме.                                                                                                                                   

(сите се спремаат ги полнат ранците го собираат сметот и кога веќе се при крај).

                                                                                    

Александар: Епа драги мои богољупчиња тука нашите патишта се разидуваат ние угоре а вас ве оставаме и ви посакуваме пријатен ден  и среќна работа.

Шабан: И ние вам пријатна прошетка.

Роксана: Ајде љубов и мир.

Шенг: Љубов и мир.

(излегуваат Алдо Роксана Александар и Џана)

Шабан: Колку племенита професија да го разубавуваш светот                                 

Шенг: Креативноста го задоволува и исполнува духот.

(од далечина се слуша  песна на свештено лице).

Шабан и Шенг си ја вршат работата песната станува погласна и погласна и на сцена влегуваат отец Симон  и Симоница.

Симон: Добар ви ден богољупчиња,  пријатна работа.

Шанг: Добро ни дошол Отец Симеон и тебе Симонице.

Симон: Вршете си работата чеда мои се надевам не ви пречиме.

Шабан: Таман работа подобри гости не сме можеле да ни да посакаме.

Симон: Чеда мои дали сте чуле разбрале владата заседава три дена заседава под затворени врати.

Шенг: Ниту чуле ниту разбрале.

Симон: Само на арно нека е.

Шабан: Оче Симоне зар светската влада би донела закон против својот народ туку има за тоа кој да мисли не грижете се беспотребно.

Симон: Може ли да ги погалам цвеќенцава, горам од желба да ги погалам.

Шенг: Само нежно.

Симон: Зар може човек да биде груб со оваква убавина.

Шенг: Само повели.

Симон: (се приближува до еден букет трендафили ги гали со двете раце потоа си ги мириса рацете)Господ да ве благослови и вас и вашата племенита работа.

Шанг и Шабан:Амин Оче.

Симон: Амин.

Шенг: Шабане ќе не стемни ајде барем кусите вести  да ги фатиме пасе ближи времето за ручек.

СЛИКА 2

(во лабароторијата на Роксана целосна опрема за виртуелна реалност  петтаа генерација лабараториски апарати, компјутери ласери медицински кревет, работно биро со фотеља, во средина масичка со три фотељи две шкафчиња Роксана седи на фотеља во бел мантил и си подсвиркува стануваи пушта радио се враќа на компјутер на радио оди тивка музика телефонот звони)Роксана ало кажи убавче слободно дојди кога сакаш те чекам ајде чао чао (Роксана си подработува музиката ја раздвижува, некој чука на врата) повелете.

(влегува Џана)

Џана: немав работа па си реков да дојдам да те посетам се надевам не ти пречам во работата.

Роксана: Не не воопшто, истото сакав да го направам и јас, мислам сакав да те виддам но ти ме претекна

богољупче што е со ова сивило со работава ме убива оваа досада, нема нови проекти ништо ново да пукнеш од досада. Се сеќавам кога бев помлада работев со таков елан се борев со цела сила се само за прогрес во кариерата и сега кога дојде време, нема проекти. Толку си ја сакав професијата и сега трт.

Џана: Кога те слушам како говориш имам чувство дека ми ги земаш зборовите од уста.

(на радио одат вести, почитувани богољупчиња, паниката која се шири меѓу народот е бессмислена, работела светската влада три дена зад затворена врата, како и за медиумите луѓето си ја вршат работата за која се назначени и во тоа нема ништо страшно и сега еден џингл па ќе имаме вклучвање во живо со министерот за информации. Пријателе министре Јаков што е тоа што се случува во светската влада.

Јаков: Како прво да кажам дека во светската влада не се случува ништо алармантно туку се води една дебата за која во овој момент не би било благодарно да се шпекулира народот да не се вознемирува кога ќе дојде време сите благовремено ќе бидете информирани, благодарам.

Џана: Богољупче не се вознемирувај беспотребно да имаше нешто ќе беа преземени некои санкции или забрани и сл.

Роксана: Знам ... само ...

Џана: Зар немаш доверба во нашата влада ?

Роксана: Скраја да е туку контра владата на Луцифер пушта бубачки како би предизвикал раскол помеѓу нас блажените.

Роксана: Кога би можеле да го пробијат нашиот нов штит на љубовта.

Џана: и молитва ...

Роксана:Но министерот не ја спомна сатаната, што преудицира на наш внатрешен проблем.

Џана:Колку оштроумно, да знаеш дека си во право.

(некој чука на врата),                                                                   

Роксана: Повелете.

(влегуваат Александар и Алдо).

Александар и Алдо: Здраво богољупчиња и убавчиња.

Роксана и Џана: Здраво и на вас богољупчиња.

Роксана: Слушнавте.

Алдо: Слушнавме.

Александар: Што ќе се прави?

Алдо: Тоа не е играчка туку светска влада......светска влада.

Џана: Има ли нешто што светската влада не може да го реши.

Роксана: Јас не верувам.

Александар: Ниту јас.

Алдо и Џана: Па и ние....

Џана: И резиме.

Александар: Резиме да си ја гледаме нашата работа и да не се мешаме во работи што не се во наша надлежност инаку светската влада има свои инструменти да се заштити да укори па и казни

Алдо:Ниту емоја работа, ниту се мешам има кој да мисли за мене а и за вас светската влада не сака сите.

Џана:Тоа го знаеме сите.

Алдо: Тогаш каков ви е проблемот ајде да се помолиме на БОГА (ја кажува молитвата).

Војводо и господи бранителу наш и на адот победителу јас созданието твое и робот твој кој од вечната смрт избавен сум пофалби Ти оддавам Ти кој неизречно милосрдие имаш од секоја беда ослободиме мене кој повикува БОЖЕ помилуј ме Амин. (грми и светка).

БОГ: Возљубени во бога чеда мои ако толку многу ја сакате слободата може тоа да го направиме одма.

Џана: Јас откажувам страв ми е.

Алдо:И јас.

Александар: Богами и јас.

Роксана: Јас прифаќам о семоќен тебе ти ја предавам душава моја.

(грми и светка сите бегаат самоРоксана стои со високо подигнати раце тотална темнина.

СЛИКА 3.

На сред сцена на трон седи БОГ десно странично три мрежи за лежење и во нив залегнале Ајнштајн, Њутон и Тесла во бели мантии со златни детаљи и си играат со топчиња, на скала седи Роксана и се чешла

Ајнштајн: Добро ни дојде благородна душичке.

Роксана: Добро ве најдов благородни душички. (за себе) Боже мили каква убавина каква чистота зарем е можно ова.

Ајнштајн: Богољупче уште колку има да видиш не можеш ни да претпоставиш, но за се треба време.

Роксана: БОЖЕ преслатки на душата моја утешение мое Владико многу милостив ОЧЕ мој сесилен, ОЧЕ спасителу мој ОЧЕ спасиме спасе мој ОЧЕ блудницата што ја прими и мене помилуј ме сега ти кој со својата божевствена и човекољубива промисла си ме удостои мене грешната  да станам од сон и влезам во твијот светол дом . (трга кон ОТЕЦОТ кој зас.еднал на тронот Роксана му се поклонува и му ги бакнува нозете.

БОГ: Благословена биди меѓу жените (плеска два пати со рацете и на сцена излегува хорот на љубовта прво се разшетуваат на сцената ја почнуваат преработката на реките на вавилон од Бони М. останатите ракоплескаат во ритам со песната, завршува песната.

Исак: (на Тесла и Ајнштајн) Ах да бевме иста генерација сите ќе ги немаше овие церемонии одамна, но што е тоа е.

(едно ангелче, пеејќи ги прашува останатите)(и каде сте сега богољубчиња мои.

(друго ангелче)(да одиме да одиме пипни стој да си играме, сите останати може изапочнува детскиот жагор)

(другото ангелче фаќа друго пипни стој друго на друго пипни стој , и така до крајот на играта.

Првото ангелче: ај да одиме до паркот на слободата таму ќе се забавуваме, ( сите ајде, излегуваат)  

Tесла: Ах таа Америка колку му помогна на моето учење дупло ми одзема, без жичната енергија достигнувањата во интерес на човетштвото а тие се нафрлиле на зракот на смртта се зборува дека ни ден денес не еконструиран а протекуваат информации дека ласерот е тој мистериозен зрак на смртта.

Ајнштајн: Иако е наводно нејасно кој прв ги измислил првите ласери богољупче најчесто со неговиот зрак на смртта и други теории за футуристички оружја за среќа инспирале други научници кои на овој принцип му дале мирољубива намена.

Тесла: (на Исак)Твоето дело е сведок за еден ганијален човек кој трасирал нови патишта за човештвото во областа на физиката и математиката  кој со своите откритиа покажал дека природата  има свои тајни но човекот може да ги открива.

Њутн: А што ќе кажеш заааа богољупчето Ајнштајн.

Теслаааааа: Ма пушти го ти него он ти е поета.

(од далеку се слуша песната на хорот полека излегуваат на сцена со песна.

Првото ангелче: Дојдете богољупчиња да му пееме песна на БОГА(со песна) слава БОГУ кој го раздели морето и го извади народот од египетското ропство исе прослави меѓу народот(и Уште еднаш целатааа строфа.

БОГ (на Роксана) Твоите долу на големо те оплакуваат што ќе рече навистина имало љубов меѓу луѓето.

Роксана: ОЧЕ мој како да им јавиме на моите дека сум жива и среќна.

БОГ: Не бил БОГ ако не би можелда испратам порака дека си жива и среќна,ќе им пратиме на сите ист сон и тоа што го виде тука.

БОГ: Сега ќе ги израдувама (грми и светка тотална темнина).

СЛИКА 2.

(се слуша песната на славејот стануваат сите).

Александар: Ле ле богољупчиња што сон сум сонил.

Алдо и јас.

Џана: И јас.

Александар: Роксана ми праќаше бакнежи, седеше десно од БОГА изгледаше прекрасно во снег бела хаљина со златни детали велеше поздрави ги Џана и Алдо и кажи им дека сум жива и среќна.

Алдо: Потполно истииот сон.

Џана: И јас од почеток до крај.

Александар: Што чудо ќе беше ова ?

Џана: За ова треба да се обратиме кај отецот Симеон.

Алдо: Симон да да ова е чудо.

Александар: Алдо, сместа да го доведеш Отецот.

(Алдо излегува).

Џана: Глава давам дека сонот е вистинит каде сте богољупчиња БОГ е жив  Алилуја !

(сите).

Алилуја, Алелуја, Алилуја !

(влегуваат Алдо, Отец Симон и Симоница).

Симон: Дали е вистина дека сите сте сонувале ист сон ?

(сите).

Вистина е !

Симон: Ако е така ве уверувам дека вашата драга Роксана е жива и среќна.

Александар: Како си толку сигурен.

Симон: Богољупче тоа ми е работа итоа е Божји знак. А да ве прашам, ако не ми верувате зошто дојдовте на моја врата? А? Случајот е затворен ај создравје, ајде Симонице пат под нога не бараат и на други места (излегуваат).

Џана: Му верувате ли на Отецот? Јас да.

Александар и Алдо: Богами и јас  и јас.

Александар: Ајде на по една црвена за расположба на суво јас честам за среќата на мојата сакана.

(излегуваат сите)

СЛИКА 5.

(канцеларијата на Александар три фотељи за странки сет масичка биро со фотеља компјутер комода шкафчиња Алдо и Џана седат Александар сервира пијалок и послужува.

Александар: Повелете ајде повелете така епа ајде (сите стануваат со високо кренати чашкиАлександар кажува здравица) Нека и е честита вечноста и да и даде БОГ да ги прими овие топли и блажени честитки ајде чин чин за многаја лета.

(сите).

Амин.

Алдо: Се прашувам богољупче како ти е тебе ти и твојата сакана во два различни света и двајцата среќни. Се прашувам како би ми било кога јас би бил на твое место.

Александар: Се е до верата иљубовта.

Џана: Лесно е да се кажен но во стварноста изгледа тешко да се преживее.

Александар: Се што дошло ќе се трга убавче мојата Роксана сега седи од десна страна на БОГА зад рајските порти во самиот рај опкружена со Херувими,Серафими, Ангели како би можел да не бидам среќен за неа моето гулапче богољупче.

Алдо: Браво богољупче вистина носиш срце пет кила.

Џана: Мажиште право.

Александар: (заплакува) Сигурен сум дека и сега ме мисли среќна е што ме остави со вас благородни души.

(некој чука на врата.

Александар: Напред повелете.

(влегуваатШабан и Шенг) ..

Шабан: Благодарам за гостоприемноста, ние го разубавуваме светот од ден на ден но денес по специјална порачка од висока динстанца, замолени сме да се прошетаме по вашата канцеларија и оставиме наш печат во овој свет божји дом.

Александар: Па тогаш повелете обавете сиШабан:Благодарам за разбирањето. Да прашам како ви се чини т.е. што велите да ги нагласиме ќошовите со зеленило и со пригушено светло.

Александар: Браво бе Шабане пријатно расположен. А да прашам кој е нарачателот ?

Шабан:Е тоa не смеам да зборувам само можам да кажам дека е од висока динстанца.

Александар: Што би се рекло крај на прикаската.

Шабан: Навистина жалам но тоа е тоа.

Александар: Па тогаш Алдо да им ја отстапиме просторијава на уметнициве.

Алдо: Кај би можеле да одиме работа нема ни за лек.

Џана: Да одиме во ординацијата на Роксана ќе си припомниме на неа.

Алдо: Убав предлог што велиш ти Александар.

Александар:Па да одиме(стануваат и полека се повлекуваат) Епа пријатна работа богољупчиња.

Шенг: Пријатен  ден и на вас богољупчиња.

(излегуваатЏана, Алдо и Александар).

Шанг: Колку убава просторија, дава убава шанса на уметникот да се изрази(гледа наоколу се врти)динамичен простор.

Шабан: Јас би егзбиционирал со лустерот, како ми лежи само уф...уф.

Шанг: Акција.

Шабан: Почнуваме(оди и носи купишта зеленило и алатки).

Шенг: Колку е часот?

Шабан: Пладне пет до пладне. Има ли тука радио а ене го  пушти те молам.

Шенг: (пушта радио) Почитувани слушатели како што веќе реков паузата ќе потрае уште неколку часа помеѓу министрите се уште не е донесен консензус за понатамошна работа на владата работата оди дотаму што министерот за внатрешни работи запретил со оставка до колку не се донесе консенсензус по било кое прашање. Почитувани со нови информации ќе се јавиме за еден час.

Шабан: Ништо не кажуваат.

Шенг: Ќе биде се во ред  ќе видиш, па можеби и не е за  кажување.

 

Шабан: Туку да гледаме нашата работа, цела зона легачи  нигде никој не работи науката го наговестува нејзиното финализирање нема нема визија сечини се е откриено секој ги знае сите тајни на сите науки  се чини се ближи крајот на светот.

Шанг: Не туку паничи туку дај да каснеменешто.

(излегуваат)

СЛИКА 5.

(во фоајето на преседателот на зона М1, на една маса седат Џана, Алдо и Александар пијат млеко од автоматскиот  сервис од далечина се слуша хаус посилно и посилно влегува министерот за култура Хабиб).

Хабиб: Здраво богољупчиња може ли малку балет до следните вести?

(влегуваат Шабан и Шенг се послужуваат со по едно сокче и сендвичи и седнуваат).

Хабиб: Сакаме ли балет или не?

(сите сакаме)

Хабиб: (ги става звучниците еден лево еден десно ја попушта музиката и лудилото започнува растура со модерен балет и на крајот следува аплауз), Како ви се допадна?

(сите браво ... браво)

Хабиб: Сакате уште едно парче до вестите?

 

Хабиб (се поклонува пушта музика    и почнува да се витка,крши инспиративно).

Александар: (му дава знак да престане но овој не му обраќа внимание паѓа во транс скока прави пируети му приоќа и го дрма овојсе смирува).

Хабиб: Што се случува падна ли владата?

Алекандар: (го тапша по рамо). Дечко ајде олади.

(останатите паѓаат од смеење).(на радио оди џинглот за вести молчат и слушаат дебата од седница се вжештува и министерот за информации прети со поднесување на оставка ако се не остане како и досега без никакви преправки и дополнувања на уставот. Тоа е за сега најново со други информации за еден час).

Александар: (на Џана) Дај намаји го тонот.

Џана: (станува и го намалува тонот), Нешто се случува и тоа големо.

Алдо: Сигурно јас не паметам ваква владина криза....но што не кажат отворено можаби и ние можеме на некој начин да помогнеме.

Александар: Најдобро ќе помогнеш ако ќутиш.

Џана: Да се помолиме на БОГА?

Алдо: Друго ништо не ни помага.

(од далеку се слуша псалмот на Симон и Симоница, постепено влегуваат на сцена и се молат помилуј ме БОЖЕ помилуј ме.

Џана: Добро ни дошле богољупчиња.

Симон: Добро ве нашле богољупчиња

Алдо: Бевме решиле наБОГА да се помолиме за кризата во владата на друг начин не знаеме како да помогнеме.

Симон: Блажана ви е  идејата ако сакате може да се помолиме заедно.

Џана: Сите заедно,со задоволство.БОГ те пратил.

Симон: БОГ е прилично комуникативен како никогаш до сега божем секој ден е богојавление(Симон почнува со молитвата останатите го следат

Помилуј ме БОЖЕ помилуј го гледам морето на животот разбранувано од бурите на искушенијата доаѓам во твоето тифко пристаниште и извикувам многу милостив БОЖЕ избави ја од пропаст душата моја помилуј ме БОЖЕ, кај тебе доаѓам оти ТИ згрешив, очисти ме. Симни го од мене товарот на гревот и како добро срдечен дајми солза на умиление помилуј ме БОЖЕ помилуј, погледни ме со милостив поглед БОЖЕ спасителу мој и прими ја мојата топла исповед Амин.

(Симон трља рацете) .

Симон: Уф каква молитва.                                                              

Александар: БОЖЕ Оче наш Спасителу ти ги исповедам своите гревови што сум ти ги направил ти ги отварам раните на душава моја и телото направени од грешни помисли та уште денес ти ја предавам душата моја како би бил со мојата љубена Роксана Амин.

(грмотевици итотална темнина).
СЛИКА 3.

(на подот лежи Александар се освестува дига глава зачудено над него клекнала Роксана и го милува по лицето Ајнштајн Тесла и Њутон залегнале во клацкалките и си играат со топчиња на сред сцена на тронот седи БОГ).

Роксана: Добре дојде во рајот љубен мој (со пеење).

Александар: Значи вистина било тоа со сонот се чувствувам така исполнет просто не можам да верувам но за среќа вистина е.

БОГ: Како ти се чини чедо мое?

Александар: Слава теби БОЖЕ наш Алилуја, Алилуја, Алилуја.

БОГ: И остана верен до крај, браво чедо мое.

(Ајнштајн иТесла замаат да играат шах).

Ајнштајн: Браво коњ зема ловец на це 3. (играат така играат и.

Тесла: Шах мат!

Ајнштајн: Браво мајсторе.

Тесла: Абе ти викам ти поета ти се лутиш.

(Роксанна го зема Александар и седат на скали).

(влегува хорот со песна).

Хорот: Ти си заштита на оние кои кон тебе прибегуваат ГОСПОДИ  ти си светлина на помрачените тебе те воспева духот мој.

БОГ: Браво чеда мои.

                (ракоплеска и веднаш сите присутни)

Хорот: Отроците кои од јудеја еднаш во вавилон дојдоа со вера во троица дојдоа пламенот во печката го победија пеејќи благисловен си БОЖЕ от отците наши.

БОГ: Уште еднаш браво за нашите бели грла аплаудира.

(сите аплаудираат сите).

Њутн: Има ли подобар партнер, ((на Тесла и Ајнштајн).

Тесла: Кај си ми ти стара муштеријо, повели.

 (Тесла и Њутн ги местат фигурите Роксана и Александар се држат за раце и си се смешкат за да заврши со прегратка Александар ја под1ига во вис и ја врти, хорот се збира и пред излегување уште една песна.

Хорот: Ја слушав ГОСПОДИ тајната на домостројот твој ги разбрав делата твои и го прославив Божевството твое.

БОГ: Аплаудира.

(аплаудираат сите, Ангелчињата рака за рака ја напуштаат сцената).

БОГ: Ајде да видиме што са случува долу на земјата (грми и светка темнина).

СЛИКА 6.

(во фоајето на преседателот на една маса седат Алдо и Џана на соседната Шабан и Шенг и постепено еден по еден влегуваат научници едно десетина збунети ).

Алдо: Кое добро богоњупчиња?

Еден научник: Дојдовме да и дадеме подршка на нашата влада оти таа си е наша влада со години и не може никој да и препише никаква вина ниту пак народот со години нема ниту еден грешник ниту грев ако не го рачунаме инцидентот со мечката што го повреди момчето која не била чипувана,но итоа помина и сега од ненадежд криза во светската влада, епа не може тоа така.

Алдо: се сложуваме со тебе богољупче но што совет би можеле да ви дадеме кога и ние сме збунети.

Научникот: Да има некој кривец ќе го приведеа, но такво нешто нема ни за лек сите божји тајни ги научивме  највисоката наука дојде за мали деца (на радио оди џингл за вести).

Вести: Почитувани земете воздух, и бидете спремни за една сензационална вест, која за вас ќе ја објави лично Премиерот.

Премиерот: Ппочитувани оваа работа очекував дека ѓе се случи но не толку скоро, ова е резултат на една плодотворна работа и тоа со генерации наназад за да стапиме до овој степен на развој еве веќе последната тајна е тоа дека вие сте срворени не само по ликот божји туку и по неговиот интелект меѓу другото имате развиено чувтво за правда, нашата влада имаше пред чувство дека оваа генерација ќе таа што ке го понесе овој епитет ЧИПОВАНИ БОЖЕВСТВА и еве на крајот времето си го направи своето. Научивте се што може да се научи дојде време да вие а и ние владата се наречеме мали богчиња. Епа нека ни е честит денот трети април (сите) нека ни е честит! И сите ракоплескаат, прегратки и бакнежи на сите страни и на крајот мал огномет (грмотевици БОГ се јави)

БОГ: Нека ви е честито.

Сите: АМИН БОЖЕ!!!

(мал огномет)            



made in bardovci
by: Владо Јовановски