|
|
ВОЈНАТА Е ЗДРАВА ЗА ДРЖАВАТА Насловот звучи во најмала рака чудно, нели? Сепак во своето суштинско значење овој наслов значи дека безумната моќ се храни од војната бидејки таа ја уништува моралната структура на еден народ, а нарочито ги уништува интелектуалците на тој народ. Во нашата држава постојано добиваме вести дека ќе има пролетни или есенски офанзиви и затоа овој текст самиот по себе се наметна со својата важност како битен елемент на овој сајт. Во мирновременски услови мнозинството на луѓето многу не размислуваат за државата. Наместо неа тие се занимавале со власта, каде што власта во овој случај ги означува секојдневните практики на службите и функциите на државата. Власта е секојдневната практика на државата која ја раководат обични луѓе, луѓе вработени во државната администрација како што се поштарите и учителите. Дури и избраните на политички функции не поседуваат некоја посебна светост околу себе. Значи во време на мир чувството за држава избледнува од свеста на луѓето. Државата е повеќе концепт отколку физичка и материјална реалност која е создадена од устав и закони. Влади доаѓаат и си одат, но државата останува практично иста. Таа предизвикува емоции како воодушевување и патриотизам меѓу своите граѓани и поради ова државата се смета како осветена од страна на историјата и од популарната волја. Општеството, од друга страна, е збир на неполитички фактори кои го чинат животот во една држава. Тоа се ставовите, литературата, заедничката историја, културата и др. Овие неполитички фактори се тие со што се разликуваат едно општество од друго. Во време на мир повеќето од луѓето се идентификуваат со општеството отколку со Власта, односно со своето соседство, вера или етничка припадност отколку што се идентификуваат со политичка партија. Општеството, за разлика од власта, не е израз на државата. Државата е всушност концепт на моќ, на натпревар. Таа означува група во својата агресивна форма наспрема општеството кое е концепт на мирен заеднички живот, толеранција и на живеј и дозволи да живеат начин на однесување. Влијанието на војната Во воено време границата која ги одвојува власта од државата и од општеството се губи. Полн со емоции, патриотот ја губи способноста да разликува помеѓу власт, држава и нација. Патриотизмот станува чувството кое доминира и предизвикува интензивно и безнадежно чувство на збунетост помеѓу односите кои ги поседува и кои треба да ги поседува кон своето општество. Така секој поедини граѓанин, кој во мирни времиња немал некоја посебна функција со која би се замислил себеси како жив дел од државата наеднаш станува активен аматерски агент на државата. Тој пријавува шпиуни и нелојални граѓани, собира средства за државата или пропагира мерки кои власта ги смета за битни. Треба да се има во предвид дека во воено време државата и власта се изедначуваат. Нелојалност кон политичката партија на власт е нелојалност кон државата. Влијанието на војната врз општеството е уште посилно. Општо гледано, во воени услови, нацијата добива чувство на однобразност и хиерархијата на вредносниот систем кулминира со неоспорениот државен идеал. Оваквата општествена поставеност не може да се создаде со ништо друго освен со заканите и стравот што ја носат војната. Наместо морновремескиот живеј и дозволи да живеат концепт, општеството ги усвојува принципите на концептот на државата, група со своите агресивни аспекти. Ова е теоретското значење на војната е здравје на државата. Во мир луѓето се идентификуваат со своето општество и малку размислуваат за државата. Во војна, хиерархијата и моќта на овие концепти е испревртена. Политичката партија на власт станува државата каде што општеството е подредено. Индивидуата во воено време Што се случува со индивидуата кога општеството е доминирано од државата, односно од политичката партија на власт? Во мир, поединецот се однесува спрема сопствената совест и гледа да си ги подмири своите потреби како што се потрагата по просперитет, забава и слични други активности. Индивидуите во општеството мирољубиво општат меѓусебно без наметната координација од државата бидејки е иницирана од взаемна желба и без загуба на личниот избор. За време на војна индивидуите се претвораат во тнр. стадо. Државата е организатор на стадото и диктира како тоа стадо ќе се однесува. Членовите на стадото може да имаат широк спектар на емотивни и интелектуални реакции кон настаните за време на војна и кон самата војна. Како и да е, преку мешавина на принуда, агитација и заплашување стадото се обликува во формата која најмногу и одговара на државата (партијата на власт во воени услови). Чувствувајки се зајакнат преку идентификација со целината луѓето престануваат да бидат индивидуи, личности и постануваат алати на државата. Човек кој решил да не се приклони на колективистичкиот тренд се чувствува отфрлен и беспомошен додека тие кои размислуваат и се чувствуваат како другите од стадото го имаат топлото чувство на послушност и блаженоста на неодговорноста и заштитата од државата Преку формата стадо, луѓето постануваат послушни, почитувани и верни деца полни со наивна вера во семудриот и семоќен возрасен кој се грижи за нив, државата. Оваа стадо-машинерија функционира преку огромната збунетост и личниот страв на луѓето која ги присилува да се подредат на таква деструкција на сопствената слобода што во поинакви услови би им била одвратна. Тие стануваат дете качен врз бесен слон и е принуден да остане врз него до моментот додека слонот не реши да запре. И ова е дефиниција на војната е здрава за државата. Војната е смрт за индивидуата, смрт за индивидуализмот. Таа води кон морален распад на едно општество преку уништувањето на начините на мирољубивото општење на поединците во општеството. |