|
|
КУЛТОВИ И КУЛТНО ОДНЕСУВАЊЕ Тешко е да се даде строга дефиниција на зборот Култ. Многуте разни форми на девијантно групно однесување ја поттикнуваат тешкотијата во строгото дефинирање на тоа што ја прави една група култна или не. Во пропагандните активности, ваквата активност се смета за пожелна за поттикнување бидејки олеснува при создавање, односно креирање на правци на мисла, менталитет или пак создава поволна состојба за полесно принудување на активност. Друга потешкотија при дефинирање и откривање на култови или култно однесување претставува бројноста на одредена група или прифатеноста на одредена идеологија во општеството. Култовите често поседуваат конотација кон религиозното, иако мошне тесна, во повеќето случаеви допира до вистината, ама само допира. Култно однесување може да се забележи во политички партии и општествени активности како што се идолизирање на пеач или глумец, наметнат начин на забава (скопска шема), начини на однесување кои генерираат одредени ние против тие елитистички настојувања. Покрај потешкотиите, досегашните испитувања на култни групи даваат можност за една дефиниција за тоа што претставува култ. КУЛТ - група или движење која покажува голема или претерана приврзаност или посветеност кон личност, идеа или предмет. Користење на неетички манипулативни техники на убедување и контрола во групата кои се дизајнирани на начин на кој полесно би се оствариле идеите на водачите на дадената група.Според истражувањата кои се направени на групи со култно однесување во далечното и поблиското минато и сегашните групи добиени се овие показатели по кои треба да се анализира една група и да се детерминира дали една група поседува во себе култно однесување. Овие 14 точки на однесување на група ќе ви ги дадат потребните знаења за валидно да процените дали таа група е култно ориентирана: 1. Дали групата е фокусирана на жив лидер кон кого членовите на таа група покажуваат претерано ревносен став и неоспорна предаденост? 2. Дали групата е презафатена со активирање на нови членови? 3. Дали во групата оспорувањето, сомнежот или несложувањето со наметнатото мислење се обесхрабрува или се казнува? 4. Сомнежи за групата или за лидерите на групата се гасат преку разни техники на казни и награди? 5. Дали лидерите на групата диктираат како членовите треба да мислат, да се однесуваат или како да се чувствуваат? 6. Дале групата е елитистички настроена. Дали таа поседува возвишен, ние сме најдобри, став за себе или за своите лидери? 7. Дали е групата поларизирана, односно дали има ние против тие менталитет кој предизвикува конфликт со останатите групи во општеството? 8. Дали лидерите на групата се сметаат за семоќни решавачи на судбини без да одговараат пред никоj друг во групата? 9. Дали групата налага активности од своите членови за извршување на своите наводно свети цели со средства кои не би биле сметани за етички? 10. Дали лидерите на групата предизвикуваат чувство на вина со цел полесно да ги контролираат членовите? 11. Дали со членувањето во групата на членовите им се налага да ги прекинат врските со пријателите и семејството, да ги откажат своите лични цели и активности во животот пред да и се вклучат на групата? 12. Дали се очекува од членовите да одвојуваат премногу време за групата. 13. Дали се очекува и им се наметнува на членовите да живеат и/ или да се дружат само со членови од групата. 14. Дали групата е преокупирана со заработување на пари. Доколку кој било 4 точки се совпаѓаат со однесувањето на одредена група тогаш постои голема веројатност дека таа група поседува култно однесување и го наметнува врз своите членови. |