Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

УРЕДУВАЊЕ

 

   Оваа техника е виновна кога се вадат зборови надвор од контекстот на реченицата или преуредување на мислата во даден говор. Значи уредувањето не е само виновно за вадење на зборови надвор од контекст туку и за создавање на контекст. Секоја емисија на телевизија или радио било да станува збор за политичка или забавна има свој уредник. Тој е задолжен за текот и за содржината на емисијата и тука нема ништо спорно. Спорното се појавува кога ќе се злоупотреби уредувањето со цел да се потврди некаков претходно воспоставен заклучок. При вакво дејство уредувањето постанува средство за ситематска манипулација, односно помага при пропагирање на некоја идеа.

   При ваков начин на уредување слободно може да го дефинираме уредувањето како внимателно избрани информации кои поддржуваат однапред испланиран заклучок со цел да убедува. При тоа се користат сите потребни пропагандни техники за таа цел внатре во емисијата.

Назад