Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ТЕНДЕНЦИОЗНО ИМЕНУВАЊЕ

   Обратно од пропагандната шема Еуфемизми. Тенденциозно именување подразбира зборови кои предизвикуваат силни емотивни реакции преку упростена сликовитост. Таквите зборови се создадени преку навикнување од повторувачки асоцијации (Павлов) и се многу ефтин начин на ширење на пропаганда. Слична на шемата Нарекување оваа пропагандно-медиумска техника ја
врши истата работа но со многу пософистициран метод на именување на настани, личности или состојби. Асоцијативноста на ваквите зборови треба да предизвика емотивна состојба, претежно негативна, за одредена тема и да ја заобиколи критичката мисла. Еден вид на ментална кратенка,која  ви овозможува да формирате суд за дадена тема без да размислувате или поточно да донесете суд за настан личност или состојба која би била поволна за корисникот на техниката Тенденциозно именување.

Кај нас познати зборови или фрази кои спаѓаат во рамките на Тендециозно именување се:

"Комуњар"

"Бугарофил"

"Србоман"

"Мафијаш"

"Политичка десница, левица или центар"

"Сожителство"

"Мултиетничко општество"

"Промени"

"Релативен мир"

и многу други слични зборови или фрази кои не објаснуваат политички или друг поглед туку само именуваат.

   Убавината на Тенденциозното именување е во упростувањето кое го нуди. Логичното резонирање и критичката мисла се едноставно занемарени во полза на лесното и упростеното дефинирање преку емотивност на даден настан, личност или состојба. Иако понекогаш се неизбежни за да се дефинира некаква појава тие сепак пренесуваат само емотивност наместо резониран аргумент. Личност кој користи вакви видови на зборови или фрази не ја искажува својата позиција или својот став, дали се согласува или не со дадена тема на разговор. Доколку ја забележите оваа техника како се користи во разговор или при известување за настан обидете се да резонирате наместо целосно да ја голтнете изџваканата информација. Можеби таквата информација не ви оди во корист како индивидуа или како поголема група (народ).

 Назад