|
|
СОЦИЈАЛИЗАМ
Политички, социјализмот означува широк спектар на идеи и предлози кои се држат заедно преку практикувањето на централизираната сопственост и контрола на средствата за производство бидејки се мисли дека таквото уредување на општеството е поморално. Социјалистите го гледаат капитализмот (слободната пазарна економија и правната држава на конзерватистите и либералите) како неморален општествен поредок и поради тоа тој е неефикасен во својата практика. Некој социјалисти со својата филозофија одат дури до таму да сугерираат дека крајната цел на капитализмот, стремежот негов или пак неговиот еволутивен од води до крајната цел Социјализам. Како колективистичка филозофија, социјализмот, тврди дека капитализмот треба да се реформира со радикална редистрибуција на општествените ресурси и создавајки државни институции кои би ја воделе економијата. Во последно време некои социјалисти го напуштаат концептот на централизирано сопствеништво на средствата за производство и се вртат кон слободниот пазар како одговор на економските прашања. Социјалистите кои го застапуваат ова се пофлексибилни со ставот околу демократијата и децентрализацијата на средствата за производство. Алтернативниот концепт на социјализмот е "Пазарниот социјализам" кој толерира да доминира слободниот пазар но инсистира да држи под контрола одредени "битни" ресурси. Вака, според нив ќе може да се усмери економијата кон посакуваните политички патишта. Исто така постои и "Работничко контролиран социјализам" кој со својата економска активност би се свел на сопствеништво на средствата за производство врз работниците. Значи, сопственици и работодавци, односно капиталисти во едно социјалистичко општество би биле работниците. Оваквото управување би се нарекло "Работничко контролиран капитализам". Многу аспекти од социјалистичката филозофија која се занимава со економијата се неодговорени, ниту пак се поседува желба да се конфронтираат темите кои не би оделе во прилог на социјалистичкото уредување во едно општество. Затоа социјалистите прибегнуваат кон критика на моралот на капиталистичкото уредување како основа за нивното прокламирање на совршената политичка филозофија. Без оглед на моралниот проблем на нееднаквата дистрибуција на способности, мотиви, таленти и ресурси во едно општество, социјалистите поседуваат оптимистичка визија за човекот. Не каква што е, според нив, експлоатиран и потчинет, туку каков може да биде доколку едно општество би било реформирано според нивни социјалистички принципи. Повеќето социјалисти претпоставуваат дека реформираното општество според нивни принципи би довело до изумирање на потребата од семејство, религија, приватна сопственост и скржавост, односно според нив сите опијати на заспаните маси кои ги држат во една состојба на лажна свест. Според тоа, слободната љубов, храна за сите, ослободениот талент и личниот развој преку осветлениот колективизам би владеел. Некои социјалисти предвидуваат и изумирање на секаков авторитет со што се доближуваат до анархистите во своето делување.
|