Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

ПРЕТЕРУВАЊЕ

 

Едноставно кажано оваа техника се обидува мравка да претвори во слон. Намерата е небитни теми да се стават во преден план како битни, а целта е вештачки да се создаде сентимент за даден небитен предмет. Преку ваквото делување се кондиционира публиката да се занимава со небитни теми наместо со теми кои имаат своја битност во животот на поединецот или групата. Во нашето
општество, меѓу другото, претерувањето се состои од претворање на небитни политички караници помеѓу партиите во најбитни елементи на животот.

Доколку виден член на една политичка партија извршил криминал во минатото или сегашноста, битниот елемент на таа тема е извршениот криминал и казната која неминовно мора да следи. Небитната тема е меѓупартиската борба за власт. Нашите медиуми преку техниката претерување и со постојано повторување на даденото претерување ќе издејствуваат небитната тема да се наметне како битна и да се заборави на битниот елемент - извршениот криминал и казнувањето на делото. Постојат и други причини за кои медиумите би ја користеле техниката претерување. Дадениот пример е само најочигледен.

Претерувањето е техника која зависи од повторување. Еден единствен чин на претерување не создава ефект на битност. Целокупноста на дневното повторувачко претерување ја дава битноста на дадена тема. Всушност ова е и клучот на поддржуваното зголемување на пропагандата.

Назад