|
|
ПОДГОТВУВАЊЕ НА ПУБЛИКАТА Оваа е многу перфидна техника која ја користат медиумите со цел систематски да манипулираат со публиката. Целта на оваа техника е да ја подготват публиката со известување за теми кои се индиректно поврзани со вистинската тема која ќе следи. Ваквото делување служи за "омекнување" на публиката и е наменета за подготвување на терен за вистинската тема. Вистинската тема е таа која ја промовира агендата, целта на систематското манипулирање. Известувањата кои служат за "омекнување" поседуваат слаби врски со вистинската тема која ке биде емитувана подоцна. Медиумите би известувале за дадени теми една недела пред вистинската тема да ја презентираат, публиката станува настроена индиректно за или против во зависност од намерата на медиумите. Медиумите ја презентираат вистинската тема врз веќе подготвен терен со цел директно да влијаат врз судот на јавноста за дадената тема. Во нашето општество примери за вакво делување постојат. Сетите се колку време се известувало за нашиот конфликт со слаб интензитет, тнр војна. За економскиот терет кој го создава врз нашата слаба економија, за тоа како се подвоија големите македонски партии, едни за воено решение а другите за преговори. За можноста Македонија да се распадне како држава и кој други не приказни кој го спремаа теренот за фамозниот Рамковниот договор. Доколку размислите малку, сигурно ке ви текнат повеке примери.
|