Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ОДВЛЕКУВАЊЕ НА ВНИМАНИЕТО

   Одвлекување на вниманието е можеби најчесто користена техника во медиумите денес. Оваа техника е всушност софистицирана форма на изоставување бидејки нејзината цел е да го одвлечи вниманието на публиката кон небитни, тривијални теми. Ефективно изоставувајки ги битните теми оваа техника ја заслепува јавноста оневозможувајки го пристапот на релевантни известувања за битните теми на даден предмет.

   Темите кои служат за одвлекување на вниманието од битните елементи на даден предмет се посензационални од самиот предмет. Всушност станува збор за таблоидизација на медиумите со единствена цел, суштината на дадениот предмет да  се заборави (секое чудо за три дена).

   Начинот на кој се одвлекува вниманието се нарекува "Исклучок од правилото". Доколку правилото вели дека 90% од Џ го објаснува Ѕ тогаш 10% од Џ го објаснува З. Значи тие 10% ке бидат емитувани и реемитувани се додека публиката не ги прифати како валидни теми за размисла. Тој мал дел, тој исклучок станува правило и по тоа се води целиот процес. Процес врз небитни и не суштински теми за даден предмет. Публиката е оставена со впечаток дека исклучокот на правилото е всушност правило.

   Кај нас ваквиот впечаток на исклучокот од правилото да постане правило е направено при известување за стопанскиот криминал каде резултатот е дека сите крадат.

   Како добар пример за техниката Одвлекување на вниманието во нашето општество би бил случајот со прислушувањето. Битната тема тука е:

Кој прислушувал?

Зошто?

Кој дал наредба и казната која следува за сторениот криминален чин.

 

Наеднаш, битните теми испаднаа да бидат:

Како опозицијата ги добила информациите?

Дали е можно опозицијата да го спровела прислушувањето?

До кај оди опозицијата за да ја урне власта?

 

Потоа следеше:

Кој бил прислушуван и нивните ставови?

Дали поседуваме апаратура за контра прислушување?

Ставови и мислења од "стручни" лица (повикување на авторитет).

   Се отиде толку далеку во одвлекување на вниманието од битните теми што се одвлече вниманието на публиката дури и од темите кои служеа како примарно одвлекување.

Назад