ОБИЧНИ ЛУЃЕ
Ако
забележите политичар, директор, раководител, шеф, лице од странска
држава или кој било, кој едноставно одскокнува од значењето на терминот
обични луѓе но се однесува, облекува или дружи со "пониските",
материјално или духовно од себе, мој совет е да ги вклучите вашите
сомнежи до максимум. Можеби таквото однесување е без некој задни намери,
за жал најчесто тоа "можеби" е во обратен правец, односно во правец на
сигурна манипулација. Можеби е само наивен психолошки проблем, народски
речено лечење комплекси но
најчесто е стекнување на
доверба за полесно наметнување на сопствената волја.
Личноста која ја користи оваа
шема се обидува да наметне мислење дека е обичен човек како "нас".
Дефиницијата за "нас" е скоро непостоечка поради широкото значење но и
од самата разноликост која постои во "нас". Но тоа што постои е трудот
на некоја индивидуа да биде сфатен како обичен човек, "еден од нас". За
да не ја сфатите оваа шема погрешно треба да направите разлика од
спонтано дружење и големата желба да се покаже некој како дел од групата
во која присуствува.
Во нашето општество оваа техника
многу често ја користат политичари кои се во опозиција. Со оваа шема тие
политичари се обидуваат да ни наметнат дека се дел од "нас" и дека
страдаат од истите грешки на власта како и ние. Ова тие го прават за да
се стекнат со имиџ дека тие се вистинските за решавање на проблемите кои
ги предизвикува власта.
Власта од друга страна ретко ја
користи оваа шема. Поточно се одродува на некој начин, станува арогантна
и недостапна. Ова е поради спецификата на нашето општество да ја третира
групацијата која има власт како одделен елемент од себеси. (Подетални
објаснувања ќе следат во понатамошниот редослед на нештата.)
Кога ќе забележите користење на
оваа шема запрашајте се:
1. Кои и какви се идеите на
личноста која ја користи оваа техника, без да осврнете внимание на
карактерот на таа личност?
2. Што се обидува да прикрие
користејки ја шемава?
3. Кои се фактите? Што сака да
постигне?
ЗАПОМНИТЕ,
ПРЕМНОГУ АРНО НЕ Е НА АРНО!!!
НЕ Е ЗЛАТО СЕ ШТО ИМА СЈАЈ!!!
ЧОВЕК КОЈ Е ДОБАР СО СИТЕ НЕ Е СО СИТЕ!!! (факт од психолошката наука)
НАЗАД
контакт