Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НЕВЕРБАЛНА КОМУНИКАЦИЈА

 

   Дури до 60% од меѓучовечката комуникација е без зборови, невербалната комуникација или телесен говор како што го нарекуваат може да се користи како форма на убедување. 

   Тонот и другите карактеристики на гласот пренесуваат расположение и моменталната емотивна состојба на соговорникот. Веќе стана уметност контролирањето на тонот на гласот. Така што може да се направи преку тонот една реченица да поседува различни значења. 

   Гримасите се можеби еден од најбитните форми на невербална комуникација. Гримасите визуелно пренесуваат расположение и моменталната емотивна состојба на соговорникот, односно преку гримасите можно е да се прикажат секакви емоции и да му се даде до знаење на соговорникот како се чувствувате без да изустите збор.

   Движењето на рацете и поставеноста на телото исто така пренесуваат пораки за моментална емотивна состојба и расположение.

   Сето ова изнесено е научен факт, ние, луѓето умееме да комуницираме и без зборови. Но каква врска постои помеѓу оваа повеќе или помалку позната појава кај човекот со систематското убедување. Вие, за да ви биде одговорено обидете се со насмевка и весело со одобрувачки тон на гласот да ја кажете следнава реченица:

"Собранието денес го донесе Законот за технолошкиот вишок."

Сега истата реченица кажете ја намуртени, користејки циничен тон на гласот како да сте налутени.

   Гледате како една реченица доколку ја изговориме на различен начин ќе поседува различно значење. Во зависност од моменталните потреби на пропагандистот добар закон може да звучи како лош, а лошиот да звучи како добар. Оваа техника може да се користи буквално за секој настан, личност или состојба да се оцрни белото или да се обели црното.

Назад