Site hosted by Angelfire.com: Build your free website today!

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

НАЗАД

 

КОГА Е ЗАСИЛЕНА ПРОПАГАНДНАТА АКТИВНОСТ,

ВИЕ БИДЕТЕ ВОЗДРЖАНИ.

(Ако тие од мравка прават слон. Вие од слонот направите мравка.)

    Овој начин на спротивставување наложува воздржаност, внимателност, здрава доза на сомничавост и пасивен отпор. Ваквиот начин на однесување е препорачливо бидејки најчесто при убедувачка кампања убедувачите сакаат да прифатиме нешто некритички и брзоплето, без размислување. Тие создаваат чувство на итност за своите предлози (последна шанса, сега или никогаш) и се обидуваат тоа чувство на итност да го претворат во дејство (купи, делувај, придружи се), без оглед на тоа дали производот или "каузата" се добри или лоши. Значи, бидете внимателни кога ќе забележите дека постои некаква итност која бара од вас делување. Бидете посебно внимателни кога станува збор за политички ситуации.

   Убедувачите бараат од нас некаква реакција или дејство затоа најдобро нешто што може да направиме е да не правиме ништо или да молчиме кога ќе бараат да викаме. Во нашето оп-штество молчењето и пасивноста се знак на слабост и страшливост, но немојте да се лажете себеси потребна е голема сила да не реагирате на начинот на кој ви се наметнува. Силата која е потребна за да истраете пред емотивениот набој кој го создава убедувачкиот процес се мери со јунаштво, а нереагирањето со дисциплина на мисла еднаква на највисока мудрост.

НЕМОЈТЕ ДА РЕАГИРАТЕ БЕЗ ПРЕТХОДНО ДА РАЗМИСЛИТЕ ДАЛИ Е ТОА ШТО САКААТ ДА ГО НАПРАВИТЕ ВО ВАШ ИНТЕРЕС

   Убедувачите, било да се шефови, раководители, продавачи или политички демагози својата убедувачка активност ја засилуваат преку повторување, поврзување и составување.

 

Повторување

   Ова е лесен, едноставен и ефикасен начин да се убедува. Како деца сме сакале да ни се повторуваат нашите најомилени приказни. Како возрасни имаме најомилени песни и телевизиски програми. Практично сите општества во светот на некој начин поседуваат во нивната култура пароли, молитви, ритуали или ора кои се базирани врз повторување. Овие  општествени појави се потребни поради вметнување во главите на припадниците на тоа оп-штество идентификација и препознатливост која потоа се барало и одредено специфично делување во самото општество. Убедувачите ова го злоупотребуваат за свои цели.

 

Поврзување

   Убедувачите ја засилуваат својата активност преку поврзување на идеата, дејството или производот со нешто што е веќе сакано или омразено што го доживува публиката или примачите на убедувачките пораки. За да им се овозможи да делуваат на овој начин систематските убедувачи вршат анкети, "пазарни истражувања", психолошки и социолошки студии врз населението врз кое треба да се врши убедувачка активност (пропагандни дејства). Поврзувањата можат да се извршат преку директни тврдења или преку метафоричко користење на јазикот на примачите. Често се поврзуваат човековите потреби или желби за сигурност, интимност, простор или растеж со одреден производ, идеа или дејство.

 

Составување

   Во вербалната комуникација побитно е како го изговараме реченото отколку што кажуваме. Убедувачите поставуваат големо значење на оваа појава и затоа нивните напори да состават силно звучни реченици се огромни. Истотака, сликите при невербално комуницирање со кои комуницираат се составени на начин на кој ќе предизвика најголеми емотивни моменти. Тука се користат

дизајнот,

тоналитетот на гласот,

изборот на зборовите,

зборовното ниво на абстракција ,

и нивниот шаблон при користење во реченици и

индуктивна и дедуктивна логика внимателно составени заедно да дадат краен ефект, убедувачка реченица.

   Невербалното комуницирање користи бои, фигури и величини, музика, количини, , време и простор како шаблони за да создадат асоцијативна или директна порака за убедување.

НАЗАД